е аман големата работа, ќе притисниш еднаш, нема ништо и знаеш дека е слика, ти да не знаеше пред да притисниш?
Цццц, сè да се сфаќало сериозно
.
Ама еве ќе ти објаснам една хипотетичка ситуација, како би постапил идиот од висока класа.
Прво би кликнал, гледа не оди, па веројатно би пробал рифреш, па пак ништо. Следно би го проверил глушецот дали е во ред, па ќе проба со друг глушец.
После веројатно би се жалел по форуми дека не му пушта youtube, па ќе му кажат да преинсталира флеш плеер. И тоа нема да оди, па ќе помисли дека има вирус. Ќе скенира и нема ништо да најде, па ќе се реши на формат.
Веќе поминале неколку часа, после форматот следува преинсталирање на windows, драјвери, софтвер. И пак ништо. Типот веќе е изнервиран до немај каде, го носи пц-то каде што го купил, таму се кара дека му продале чкарт роба, паники, ова-она.
Таму ќе му стои пц-то недела две, ќе му го проверат, повторно форматираат и реинсталираат. Типот ќе си го земе дома и повторно ќе проба да кликне.
Работата е веќе дојдена до тепачка, типот се јавува во сервисот, ги тера упм, оди повторно таму, бара да се види со шефот, општ хаос.
И во сета таа паника на еден од сервисерите му текнува да праша што тој пробува да отвори и приказнава завршува со:
- A слика ли билоооооо.