Итно е потребна крв

  • Креатор на темата Креатор на темата Near
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.311
Поени од реакции
7.068
Локација
Around the world
ВЕ МОЛИМЕ !!! ИТНОООО !!!!

Потребна е крв од крвната група А или 0 негатив
Ги молиме сите хумани луѓе кои можат да му помогнат на Александар Ташев кој доживеа тешка несреќа на работното место во компанијата "ИГМ - Трејд" од Кавадарци, и се наоѓа во критична состојба во клинички центар во Скопје, да донираат крв од групите НУЛТА - НЕГАТИВ и А - НЕГАТИВ. Сите заинтересирани да се јават на трансфузиологија во Кавадарци на телефонот 043/413-315 или да одат на лице место во градската болница во Кавадарци.(Или во клинички центар Скопје директно).

Ве молам итно е...Детето е 23 години,при несреќа на работното место 2 лимови од по 15 тона го смачкале кај нозете и при тоа изгубил многу крв. Сите шо сте А НЕГАТИВ или НУЛТА НЕГАТИВ веднаш донирајте.
--- надополнето: 27 септември 2012 во 23:46 ---
П.с. Acid те молам стави ја темата во важно
 
Не е ова Аце Елемент од форумов????
 
^Мислам дека не е...Иначе дечково живее карши бабами,од мали години сум растел со него. Пред 3-4 дена имаше несреќа,2 лима го приклештија,па 2 саати неможеа да го извадат. При тоа многу крв изгубил,го правеа една операција,па уште една и пред 2 дена ситуацијата нагло му се влоши,крвта не му одела во пределот на нозете и сеа има голема акција во Кавадарци. Дознав дека и во Скопје ќе има акции. Ве молам уште еднаш сите што можете да донирате.
 
Ставена за важна. Потешко ќе иде зошто многу мал дел од народот е Rh - ама мора да се најде некој!

Значи луѓе ајде сите што сте A- и 0- телефонот во рака и на донирање. Ништо не боли, ништо нема да остави последици!
 
Нулта негатив сум, ама далеку од Скопје и Кавадарци.... :////
 
Јас имам крвна група согласно со бараната, само проблемот е КАЈ ДА СЕ ДОНИРА? Соработка со болнициве од другите градови има/нема?
 
Јас незнам која крвна група ја имам :( ја разгледав здравствената книшка и не пишува...
 
А нели болнициве чуваат резерва крв во фрижидерите нивни? За што тогаш секоја година на средношколците им зимаат 400 ml крв? Јас кога бев средно давав крв, и знам дека секоја година, при крај на учебната година, еден ден беше организиран за давање крв и кој сака даваше. Имаше многу средношколци, така да многу крв собираа.
+ и од крводарители што собираат, кај иде таа крв, за операции ли?
Мора да имаат и се чудам како вака до толку да се нема крв па да се бара по форуми. Инаку јас сум А+ така да не можам да помогнам никако, а би сакал, на човекот животот му виси на конец.
 
Секоја дарувана крв си има рок на траење!
 
Плус популацијата од 20% не дарува крв, а е голем потрошувач на истата.
Тоа е апсолутно неточно, донираат дури и повеќе од Македонците. Секако, глупаво е на темава воопшто да се коментираат тие нешта.
 
Приложениот телефон е од болницата во Кавадарци и таму немаат поим дали има акција, дали е потребна крв, дали треба да се донира и слично.... чаре?

Ако отидам во РЗТ, нема да ми земат крв олку доцна, а веројатно ниту утре... Anyone?!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom