Вие, Вашиот партнер и дрогата

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Знам дека е грдо тоа што го шпијунирам, ама само вака можам да дознаам вакви работи... Значи тоа се мислеше на трева ? Во ред е тоа... само работава е што јас знам дека сеуште ..ретко тоа но знам дека зема табли од време на време, тој знајт дека ако ми кажит врскава наша ке бидит готова, а јас све ова го знам од фб... Ако му кажам дека знам све...тоа ке значит крај.. Како прво зошто јас му реков него, дека ако разберам дека правит нешто то ке значит крај... и еве разбрав благодарение на фб.. Го сакам и затоа кјутам... што да правам..мислите опасно е ? ке продолжит?
Ако само вака можеш да дознаеш вакви работи, т.е. ако тој нема храброст/одлучност/доверба/што-и-да-е да ти каже во лице, тогаш имате проблем во комуникацијатаи таквата врска не може да преживее.

Најдобро да го седнеш и во лице да му кажеш дека си дознала преку ФБ за муабетите. Тој веројатно ќе се налути, може да ти се развика дека немаш право да го шпиунираш, дека неговите муабети се амо негови лични и ќе биде во право - твојот потег не е фер. Сепак, може да му кажеш дека се грижиш и дека не сакаш пак да фати дрога, дури ни ако се работи за трева (под услов да не сакаш да пуши трева). А може и да му кажеш дека трева е ок, ако мислиш дека е ок. Во секој случај, тој мисли дека секоја дрога е лоша, вклучувајќи ја и тревата, а таа веројатно му е потребна сега за сега дури целосно да се одвикне. Ова го претпоставувам, зашто не знам која е процедурата на целосното одвикнување.

Во секој случај, соочи се со него. Ако сака да ја прекине врската зашто мисли дека нема приватност поради твојот потег, пушти го да си оди - вината секако ќе биде твоја, но и негова, зашто не сакал да прифати дека тоа си го правела од грижа за него.

Во врската мора да има доверба, колку и да е тешка темата на разговор, во случајов дрога/трева.

Поздрав и со лесно.
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Добро бе вие арни сте или не? Зошто да не смее да му чита пораки? Нели гледате дека дечкото се дрогира а можно е да е и некој дилер?

Разговарај со него отворено,нека ти каже се што,како и нека престане со такви работи...ако не остави го и нека крши глава нека се дрогира колку сака и нека скапе во Идризово.
 
Член од
24 септември 2012
Мислења
8
Поени од реакции
5
Во право сте... само ако јас му кажам него дека сето тоа го знам од на фб... одма тоа ке означи крај на врската... тој ке се налути мн... ке се навреди, ке речи како мојш да ми влегвиш, тоа се приватни работи... и дефинитивно ако му го кажам тоа ке биде крај. од една страна јас ке бидам крива, а од друга тој зошто криел од мене... иначе АЛ. во право си... со коментарот...ама мене веќе ми е мн убаво со него и не сакам да прекинам... а не можам ни да гледам што прави. Од една страна си викам подобро никогаш пасворд да не дознаев...и никогаш да не видев.. барем немаше да бидит вака :(
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Во право сте... само ако јас му кажам него дека сето тоа го знам од на фб... одма тоа ке означи крај на врската... тој ке се налути мн... ке се навреди, ке речи како мојш да ми влегвиш, тоа се приватни работи... и дефинитивно ако му го кажам тоа ке биде крај. од една страна јас ке бидам крива, а од друга тој зошто криел од мене... иначе АЛ. во право си... со коментарот...ама мене веќе ми е мн убаво со него и не сакам да прекинам... а не можам ни да гледам што прави. Од една страна си викам подобро никогаш пасворд да не дознаев...и никогаш да не видев.. барем немаше да бидит вака :(
Ваљда си ја научи лекцијата, don't ask questions you don't wanna know the answers to :)
И не се потресувај толку што пуши.. Сите пушат, помалку или повеќе :)
Ако се сомневаш дека има нешто повеќе, зазбори го, прашај го, нека биде искрен и зборете си за тоа као нормален пар ^^

Ако осеќаш реална потреба, секако.. :)
Инаку не комплицирај :) To each his own.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Знам дека е грдо тоа што го шпијунирам, ама само вака можам да дознаам вакви работи... Значи тоа се мислеше на трева ? Во ред е тоа... само работава е што јас знам дека сеуште ..ретко тоа но знам дека зема табли од време на време, тој знајт дека ако ми кажит врскава наша ке бидит готова, а јас све ова го знам од фб... Ако му кажам дека знам све...тоа ке значит крај.. Како прво зошто јас му реков него, дека ако разберам дека правит нешто то ке значит крај... и еве разбрав благодарение на фб.. Го сакам и затоа кјутам... што да правам..мислите опасно е ? ке продолжит?
Дечко ти е дилер.
Ситен дилер, средува од едно место количина 50 грама, или незнам 10-20 табли, и после ги препродава за ситен профит, ако воопшто има профит (зависи дал си го дува гането или цело го шитка).
Не замарај. Прво, не е твоја работа. Второ, кој кур фактор си па ти да му се мешаш у живот? Што кур ако го сакаш? Демек ти го сакаш и дојде ти светицата и животот ќе му го средуваш?
Бркај си петли таму ајде, глеај си свое гајле.
Убаво ти е со него? Имаш ти лично некакви последици од неговото понашање? Немаш. Те сака? Го сакаш? Те пази, те ебе убаво, не те брука? Све уреду? Што кур си се фатила за негова интима и за тоа дали он дувал трева или давал на другарчиња тук таму? Ќе го мажиш? Сериозна е работава?
Ако планираш да го мажиш, седни го на муабет и кажи му како стојат стварите. Ако не планираш да го мажиш, не си давај многу многу за право да чепкаш кај шо не ти е местото. Статусот "девојка" не е статус "мајка", и не разбираш дека може утре да те фрли како партал и никому ништо. Затоа, не си ја барај бељата, глеај си свое гајле.
Моеш да изразиш симпатии, ти се свиѓа или не ти се свиѓа, али апсолутно немаш никакво право да се качуваш на глава и да потиш, да наложуваш некаква промена.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
Во право сте... само ако јас му кажам него дека сето тоа го знам од на фб... одма тоа ке означи крај на врската... тој ке се налути мн... ке се навреди, ке речи како мојш да ми влегвиш, тоа се приватни работи... и дефинитивно ако му го кажам тоа ке биде крај. од една страна јас ке бидам крива, а од друга тој зошто криел од мене... иначе АЛ. во право си... со коментарот...ама мене веќе ми е мн убаво со него и не сакам да прекинам... а не можам ни да гледам што прави. Од една страна си викам подобро никогаш пасворд да не дознаев...и никогаш да не видев.. барем немаше да бидит вака :(
вака.. една од причините поради која пуши е опуштање, бидеќи бил напнат многу
е сега дали си ти таа која го напнува или нешто друго е, ти треба да си дознаеш....
--- надополнето: 25 септември 2012 во 15:35 ---

6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.710
@Feel1
Вашата врска нема иднина затоа што и двајцата не сте искрени и и двајцата го знаете тоа. Тој дила трева и нема право да ти го преќути тоа. Ти треба да знаеш со кого и со што си имаш работа. Читањето туѓи пораки е некултурно, но очигледно си имала причина зошто си буричкала каде што не ти е место. Мислам дека ќе раскинете, и колку порано, толку подобро. Едно е да пуши трва еднаш неделно, друго е да дила.

GoD.HateUSaLL
Не ми се верува дека си напишал таков коментар. Дечкото и е дилер, а тоа не треба да е нејзина работа?!:facepalm: Ало!!
Тој може да заглави в затвор заради тоа, и многу веројатно е и неа да ја повлече.
 
Член од
24 септември 2012
Мислења
8
Поени од реакции
5
Тој не пуши трева јас како што знам...зошто тој ми има кажано туку само се откачвел од време на време на табли.... и кога веќе праевме муабет јас му реков дека ако разберам уште еднаш да почни со табли и такви раб дека ке е готово(тој и затоа не ми кажува што прајт..пред да му речам така све зборвеше отворено пред мене, валјда е така за да не ме изгуби и затоа криет незнам )..и еве разбрав...и гледам по муабетите негови со др..дека го фаќаат кризи да се откачит ...да одат некаде заедно... Не пуши, можеби препродава за да стигне до пари најверојатно е тоа.. А јас незнам можеби ке оставам уште некое време па ке ставам крај ке му кажам све...да беше само трева пак ке беше поинаку али вака незнам...
--- надополнето: 25 септември 2012 во 16:46 ---
Иначе коментарот на GOD.. стварно е така, јас го прифаќам твоето мислење... но неможиш да знаеш што би било... ако стварно почни да се заснова врската на сериозно ... o_O
 
New Age

Lean Back
Член од
22 ноември 2010
Мислења
264
Поени од реакции
235

Немаш иднина со него.

Пронајди друг.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Feel1 мислам дека нема потреба од губење време.Само се надевам јас дека нема да земе уште поголем замав неговата ситуација.И самата кажа дека го факаат кризи.Моли се само да не посегне по тешки дроги.Зошто тек тогаш нема да најде излез.Тек тогаш ке се тресеш од страв...Нема да ти солам памет ама мислам дека треба да се тргнеш од него.Не ти е потребна ваква личност до тебе.Замисли и тебе да те вовлече?Што правиме тогаш?Ке продолжиш да молчиш бидејки го сакаш и ти е страв да го загубиш?Ти и на ваков и на таков начин ке го загубиш.Не барај изговор џабе кога не е наивна работата.
 
Член од
24 септември 2012
Мислења
8
Поени од реакции
5
Готово е... и дојде крај на врскава. т.е јас денес го ставив крајот....видов повторно како планират да се откачит со другарите викендов и некои неубај работи... и ми пукна филмот.. му се јавив му изнакажав све... не знаеше што да ми речи... само се бранеше со тоа, како сум можела да го шпијунирам на фб, и само тоа ми го зборвеше, а тоа што му го кажав јас не знаеше што да речи и се фати за фб.... тоа е... тешко ми е, тој планираше врска за озбилно со мене, и вака веке не можеше..неможев да одам со него и да гледам како секој ден ме мамит, да гледам дека се дрогират..тоа е... ке издржам. Фала ви на советите..
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203

Женска, една работа, ич да не ти е мака, зошто љубовта значи радост, среќа, некогаш и слатка кавга, а ова ти што го имаш пишано не личи ни на врска!
За секое лонче има и капаче, ама како и сите погоре што ти одговориле, а се во право, капачето не е тој!
За врска се потребни двајца, доверба и разговор! Вашата врска темели на сомнеж и лаги, и најдобар потег си направила што си ја ракинала!
И најважното, секогаш ставај се себеси и фамилијата пред некој друг!
 
Член од
24 септември 2012
Мислења
8
Поени од реакции
5
Да да и знаете што се деси... се изреволтира дечкото... со тоа што сум му влегла на фб, со кое право сум го направила тоа, како сум можела да го шпијунирам...и почна да се брани со тоа..не се ни потруди да ми објаснит за дрогите и сите тие работи кои сум ги видела....ако тие беа пострашни од тоа што јас му сум влегла на фб... Во право бевте...незнам како можеше само..не знаеше што да ми одговори ни дали е вистина ни дали не е... туку едноставно се фати за фб и само за фб.... и добро е што прекинав дур е тази..зошто кузнит што све не ке праеше..и успат му имав даено мој телефон да користи..и ко имал даено за залог за 500 денари..Абе што нема. Фала ви на сите за советите..:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom