АБА лига 2013/2014

Статус
Затворена за нови мислења.
Само (не)познавачите на кошарката можат да кажат дека Партизан оваа сезона ке има послаб тим од Звезда.Као прво Партизан ги има најталентираните играчи во својот состав.Лео Вестерман на последното ЕП во Словенија беше прогласен за МВП на првенството,додека Богдан Богдановиќ и Ненад Миљеновиќ се едни од најталентираните српски кошаркари.Покрај нив се тука Лучиќ кој можеби покрај Теодосиќ беше лидер на репрезентацијата и видовме откако се повреди Србија игра сосема различна и не атрактивна кошарка.Данило Анѓушиќ и Дејан Мусли се исто така дел од селекцијата на Србија,на кои Ивковиќ сигурно озбилно ке размислува во следните сезони.Покрај нив во составот на Партизан се исто Драган Милосављевиќ,Дејвис Бертанс кој е драфтуван од страна на Сан Антонио Спарс,Марко Чакаревиќ еден од подобрите играчи во одбраната и новото засилување под обрачите Гагиќ.Покрај нив утре пристигнува и новото засилување Дру Горон,а уште ситни детали го делат Лестер Хадсон до потпишување со Партизан.Проблемот е во платата која изнесува 400.000$.Кога Партизан ке го комплетира ростерот тогаш ке зборуваме кој е посилен,иначе Ракочевиќ со Звезда не освои титула кога беше помлад,па сега со 35 години сигурно ке освои.Браун е добар центар,додека Савовиќ и Симоновиќ се просечни играчи,а Алмонд е засега непознат.Иначе за мене фаворити во Јадранската Лига се Партизан и Цедевита,покрај нив Раднички,Олимпија,Цибона и Црвена Звезда.
Вестерман скоро и да нема со свои 20 години изиграно сениорска кошарка.Има уствари,но ептен мала улога по 1-2 поена и една асистенција по утакмица.Тек треба да се покаже и 10 пати поголеми таленти од него ништо не правеле.
Дејан Мусли уште еден талент кој ретко кога во Шпанија добиваше по минута-две.И тој тек треба да се покажува.Во 2 сезони има играно 40 минути вкупно.....само Тод Зафировски има полоша минутажа.
Савовиќ и Симоновиќ се далеку од просечни играчи.Савовиќ беше МВП на јадранската лига пред да отиде во Галатасарај.Симоновиќ беше неколку години еден од најдобрите играчи на Будочност,а лани имапе солидна сезона во Алба.
Ракочевиќ има 33-34 години и сеуште е одличен играч.
Алмонд е НБА играч.Има играно во Јута и Вашингтон.Го имаат во Јута пратено и во Д-лига,а таму е еден од најдобрите стрелци во историјата на Д-лигата.
Звезда има многу повеќе проверени имиња од Партизан кој има поголем потенцијал.Сепак мислам дека разликата е најмала во последните години,дури и Звезда можеби е во мала предност.
 
Е сега до некаде и се сложуваме,тука се некаде но според моменталните состави,нема сомнение дека Партизан ке доведе 2 исклучително добри играчи кои на теренот ке треба да ја прават разликата.За Вестерман не си во право,последната сезона во Асвел Вилербан постигнуваше во просек 8,8 поени,3,3 асистенцији,2,6 скока и 0,8 украдени топки по меч за околу 23 минути проведени на паркетот,што е сосема коректно.Во Евро-купот бележеше 6 поени,3,6 асистенции,2,2 скока и 1,2 украдени топки по натпревар за 24 минути на теренот.Ке работи со еден од подобрите тренери за млади играчи и се надевам дека ке напредува и дека ке има солидна сезона.Иначе Дејан Мусли беше еден од најталентираните српски кошаркари,сепак кај него најголемиот проблем е во главата,во Каха не се снајде но во Мега Визура на позајмица одигра добра полусезона и мислим дека ке има добра сезона.
 
8 септември пријателски меч во Крагујевац помеѓу Раднички и Мзт Скопје.Два-три дена подоцна во Белград пријателски меч помеѓу Партизан и Мзт Скопје.Исто така на 21 и 22 септември ке се одржи хуманитарен турнир во Ниш каде ќе учествуваат домаќинот КК Константин воедно и организатор на овој турнир,Партизан,Мзт Скопје и Раднички Крагујевац.
 
Ke bide interesno da se gleda Jadranska liga vo zivo sezonava :D
 
А знае некој со сигурност дали ке има пренос на некоја телевизија ?
 
Најверојатно нема да има натпревари од гостуваЊата на мзт , единствено се шпекулира дека ако не се обезбедат права може некоја од домашниве телевизии да пренесува само натпревари на домашен терен, али тоа не е тоа, во
 
Ке има пренос во сабота од 20 и 30 Цибона-МЗТ на македонската телевизија.
 
А знае некој со сигурност дали ке има пренос на некоја телевизија ?

МТВ успеа во напорите, Македонија ќе го види дебито на МЗТ во АБА-лигата
Првиот настап на МЗТ Скопје, а воедно и на една македонската екипа во регионалната АБА-лига, во која учествуваат најдобрите екипи од просторот на поранешна СФР Југославија, в сабота во Загреб против Цибона, сепак, ќе биде достапен за сите македонски спортски вљубеници со оглед на тоа што вечерва, од Македонската телевизија (МТВ) во својот втор дневник, објавија дека успеале во напорите и дека обезбедиле директен пренос од мечот од салата „Дражен Петровиќ“.

Претходно, дури и од раководството на лигата беа децидни дека ќе нема пренос од Загреб со оглед на тоа што хрватскиот телевизиски партнер на АБА-лигата, Арена спорт, решила да дава пренос од средбата Сплит-Црвена звезда, која исто така се игра во сабота. Но, луѓето од МТВ биле децидни дека целиот договор зависи од тоа дали ќе има камери во легендарната загрепска арена по што била даена гаранција дека ќе бидат обезбедени сите услови да има пренос од првиот меч на „металците“ во регионалната лига.

Средбата во меѓувреме беше презакажана за во друг термин односно таа ќе се одигра во 20.30 часот и тоа поради совпаѓањето на термините со големото хрватско фудбалско дерби помеѓу Динамо и Хајдук, кое е на програмата в сабота во 18 часот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom