Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Deneska po insistiranje na sestra mi go gledav ovoj film.
Hachi: A Dog's Tale

Si rekov, pf Ricard Gir i kuce vo film? Auuu kakov film, ne ocekuvav! Nemam placheno na film volku ne znam ne pamtam od koga, ama filmot e fantasticen osobeno ako ste ljubitel na kucinja.Ne kazuvam nisto za filmot a i da najdete informacii na net veruvajte mora da go gledate.Samo ke kazam deka e bazirano na vistinska slucka vo Japonija i toj fakt ve tera da ste uste poemocionalni.Fantasticno filmce koe eve cel den me drzi vo miks na taga i radost , melanholija i mala depresija.
--- надополнето: 30 септември 2012 во 22:59 ---
Deneska po insistiranje na sestra mi go gledav ovoj film.
Hachi: A Dog's Tale
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/en/b/be/Hachi_poster.jpg
Si rekov, pf Ricard Gir i kuce vo film? Auuu kakov film, ne ocekuvav! Nemam placheno na film volku ne znam ne pamtam od koga, ama filmot e fantasticen osobeno ako ste ljubitel na kucinja.Ne kazuvam nisto za filmot a i da najdete informacii na net veruvajte mora da go gledate.Samo ke kazam deka e bazirano na vistinska slucka vo Japonija i toj fakt ve tera da ste uste poemocionalni.Fantasticno filmce koe eve cel den me drzi vo miks na taga i radost , melanholija i mala depresija.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
The Raid: Redemption

Филмов е нон стоп акција. Звуците кои ги слушате додека се тепаат стануваат напорни по некое време и се се почести. Затоа што не застануваат со тепање. Исполнет со минимално кратки дијалози би рекле дека филмот не заслужува спомнување.
Но напротив, кога не ги слушате напорните звуци се осеќа тензија низ целиот филм, затоа што е исполнет со сивило и крв по ѕидовите во зградата во која се заглавени 20 специјалци кои имаат за задача кат по кат да се искачат до врвот за да го фатат нарко босот кој за локалните ривали е недопирлив. Пријатно сум изненаден од целокупниот квалитет на филмот, кој иако не е од холивудско производство сепак има што да понуди.

Aко сте тој тип што ужива во постојана акција дефинитивно ви го препорачувам, нема да зажалите.

7/10 од мене
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Judge Dred.


Видеото содржи спојлери.


Не можев да го дочекам со добра снимка па каква таква три де кој го еба :icon_lol:.

Прво оружјето судијата Дред што го носи е лудница одговара на гласовни команди тоа ме импресионираше. Понатаму дејствието се случува во токсична пренаселена Америка каде што единствен закон обвинител судија и егзекутор се судиите. Доаѓаат на власт после некоја голема војна. Инаку партнерката на Дред во филмот е плава згодна и неопходна покрај тоа има и други натприродни карактеристики :icon_lol:.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
The Expatriate (2012)
expatriate.jpg

Поранешен агент на циа заедно со својата ќерка заминуваат во Белгија со надеж дека ќе започнат подобар живот. Тој започнува да работи во една меѓународна корпорација и се оди како што треба. Но се ќе се промени кога еден ден на работа открива дека зградата е пуста и неговиот асистент сака да го убие. Тој открива дека по трaгот му тргнала и неговата поранешна партнерка и треба да дознае зошто го следат и таа и други организации.
Оцена 7/10​
Shooter(2007)
Shooter2007Poster.jpg
Боб Ли поранешен снајперист живее сам во еден планински дом. По наредба на Џонсон треба да го испланира атентатот на претседателот но не треба да го изврши туку да биде спречен. Џонсон му дава листа од три градови кои претседателот треба да ги посети.​
Оцена 10/10​
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
najdobar za ovaa godina...norveshko remek delo...triler do daska.Glumi i lepotanot Lanister od GOT,Valdo.Kako samo uspevam ovakvi remek dela da propushtam a se zaebavam so americki sranja.Nema shto da se pishuva i filozofira,samo ke vi namali dozivljaj.Filmot e snimam po kniga na sega se popopularniot norveshki pisatel Jo Nesbo.Vo najskoro vreme da cekame remake od Holivud,kako shto se polni so idei :).
http://www.imdb.com/title/tt1614989/


na IMDB ima 7.5 , od mene maksimalna 9.
Uzivajte
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Grave Encounters 2 (2012)


Студен кој е опседнат со првиот дел на филмот решава да отиде и да ја истражи болницата каде што е сниман првиот дел на филмов...

Првиот дел ми се допадна ,приказната беше добра ,пресвртите беа СУПЕР! Имаше моменти кој што ме извадија од памет ,се на се добар филм. Но вториов е тапа џонсон! Исто како да го гледам првиот дел само со друга актерска екипа , дури и умираа на исто место и начин ,се беше предвидливо.

Не знам зошто но трејлерот ме извади од памет за разлика од филмот...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
The Raven



Прилично мрачна фикција за последните денови од мрачниот живот на Едгар Алан По. Самото гледање на филмови со тематика од тој период и таа костимографија не ми е омилена забава пошто ме враќаат во времето на Оливер-Твист-ТВ-Сериите па така и од овој филм не очекував којзнае што но не добив ни толку. Единствено заради кое можеби вреди да се погледне филмов е одличната глума на Џон Кјусак кој е централна фигура и го има во скоро сите сцени. Така да неговите почитувачи би требало да го изгледаат. Инаку монотон и воглавно досаден филм, и тука е онаа граница помеѓу мрачното и досадното која авторите на овој филм несакајќи ја поминале.

5/10, па вие како сакате.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Unknown (2011)
Улоги: Liam Neesom, January Jones, Diane Kruger​
Режија: Jaume Collet - Serra​
Одличен спој на трилер, драма и акција обвиени со мистерија, која започнува да се расплетува во последната третина од филмот...Сценариото е крајно оригинално, што нема шанси некој да го предвиди крајот, па ниту да најде логична констатација на сплетот од настани све дури не стигне до последната третина и тоа со внимателно гледање...Елементи од сценариово јас до сега немам сретнато во друг филм, а ако сум грешка нека ме поправи некој...Многу интриги и сплетки...На моменти можеби малку е претерано, но ќе кажам дека крајот го краси делото...Кој го гледал филмов мислам дека ќе се сложи со мене...​
Мартин Харис е професор кој со својата сопруга пристигнува во Берлин, кадешто ќе учествува на конгрес на биотехнолози...Пред да влезе во хотелот забележува дека на аеродромот си ја заборавил актовката. Се качува во такси сам и оди по неа. По пат доживува сообраќајќа и по неколкудневна кома, се буди и открива дека неговиот идентитет е превземен од друга личност...​
Целото дејство се одвива по снежните улици на Берлин...​
Лиам Нисом е прекрасен во филмов, за глумата му давам чиста десетка...​
Освен сценариото и одличната глума на главниов актер, морам да спомнам и дека одличната фотографија и ефекти си го направија своето...​
Од мене 8 од 10 (можда требаше и 8.5 поима немам...)​
А бев скептик за филмов, посебно ради акционите сцени кои ги гледав на трејлерот..Мислев дека е само уште една плитка приказна, исткаена со одлични визуелни ефекти, која благодарение на актериште како Лиам ќе помине одлично...Но голема грешка сум била... :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.432
Поени од реакции
6.078
Brooklyn's finest



Крими драма со актерска екипа која многу обеќава на чело со режисерот од Training Day и Tears of the sun(2 филма кои особено ми се допаднаа а ретко се спомнувани на форумов).

Филмов делумно наликува на Crash(2004) во поглед на тоа што обработува три одделни стории на тројца полицајци(under cover agent,полицаец пред пензија како и корумпиран полицаец ко се бори за семејството) вработени во полициската станица во Бруклин(плус Don Cheadle кој глуми во двата филма), но се друго е различно почнувајќи од не доволно искористениот талент на актерите се до лошата атмосфера за која како главна причина гледам во не издефинираноста на филмов,немаше доволно тензија за трилер а ниту доволно ме замисли,потресе,поврза со главните ликови како драма.

On the bright side филмов добро го опишува криминалниот живот во Бруклин,расизмот како и корумпираноста во полицијата.

6.5/10
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Taken 2 (2012)
taken-2-poster2.jpg
Продолжение на првиот дел од 2008 година каде главен лик е Брајан Милс кој ја спасува својата ќерка Ким од Албанските трговци на луѓе.​
Во вториот дел е мета и на фамилиите на лицата кои ги убил додека ја спасувал Ким. Дејствието се случува во Истанбул каде заминува со неговата жена и ќерка.​
Кога Албанците дознаваат дека се таму тие се обидуваат да ги киднапираат. Ги добиваат само Брајан и неговата жена а Ким се спасува....​
Добра акција кој не го гледал првиот дел да го гледа пред да почне со гледање на вториот дел.​
Оцена 10/10​
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343

Ноќеска првпат го гледав филмов и не можам да си го опростам тоа што не сум го гледал порано, прво затоа што е режиран од Френсис Факинг Копола, второ затоа што има одлична актерска екипа составена од Гери Олмајти, Ентони Хопкинс, Кијану Ривс, Винона Рајдер...

Филм направен според приказната за Дракула од Bram Stoker, но со одредени модификации со цел да се истакне повеќе романтичниот момент во приказната. Така што филмот може да се раскаже во една реченица како: приказна за бесмртната љубов помеѓу Дракула и неговата Елизабета. Секако, кога ќе се додадат и другите карактери се добива посложена приказна. Грофот Дракула го проширува својот имот во Лондон, Џонатан (Киану Ривс) е правникот кој е задолжен од неговата фирма да ја среди папирологијата со грофот, поради што оди на пат во Трансилванија и нивните приказни од тука се вплеткуваат и почињаат сите понатамошни спојлери. :)

Мислам дека филмов ќе им се допадне на луѓе со различни вкусови, затоа што “има за секој по нешто“. Приказната е романтична, но со самото тоа што станува збор за Дракула јасно е дека не е “лигав“ филм, туку мрачен, исполнет со хорор елементи. Тоа што можеби на некои ќе им биде најголем проблем во гледањето на филмот е начинот на кој што е снимен. Да не знаев дека е режиран од Копола, немаше ни да претпоставам дека е негов филм. На моменти се чувствував како да гледам театарска претстава а не филм.

Можеби требаше да оставам да ми “спадне“ филмов пред да го пишувам ова, затоа што моментално уште сум под огромни импресии и можам да кажувам само најдобри работи, за глумата, за начинот на кој што е снимен, за приказната...

После секој филм што го гледам со Олдман, викам дека “тоа“ е неговата најдобра улога, па така и сега. :icon_lol:

Оценка: многу висока :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Wrong Turn 5 (2012)
p_196905.jpg
Еден мал град во Западна Вирџинија е домаќин на легендарниот фестивал за Ноќта на вештерките "Mountain Man", кој привлекува многу луѓе од сите секој дел на САД. По традиција гостите носат костуми и кога ќе дојде ноќта сите oдат на забава исполнета со многу музика и алкохол.​
Но прославата бргу се претвора во крвав пекол, кога од шумата се појавува семејство од канибали кои почнуваат да го напаѓаат секој кој им излезе пред нив.​
Како главни жртви се студенти кои дошле на фестивалот.​
Исто како во претходните 4-дела нема некоја разлика во филмот, 1 дел е оригинал а другите 4 делови се копија.​
Оцена 7/10​
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Cloudy with a chance of meatballs


Најголема желба на Флинт е да стане научник и да направи нешто што би им помогнало на луѓето, а него би го направил славен. Има своја лабораторија, а шанса да се покаже на дело има кога неговиот град е целосно преплавен со сардини кои се единствениот избор на храна. Целта на Флинт е да направи машина која од водата ќе прави храна. Тогаш започнува најинтересниот дел - ДОЖД ОД ХРАНА мњам мњам...
И нели мора нешто да тргне наопаку, ама да не ви кажувам што, гледајте сами
Интересно цртанче, а и не трае многу.
Од мене 7/10
 
H

HoT IcE

Гостин
MV5BMjIyMTM1NTc0NF5BMl5BanBnXkFtZTcwMTQ3MjQ0OA@@._V1._SY317_CR5,0,214,317_.jpg
Типичен Стивен Сигал филм, само што сега на актерската екипа е додаден и Стив Остин. Глумата може да претпоставите каква е.
Приказната е полна со дупки, јас најдов 5, филмов е големо дежа ву и е направен за да се направат пари. При крајот на филмот најавуваат и втор дел, and you get the point. Филмов е лесен за гледање, и го препорачувам за гледање навечер кога ви е досадно, приказната и дејствието може да ве успие доколку не појачате звук па да се слушаат пукотниците.
Лик кој ме изненади со глума е Bren Foster, делува многу bad-ass и спремно за акциони филмови, плус има вистински поглед на убица.
Оценка од мене 5/10. Музика - нема.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
сега само што го изгледав и стварно е супер.​
8 последни останати кандидати заинтересирани за истата работа во моќна компанија, влегуваат во една соба и пред секој од нив се наоѓа по еден тест. доаѓа еден од вработените и им ги објаснува правилата, на пр: не смеат да го уништуваат тестот, да разговараат со чуварот или му се обраќаат на главниот....итн. и им кажува дека има само едно прашање на тестот и еден одговор кој треба да го одговорат во рок од 80мин.​
откако ќе го свртат тестот гледаат дека....​
оцена според мене 9/10 ;)
им го препорачувам на сите кои сакаат неизвесност до крај и малку мистерија​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom