ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Историја на правото - 1 книга е 600, ама ако ги земеш сите 4 или евентуално 2, 1 по 500 ја сметаат
Социологија на правото - ископирана е 200, оригинал ја нема чинам
Економика - 1 книга е 470
Вовед во правото изгледа уште нема конкретизирано, ќе каже во понеделник најверојатно
Скрипта ќе ви биде кај Тасковска гарант,нејзе сите фрустрации и доаѓаат од тоа што на наставно-научен упорно одбиваат да и ги одобрат и издадат книгите и Вовед и Филозофија.
Инаку некој од постарите да каже искуство со Применета економика активност и есеј како е, некако чув многу лоши работи, демек неколку години наназад најмногу што дале на есеј било 16 поени и тоа одвај на двајца-тројца.
 
Јас имам пофални зборови и за проф. и за асс. применета економика, тоа за есејот нема везе еве јас лично имав 18 бода ,а знам дека и мн други има јаки бодови. Незнам зашто слушате муабети од стилот рекла-казала ,овој муабетов го пуштил некој што неможел да положи па као демек никој неможе да добие повеќе бодови. Ако си учиш немаш гајле.
 
Lele luge pomagajte !! :)
Ima li nekoj ili znae nekoj dr. sto prodava knigi za 1god Praven Fax ?? :)))
I daj kazete mi dali mora da se orginal ili mozam i so kopii da pominam ??? :)
 
Да си пишам едно мислење вака после една недела помината на правен :D Асистент Спасов - ми делува човекот за препаметен и занесен. Имавме шанса дури и да го изнервираме па избрка една колешка од наша група. Значи не толерира многу многу. Има доза на хумор, знае да се нашали со нас. Беше реален, ни кажа што се не очекува. Тасковска се појави 15 мин. и не пушти зошто наводно сме биле уморни. Беше многу хиперактивна и вештачка според мене. Се гледа дека злобата извира од неа. Не тераше сите да кажуваме зборчиња што не асоцираат на правото и тие ги пишувавме на табла па со помош на нив ќе ни ја крстела групата. Не нарече 50/50 ( формалисти и идеалисти ). Па како да ви кажам, како битката меѓу ВМРО и СДСМ сте. За ова се смееше ко удрена 1 минута :facepalm:
точна проценка, спасов е гениј, а тасковска генијално забегана :ROFLMAO:
 
Јас имам пофални зборови и за проф. и за асс. применета економика, тоа за есејот нема везе еве јас лично имав 18 бода ,а знам дека и мн други има јаки бодови. Незнам зашто слушате муабети од стилот рекла-казала ,овој муабетов го пуштил некој што неможел да положи па као демек никој неможе да добие повеќе бодови. Ако си учиш немаш гајле.
Фала за информацијата, а кај Узунов или Тодорова полагаше?
 
Како да се справам со Драги и Љубиша? :mad: Ни тој ни тој не сака да ми ја врати картичката, драги вика оди кај љубиша, љубиша вика оди кај драги оди најди им го крајот :mad:
 
Lele luge pomagajte !! :)
Ima li nekoj ili znae nekoj dr. sto prodava knigi za 1god Praven Fax ?? :)))
I daj kazete mi dali mora da se orginal ili mozam i so kopii da pominam ??? :)

Копии , никој не ти ги проверува книгите , може некој да ти мрчи ако седиш со копирна книга на маса ,ако има таков случај книгата у ташна и немаш гајле :)
--- надополнето: 25 септември 2012 во 01:07 ---
Како да се справам со Драги и Љубиша? :mad: Ни тој ни тој не сака да ми ја врати картичката, драги вика оди кај љубиша, љубиша вика оди кај драги оди најди им го крајот :mad:

Љубиша си нема појма , боље ќе излезеш на крај со драги ама ќе го напнеш дур не се почне да му чури од уши , е тек тогаш ќе ти заврши работа
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`
Се е супер, само кај Тасковска по Вовед во право не ми се оди на час. Цело време добивам шокови, кога и да и текни не прашува по нешто... и цело време сум на штрек, не можам да се концентрирам на тоа што го предава, туку цело време мислам дали мене ќе ме праша... Другите професори се супер.
 
Дали некој знае дали треба да се плаќа 1000 ден. за апсолвентски стаж за тие што ќе полагаат во казнена или пак ќе треба да се презапише предметот?
 
од тоа што го искусив до петтиов семестар, можам да кажам дека Узунов е нај профи професор од сите... човек-ѕвер :)
сеа уште да видиме прашања и есеи дали ќе му бидат нормални или ќе не реши :)
 
Ѓи имам положени сите предмети на додипломски ама ми остана само административно право за да дипломирам ама го имам положено испитот со 50, е сега ми фалат 5 поени за 61. Ми кажаа колегите нешто дека можам да поднесам барање во студентски до професорот (не знам кој е сега само) за дополнителни поени ама не ми е баш јасно пошто вонредно сум, знае некој како што ова со барањево?
 
Вовед во право за прв семестар е 600 ден. денеска прашав. Минатиот час професорката рече дека ќе имало скрипти... И сега да го купувам учебникот? o_O
 
Вовед во право за прв семестар е 600 ден. денеска прашав. Минатиот час професорката рече дека ќе имало скрипти... И сега да го купувам учебникот? o_O
Ако ти е Тасковска а книгата не е нејзина немој да го купуваш :)
Она дава исклучиво скрипти.
 
Ѓи имам положени сите предмети на додипломски ама ми остана само административно право за да дипломирам ама го имам положено испитот со 50, е сега ми фалат 5 поени за 61. Ми кажаа колегите нешто дека можам да поднесам барање во студентски до професорот (не знам кој е сега само) за дополнителни поени ама не ми е баш јасно пошто вонредно сум, знае некој како што ова со барањево?

Оди во приемно време, веројатно ќе те испрашаат и ќе ти ги дадат тие 5 поени. Не верувам дека би ти правеле проблеми професорите по Административно право
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom