Евролига 2012-2013

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Составите на екипите во групата А од Евролигата. Доколку имате информација за некаков трансфер или заминување на играч од клубот, слободно напишете. Овие состави може да се сметаат сеуште и како неофицијални. Стартот на новата сезона во Евролигата започнува на 11/12 октомври 2012.


Панатинаикос, Грција
6 Мајкл Брамос (198 см) – Грција/САД – бек (27)
7 Енди Пенко (206 см) – САД – крилен центар (34)
8 Јонас Мачиулис (200 см) – Литванија – крило (27)
9 Хилтон Армстронг (211 см) – САД – центар (27)
10 Роко Укиќ (196 см) – Хрватска – плејмејкер (27)
12 Костас Царцарис (210 см) – Грција – крилен центар (32)
13 Димитрис Дијамантидис (196 см) – Грција – плејмејкер (32)
14 Дервин Кичен (193 см) – САД – бек (26)
16 Василис Ксантопулос (188 см) – Грција – плејмејкер (28)
17 Карис Гианопулос (200 см) – Грција – крило (23)
19 Гајос Скордилис (208 см) – Грција – центар (24)
21 Софоклис Скорцијанитис (206 см) – Грција – центар (27)
Тренер: Аргирис Педуклас
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.paobc.gr/


Реал Мадрид, Шпанија
4 Донтеј Дрејпер (180 см) – САД/Хрватска – плејмејкер (27)
5 Руди Фернандез (196 см) – Шпанија – крило (27)
7 Мартинас Поциус (196 см) – Литванија – бек (26)
8 Карлос Суарез (202 см) – Шпанија – крило (26)
9 Фелипе Рејес (203 см) – Шпанија – центар (32)
12 Никола Миротиќ (208 см) – Шпанија/Црна Гора – крилен центар (21)
13 Серџо Родригез (191 см) – Шпанија – плејмејкер (26)
16 Мирза Бегиќ (220 см) – Словенија – центар (27)
20 Џејси Керол (188 см) – САД/Азербејџан – бек (29)
23 Серџио Љуљ (190 см) – Шпанија – плејмејкер (24)
44 Маркус Слотер (203 см) – САД – крилен центар (27)
Тренер: Пабло Ласо
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.realmadrid.com/cs/Satellite/es/1193040472450/SubhomeEquipo/Baloncesto.htm


Химки Москва, Русија
5 Џејмс Огустин (208 см) – САД – крилен центар (27)
7 Витали Фридзон (195 см) – Русија – бек (26)
8 Петери Копонен (194 см) – Финска – плејмејкер (24)
9 Егор Вјалцев (190 см) – Русија – бек (26)
10 Крешимир Лончар (210 см) – Хрватска – крилен центар (29)
11 Келвин Риверс (196 см) – САД – бек (25)
12 Сергеј Моња (202 см) – Русија – крило (29)
13 Димитриј Квостов (190 см) – Русија – плејмејкер (23)
14 Антон Пушков (208 см) – Русија – центар (23)
16 Бенџамин-Павел Дуду (200 см) – Русија – крило (21)
21 Алексеј Жуканенко (210 см) – Русија – центар (26)
34 Зоран Планиниќ (199 см)– Хрватска – плејмејкер (30)
40 Пол Дејвис (211 см) – САД – центар (28)
44 Мет Нилсен (208 см) – Австралија - крилен центар (34)
Тренер: Римас Куртинаитис
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.bckhimki.ru/


Фенербахче Улкер, Турција
- Дејвид Андерсен (212 см) – Австралија/Данска – крилен центар/центар (32)
- Мајк Батист (204 см) – САД – центар (34)
4 Лестер Бо МекКејлеб (183 см) – Македонија – плејмејкер (27)
5 Ербил Ероглу (195 см) – Турција – плејмејкер (19)
7 Омер Онан (194 см) – Турција – бек (34)
9 Барис Ермис (194 см) – Турција – плејмејкер (27)
10 Ромејн Сато (194 см) – Централно Африканска Република – бек (31)
14 Каја Пекер (208 см) – Турција – крилен центар (22)
21 Огуз Саваш (213 см) – Турција – центар (25)
32 Беркај Чандан (205 см) – Турција – крилен центар (19)
41 Илкан Караман (205 см) – Турција – крилен центар (22)
44 Бојан Богдановиќ (200 см) – Хрватска – крилен центар (23)
55 Емир Прелџиќ (206 см) – Турција/Босна и Херцеговина – крилен центар (25)
Тренер: Симоне Пианиџани
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.fenerbahce.org/fbulker/index.asp?lang=eng


Унион Олимпија, Словенија
4 Доминик Вотерс (185 см) – САД – плејмејкер (25)
5 Лука Рупник (185 см) – Словенија – плејмејкер (19)
7 Клемен Препелиц (191 см) – Словенија – бек (19)
8 Јака Блажиќ (193 см) – Словенија – бек (22)
9 Теему Ранико (188 см) – Финска – плејмејкер/бек (32)
10 Сасу Салин (192 см) – Финска – бек (21)
11 Дино Муриќ (200 см) – Словенија – крило (22)
12 Арон Бејнс (208 см) – Австралија – центар (25)
14 Дражен Бубниќ (207 см) – Хрватска – крило/бек (26)
15 Дилан Пејџ (203 см) – САД – крилен центар (30
20 Јан Мочник (178 см) – Словенија – плејмејкер (25)
22 Емир Сулејмановиќ (202 см) – Финска/Босна и Херцеговина – крило/бек (17)
23 Ален Омиќ (215 см) – Словенија – центар (20)
Тренер: Сашо Филиповски
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.union.olimpija.com/

Шестата екипа во оваа група А, ќе се дознае по квалификацискиот турнир во Десио, Италија (25-28 септември). На тој турнир ќе учествуваат Уникс Казан (Русија), Ратиофарм Улм (Германија), Ле Ман (Франција), Донецк (Украина), ЦЕЗ Нимбурк (Чешка), Теленет Остенде (Белгија), Палаканестро Канту (Италија) и Лукоил Академик (Бугарија). По завршувањето на мечевите, ќе го објавиме и списокот на победникот (квалификантот) што се пласирал во Евролигата.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Составите на екипите во групата Б од Евролигата. Доколку имате информација за некаков трансфер или заминување на играч од клубот, слободно напишете. Овие состави може да се сметаат сеуште и како неофицијални. Стартот на новата сезона во Евролигата започнува на 11/12 октомври 2012.


Макаби Тел Авив, Израел
-Силвен Ландесберг (198 см) – Израел – бек/плејмејкер (22)
-Дејвид Логан (184 см) – САД – бек/плејмејкер (29)
-Ник Медли-Кејнер (203 см) – САД – крило/крилен центар (28)
-Гиорги Шермандини (216 см) – Грузија – центар (23)
6 Девин Смит (196 см) – САД – бек/крило (29)
7 Рики Хикмен (189 см) – САД – плејмејкер (27)
8 Лиор Елијаху (207 см) – Израел – крило/крилен центар (27)
9 Моран Рот (182 см) – Израел – плејмејкер (29)
10 Гај Фини (201 см) – Израел – крило (29)
12 Јогев Охајон (189 см) – Израел – плејмејкер (25)
21 Шон Џејмс (208 см) – САД – крилен центар/центар (28)
Тренер: Дејвид Блат
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.maccabi.co.il/Default.asp?language=english


Монтепаски Сиена, Италија
-Кристјан Кангур (201 см) – Естонија – крилен центар (29)
-Александар Рашиќ (195 см) – Србија – плејмејкер/бек (32)
-Марселус Кемп (196 см) – САД - крило/крилен центар (28)
4 Марио Касун (213 см) – Хрватска – центар (32)
6 Боби Браун (188 см) – САД – плејмејкер (27)
8 Бенџамин Езе (208 см) – Италија/Нигерија – центар (31)
9 Марко Карарето (196 см) – Италија – крило/крилен центар (34)
13 Виктор Саникидзе (203 см) – Грузија – крилен центар (26)
14 Томас Рес (208 см) – Италија – центар (32)
18 Лука Лихтхалер (206 см) – Италија (центар (26)
22 Мет Џенинг (193 см) – САД – бек/плејмејкер (24)
23 Даниел Хакет (199 см) – Италија – бек/плејмејкер (24)
34 Дејвид Мос (196 см) – САД – крило/крилен центар (29)
Тренер: Лука Банки
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.menssanabasket.it/


АЛБА Берлин, Германија
5 Вуле Авдаливиќ (189 см) – Србија – плејмејкер (27)
6 Свен Шулце (208 см) – Германија – крилен центар/центар (34)
7 Џои Неј (197 см) – Германија – крило/крилен центар (19)
8 Хејко Шафарцик (181 см) – Германија – плејмејкер (28)
9 Деон Томпсон (204 см) – САД – крилен центар (24)
14 Нихад Џедовиќ (196 см) – Босна и Херцеговина – бек (22)
19 Алберт Мираљес (207 см) – Шпанија – центар (30)
23 Дешон Вуд (185 см) – САД – плејмејкер (26)
31 Натан Пиви (203 см) – САД/Порторико – крилен центар (27)
34 Јасин Идбихи (208 см) – Германија – крилен центар/центар (29)
44 Зек Морли (203 см) – САД – крилен центар (29)
Тренер: Саша Обрадовиќ
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.albaberlin.de/index.php


Уникаха Малага, Шпанија
4 Крунослав Симон (197 см) – Хрватска – бек (27)
6 Маркус Вилијамс (191 см) – САД – плејмејкер (26)
7 Аугусто Цезар Лима (206 см) – Бразил – крилен центар (20)
9 Серхи Видал (200 см) – Шпанија – крило (31)
10 Цеми Уртасун (193 см) – Шпанија – бек (28)
11 Ерл Каловеј (190 см) – САД – плејмејкер (29)
13 Коста Перовиќ (217 см) – Србија – центар (27)
15 Џејмс Гист (206 см) – САД – крилен центар (25)
17 Фран Васкез (209 см) – Шпанија – центар (31)
21 Лука Жориќ (211 см) – Хрватска – центар (27)
22 Зоран Драгиќ (196 см) – Словенија – бек (23)
Тренер: Јасмин Репеша
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.unicajabaloncesto.com/


Асеко Проком Гдиниа, Полска
4 Дру Вини (203 см) – САД – крилен центар (24)
5 Френк Робинсон (197 см) – САД – крило/крилен центар (28)
6 Пиотр Памула (195 см) – Полска – бек (22)
7 Томаш Сниег (190 см) – Полска – плејмејкер (23)
8 Роберт Витка (205 см) – Полска – крилен центар (31)
10 Џерел Блесингејм (175 см) – САД – плејмејкер (31)
11 Џулиан Казух (209 см) – Австралија – центар (26)
14 Матјуж Понитка (197 см) – Полска – крило/крилен центар (19)
15 Лукаш Кошчарек (187 см) – Полска – плејмејкер (28)
20 Пиотр Шчотка (196 см) – Полска – крило (31)
34 Адам Хручаниук (205 см) – Полска – центар (26)
Тренер: Кестутис Кемзура
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.asseco.prokom.pl/


Елан Шалон-Сур-Саоне, Франција
00 Стид Чикамбу (193 см) – Франција – плејмејкер (28)
4 Клинт Капела (207 см) – Швајцарија – крилен центар (18)
6 Винсент Гаиљар (200 см) – Швајцарија – крило (19)
7 Јакуба Утара (190 см) – Франција – бек (20)
8 Улис Аџагба (188 см) – Франција – плејмејкер (19)
9 Николас Ланг (200 см) – Франција – плејмејкер (22)
11 Џордан Абуду (200 см) – Франција – крило (21)
12 Маркус Денмон (191 см) – САД – бек (22)
14 Мишел Жан Баптист Адолфе (205 см) – Франција – центар (32)
15 Џефри Ловерње (211 см) – Франција – крилен центар (20)
16 Блејк Шилб (201 см) – САД – крило (29)
23 Шелден Вилијамс (206 см) – САД – центар (28)
32 Илиан Евтимов (201 см) – Франција/Бугарија – крилен центар (31)
Тренер: Грегор Буњо
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.elanchalon.com/
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
На Домреитер Купот во Бамберг, Германија, грчкиот состав на Олимпијакос славеше победа над германскиот тим на Бросе Баскетс со 96:81(43:37). Кај Олимпијакос, македонскиот интернационалец Перо Антиќ, заедно со Спанулис беше трет стрелец со 12 поени, зад Перпероглу со 17 и Хајнс со 13 поени. Кај поразените, Нахбар даде 15, Гипсон и Јакобсен по 13 коша.


На истиот турнир, во вториот меч Химки Москва стартуваше со триумф, откако убедливо го совладаа израелскиот Макаби Тел Авив со 80:60 (43:33). Прв стрелец беше Жуканенко кој постигна 15 поени во успехот на рускиот клуб. Стрелци кај Химки Москва: Жуканенко 15, Риверс 14, Огустин 9, Фридзон 9, Планиниќ 8, Моња 5, Хвостов 5, Лончар 3, Пушков 2,Нилсен 1, Вјалцев. Во финалето на овој турнир ќе се сретнат Олимпијакос и Химки Москва.


Палаканестро Канту го освои италјанскиот Суперкуп, откако го совлада Монтепаски Сиена со 80:73 во Римини. Први стрелци кај Канту беа Тајс со 18, Маркоишвили со 15 и Смит со 14 поени, додека кај составот од Сиена, Браун даде 18 коша, а Саникидзе имаше дабл-дабл учинок од 17 коша и 16 скока.



Во пријателски меч, Партизан загуби на гости од шпанскиот состав на Фуенлабрада со 89:64 во арената “Филип Мартин“. Стрелци кај Партизан: Вестерман 2 поени, Милутинов 6, Милосављевиќ 4, Гордон 14, Бертанс 11, Томас 2, Богдановиќ 10, Гагиќ 6, Џекиќ 2, Анџушиќ 5, Мусли 2. За составот не играше Чакаревиќ.

Партизан

Белградски Партизан после 20 години одигра меч во арената “Филип Мартин“. Српската екипа заедно со тимот од Фуенлабрада одбележаа јубилеј по повод 20 години од освојувањето на титулата првак на Европа. Со оглед на тоа што во сезоната 1991/1992 година, поради ситуацијата во својата земја, Партизан мораше да одбере домашен терен надвор од својата земја, тогашната управа со направен вистински потег ја одбра Фуенлабрада, како база на тимот, кој подоцна стигна до европскиот врв. Тамошната домашна публика верно го пратеше составот од Белград низ сите мечеви во нивниот град, публиката на изненадување на српската, шпанската и европската јавност го бодреше Партизан, како свој домашен тим. Таа чудесна врска останува и денес нераскинлива.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ДОКУМЕНТАРЕЦОТ ПОСВЕТЕН НА ПАРТИЗАН И НЕГОВИОТ ПАТ ДО ВРВОТ НА ЕВРОПА ВО 1992 ГОДИНА.

Асеко Проком Гдиниа

Реал Мадрид
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Составите на екипите во групата Ц од Евролигата. Доколку имате информација за некаков трансфер или заминување на играч од клубот, слободно напишете. Овие состави може да се сметаат сеуште и како неофицијални. Стартот на новата сезона во Евролигата започнува на 11/12 октомври 2012.


Олимпијакос, Грција
4 Кајл Хајнс (198 см) – САД – центар (26)
5 Ејси Ло (190 см) – САД – плејмејкер (27)
6 Перо Антиќ (210 см) – Македонија – крилен центар (30)
7 Василис Спанулис (193 см) – Грција – бек (30)
8 Стратос Перпероглу (203 см) – Грција – крило (28)
9 Ричард Дорси (203 см) – САД – центар (28)
10 Константинос Слукас (190 см) – Грција – бек (22)
11 Димитриос Мавроеидис (208 см) – Грција – центар (27)
13 Мартинас Гечевичиус (193 см) – Литванија – бек (24)
15 Георгиос Принтезис (202 см) – Грција – крилен центар (27)
16 Костас Папаниколау (203 см) – Грција – крило (22)
17 Вангелис Манцарис (195 см) – Грција – бек (22)
19 Димитриос Кацивелис (196 см) – Грција – плејмејкер (20)
Тренер: Георгиос Барцокас
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.olympiacosbc.gr/


Каха Лаборал Виториа, Шпанија
5 Андрес Ночиони (200 см) – Аргентина – крило (32)
6 Фабиен Косур (194 см) – Франција – бек (25)
10 Тејлор Рочести (185 см) – САД/Црна Гора – плејмејкер (27)
11 Милко Бјелица (207 см) – Србија/Црна Гора – крилен центар/центар (28)
16 Карлос Кабезас (186 см) – Шпанија – плејмејкер (31)
19 Фернандо Сан Еметерио (198 см) – Шпанија – крило (28)
21 Тибор Плајс (213 см) – Германија – центар (22)
22 Томас Хортел (189 см) – Франција – плејмејкер (23)
24 Бред Олесон (191 см) – САД – бек (29)
30 Мациеј Лампе (210 см) – Полска – крилен центар/центар (27)
42 Унаи Калбаро (205 см) – Шпанија – крило (23)
44 Немања Бјелица (209 см) – Србија – крило (24)
Тренер: Душко Ивановиќ
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.baskonia.com/es/


Анадолу Ефес Истанбул, Турција
4 Догуз Балбај (185 см) – Турција – плејмејкер (23)
5 Џордан Фармар (188 см) – САД – плејмејкер (25)
7 Саша Вујачиќ (200 см) – Словенија – крило/бек (28)
8 Биркан Батук (196 см) – Турција – крило/бек (22)
9 Семих Ерден (211 см) – Турција – центар (26)
10 Керем Тунчери (190 см) – Турција – плејмејкер (33)
12 Керем Гонлум (208 см) – Турција – крилен центар (34)
15 Естебан Батиста (208 см) – Уругвај – крилен центар/центар (29)
20 Душко Савановиќ (204 см) – Србија – крилен центар (29)
22 Џејмон-Алфред Лукас (191 см) – САД – бек/плејмејкер (28)
23 Ермал Кучо - Куртоглу (207 см) – Албанија/Турција – крилен центар/центар (32)
32 Синан Гулер (192 см) – Турција – бек (28)
33 Гокхан Сирин (207 см) – Турција – крилен центар (22)
42 Станко Барач (217 см) – Хрватска – центар (26)
Тренер: Октај Махмути
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.efesbasket.org/


Жалгирис Каунас, Литванија
4 Тремел Дарден (194 см) – САД – бек (30)
6 Марко Поповиќ (185 см) – Хрватска – плејмејкер/бек (30)
7 Дарјус Лавринович (212 см) – Литванија – крилен центар/центар (32)
8 Адас Јускевичиус (194 см) – Литванија – плејмејкер/бек (23)
9 Мантас Калниетис (195 см) – Литванија – плејмејкер (26)
10 Витенис Липкевичиус (195 см) – Литванија – плејмејкер/бек (23)
12 Тадас Климавичиус (204 см) – Литванија – крилен центар (29)
13 Паулиус Јанкунас (203 см) – Литванија – крилен центар (28)
15 Робертас Јавтокас (210 см) – Литванија – центар (32)
17 Марио Делас (207 см) – Хрватска – крилен центар/центар (22)
19 Миндаугас Кузминскас (205 см) – Литванија – крило (22)
20 Оливер Лафајет (188 см) – САД – плејмејкер (28)
21 Римантас Каукенас (192 см) – Литванија – плејмејкер/бек (35)
31 Џеф Фоте (213 см) – САД – центар (25)
33 Ксистоф Лавринович (209 см) – Литванија – крилен центар (32)
Тренер: Јоан Плаза
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.zalgiris.lt/


ЕА7 Емпорио Армани Милано, Италија
5 Џакопо Гјакети (190 см) – Италија – плејмејкер (28)
6 Рок Стипчевиќ (183 см) – Хрватска – плејмејкер/бек (26)
7 Малик Херстон (198 см) – САД – крило (25)
9 Антонис Фотсис (208 см) – Грција – крилен центар (31)
10 Омар Кук (186 см) – САД/Црна Гора – плејмејкер (30)
13 Давид Киоти (205 см) – Италија – крилен центар (28)
15 Јоанис Бурусис (210 см) – Грција – центар (28)
18 Николо Мели (205 см) – Италија – крилен центар (21)
23 Кејт Ленгфорд (193 см) – САД – бек (29)
25 Алесандро Гентиле (196 см) – Италија – плејмејкер/бек (19)
35 Ричард Хендрикс (203 см) – САД – крилен центар (25)
55 Џанлука Базиле (192 см) – Италија – плејмејкер/бек (37)
Тренер: Серџо Скариоло
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.olimpiamilano.com/


Цедевита Загреб, Хрватска
- Куртис Стинсон (191 см) – САД – плејмејкер (29)
- Микаел Желабал (201 см) – Франција – крило/бек (29)
- Маркиз Грин (165 см) – Македонија/САД – плејмејкер (30)
- Лука Бабиќ (201 см) – Хрватска – крило/бек (20)
- Предраг Шупут (200 см) – Србија – крилен центар (35)
- Марко Томас (201 см) – Хрватска – крило/бек (27)
- Горан Сутон (209 см) – Хрватска – центар (27)
- Лукша Андриќ (210 см) – Хрватска – крилен центар (27)
- Бреси Врајт (191 см) – САД – бек (28)
15 Миро Билан (213 см) – Хрватска – центар (23)
32 Марко Кар (188 см) – Хрватска – бек (26)
45 Марино Баждариќ (195 см) – Хрватска – бек (33)
Тренер: Божидар Маљковиќ
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.kkcedevita.hr/
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски постигна девет поени во поразот на Донецк во контролниот меч од тимот на Астана од Казахстан со 64:62 во Варезе, Италија. Први стрелци кај украинскиот состав беа Пустозвонов со 14 и Малиш со 12 поени, додека на спротивната страна Симон забележа 14 коша.



На последниот ден од Домреитер купот во Нуремберг, Германија, Олимпијакос загуби од израелскиот состав на Макаби Тел Авив со 92:74. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ постигна пет поени за грчкиот клуб. Кај Макаби Хикмен постигна 19, Логан 15, Шермандини 14. Спанулис даде 17, а Принтезис 11 коша за Грците.




Во пријателски меч бугарската екипа на Лукоил Академик, предводена од тренерот Марин Докузовски, загуби од српскиот состав на Раднички Крагујевац со 82:69. Најдобри кај Академик беа Абукар со постигнати 26, Воткинс 10 и Аврамов осум поени. Бирчевиќ имаше најдобар биланс од 16 поени кај победникот.



Кошаркарите на Цедевита Загреб го освоија хрватскиот куп “Дражен Петровиќ“, откако ја совладаа Цибона со 91:77. Американецот со македонски пасош, Маркиз Грин беше прв стрелец во победата со 20 поени, додека кај поразените Стробери одговори со 13.



Литванскиот тим на Жалгирис Каунас заврши трет на БЕКО турнирот во Минхен, Германија, како подготовка за новата сезона. Откако на првиот ден загуби од Бешикташ (57:75), во борбата за третото место го совлада домаќинот Баерн Минхен со 74:58. Најзабележителни кај победникот беа Поповиќ со 11, а Кузминскас и Дарденас додадоа по 10 поени. Овој турнир го освои ЦСКА Москва од Русија откако го победија турски Бешикташ убедливо со 85:60. Најзаслужни за триумфот беа Каун со 14 поени, Џексон, Крстиќ и Николас со 11. Вимс додаде 10, а Теодосиќ 9. Кај Турците дабл-дабл учинок имаше Дашиќ со 13 поени и 10 скока, кај останатите Озер даде 11, Кристофер и Џерелс дадоа девет коша.



АЛБА Берлин од Германија загуби минимално на Меморијалот Пираци, Италија од домашниот тим на Кимберио Варезе со 74:73, и покрај тоа што на полувремето АЛБА имаше предност од четири поени разлика (43:39). Кај Германците, Џедовиќ и Морли постигнаа по 17, односно 13 поени, додека кај Италјанците Данстон даде 17 коша.

Фенербахче Улкер
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Составите на екипите во групата Ц од Евролигата. Доколку имате информација за некаков трансфер или заминување на играч од клубот, слободно напишете. Овие состави може да се сметаат сеуште и како неофицијални. Стартот на новата сезона во Евролигата започнува на 11/12 октомври 2012.


Олимпијакос, Грција
4 Кајл Хајнс (198 см) – САД – центар (26)
5 Ејси Ло (190 см) – САД – плејмејкер (27)
6 Перо Антиќ (210 см) – Македонија – крилен центар (30)
7 Василис Спанулис (193 см) – Грција – бек (30)
8 Стратос Перпероглу (203 см) – Грција – крило (28)
9 Ричард Дорси (203 см) – САД – центар (28)
10 Константинос Слукас (190 см) – Грција – бек (22)
11 Димитриос Мавроеидис (208 см) – Грција – центар (27)
13 Мартинас Гечевичиус (193 см) – Литванија – бек (24)
15 Георгиос Принтезис (202 см) – Грција – крилен центар (27)
16 Костас Папаниколау (203 см) – Грција – крило (22)
17 Вангелис Манцарис (195 см) – Грција – бек (22)
19 Димитриос Кацивелис (196 см) – Грција – плејмејкер (20)
Тренер: Георгиос Барцокас
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.olympiacosbc.gr/
Нели овој папаниколау отиде во нба, њујорк мислам?!
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Нели овој папаниколау отиде во нба, њујорк мислам?!
Не, тој рече дека ќе остане уште една сезона во Олимпијакос, а потоа со тек на време ќе ги види неколкуте понуди што доаѓаат од НБА. А имено оваа година во втората рунда на НБА драфтот стана 48 пик од страна на Њујорк Никс. Според неговиот агент Папаниколау би можел да игра за Њујорк Никс веќе од сезоната 2013/2014, меѓутоа како реагираа фановите на Никси за донесената одлука да биде 48 пик на нивниот клуб, можеш да погледнеш на видеото.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Составите на екипите во групата Д од Евролигата. Доколку имате информација за некаков трансфер или заминување на играч од клубот, слободно напишете. Овие состави може да се сметаат сеуште и како неофицијални. Стартот на новата сезона во Евролигата започнува на 11/12 октомври 2012.


Барселона Регал, Шпанија
8 Виктор Сада(192 см) – Шпанија – плејмејкер (28)
9 Марселињо Хуертас (190 см) – Бразил/Италија – плејмејкер (29)
10 Алехандро Абринес (197 см) – Шпанија – крило/бек (19)
11 Хуан Карлос Наваро (192 см) – Шпанија – бек (32)
13 Шарунас Јасикевичиус (193 см) – Литванија – плејмејкер (36)
14 Марко Тодоровиќ (209 см) – Црна Гора –крилен центар (20)
18 Чарлс Џадсон Валас (206 см) – САД – крило/крилен центар (29)
20 Џо Инглс (203 см) – Австралија – крило (24)
22 Ксавиер Рабаседа (197 см) – Шпанија – крило (23)
25 Еразем Лорбек (208 см) – Словенија – крилен центар (28)
32 Натан Џаваи (207 см) – Австралија – крилен центар/центар (25)
33 Пит Микел (197 см) – САД – крило (34)
44 Анте Томиќ (217 см) – Хрватска – центар (25)
Тренер: Чави Пасквал
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.fcbarcelona.com/basketball


ЦСКА Москва, Русија
4 Милош Теодосиќ (195 см) – Србија – плејмејкер (25)
5 Владимир Мицов (201 см) – Србија – крило (27)
7 Арон Џексон (193 см) – САД – плејмејкер (26)
11 Дмитри Соколов (214 см) – Русија – центар (27)
12 Ненад Крстиќ (212 см) – Србија – центар (29)
13 Сони Вимс (198 см) – САД – крило (26)
14 Алексеј Зозулин (199 см) – Русија – бек (29)
17 Зоран Ерцег (211 см) – Србија – крилен центар (27)
18 Евгениј Воронов (194 см) – Русија – бек (26)
20 Андреј Воронцевич (204 см) – Русија – крилен центар (25)
21 Дру Николас (193 см) – САД – бек (31)
24 Александер Каун (211 см) – Русија – центар (27)
31 Виктор Хрјапа (203 см) – Русија – крилен центар (30)
33 Антон Понкрашов (200 см) – Русија – плејмејкер (26)
Тренер: Еторе Месина
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.cskabasket.com/index.php?lang=en


Партизан Белград, Србија
- Тори Томас (180 см) – САД – плејмејкер (27)
- Дру Гордон (205 см) – САД – крилен центар (22)
- Дејан Мусли (213 см) – Србија – центар (21)
- Ѓорѓе Гагиќ (210 см) – Србија – центар (21)
- Лео Вестерман (196 см) – Франција – плејмејкер (20)
11 Владимир Лучиќ (202 см) – Србија – крило/крилен центар (23)
12 Драган Милосављевиќ (198 см) – Србија – бек (23)
13 Богдан Богдановиќ (197 см) – Србија – бек (20)
18 Немања Бешовиќ (218 см) – Србија – центар (20)
22 Марко Чакаревиќ (200 см) – Србија – крило (24)
31 Бранислав Џекиќ (206 см) – Србија – крилен центар (21)
33 Данило Анџушиќ (197 см) – Србија – бек (21)
44 Дејвис Бертанс (205 см) – Латвија – крило (19)
Тренер: Душко Вујошевиќ
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.kkpartizan.rs/


Литвос Ритас Вилнус, Литванија
4 Деивидас Дулкис (198 см) – Литванија – бек/крило (24)
5 Степонас Бабраускас (197 см) – Литванија – бек (28)
10 Реналдас Сеибутис (196 см) – Литванија – бек (27)
12 Вилмантас Дилис (208 см) – Литванија – крилен центар (24)
13 Симас Бутерлевичиус (200 см) – Литванија – крило (23)
14 Предраг Самарџиски (211 см) – Македонија – центар (26)
15 Миндаугас Кателинас (206 см) – Литванија – крилен центар (29)
16 Немања Недовиќ (192 см) – Србија – бек (21)
21 Артурас Јомантас (199 см) – Литванија – крило (27)
22 Ејмантас Бендзиус (203 см) – Литванија – крило (22)
32 Довидас Редикас (193 см) – Литванија – бек (19)
43 Леон Радошевиќ (208 см) – Хрватска – центар (22)
44 Дејан Иванов (205 см) – Бугарија – крилен центар (26)
45 Јанис Блумс (190 см) – Латвија – плејмејкер (30)
Тренер: Александар Џикиќ
Официјалната веб страна на клубот:
http://bc.lrytas.lt/


Бросе Баскетс Бамберг, Германија
4 Теди Гипсон (191 см) – САД – бек (32)
5 Џон Голдсбери (191 см) – САД – плејмејкер (29)
7 Боштјан Нахбар (206 см) – Словенија – крило/крилен центар (32)
9 Карстен Тада (190 см) – Германија – бек (23)
12 Даниел Шмит (186 см) – Германија – плејмејкер (22)
14 Филип Нојман (210 см) – Германија – центар (20)
15 Шерод Форд (206 см) – САД – крило (30)
23 Кејси Јакобсен (198 см) – САД – бек (31)
25 Антон Гавел (189 см) – Словачка – плејмејкер (27)
33 Маик Зирбес (207 см) – Германија – центар (22)
44 Ендрју Џејмс Огилви (211 см) – Австралија – центар (24)
Тренер: Крис Флеминг
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.brosebaskets.de/index.php


Бешикташ Истанбул, Турција
5 Муратчан Гулер (192 см) – Турција – бек (32)
10 Фикрет Чан Акин (190 см) – Турција – плејмејкер (29)
11 Тутку Ачик (194 см) – Турција – плејмејкер (32)
13 Гашпер Видмар (210 см) – Словенија – центар (25)
15 Серхат Четин (197 см) – Турција – крило (26)
22 Дамир Маркота (208 см) – Хрватска – крилен центар (26)
23 Патрик Кристофер (196 см) – САД – бек (24)
24 Владимир Дашиќ (208 см) – Црна Гора – крилен центар (24)
25 Бариш Херсек (207 см) – Турција – крилен центар (24)
33 Серкан Озвер (207 см) – Турција – центар (22)
41 Чевхер Озер (206 см) – Турција – крилен центар (29)
55 Куртис Џерелс (185 см) – САД – плејмејкер (25)
Тренер: Ерман Кунтер
Официјалната веб страна на клубот:
http://www.bjk.com.tr/tr/brans/2/basketbol.html
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Од денеска вторник 25 септември до петок 28 септември 2012 година, во Десио, на северот на Италија, во Пала Десио Арената, ќе се одржи квалификацискиот турнир за пласман во Евролигата. Ќе учествуваат осум екипи, а само победникот од турнирот ќе обезбеди директен пласман во Евролигата, односно ќе биде последната 24-та екипа што ќе партиципира во новата евролигашка сезона. Победникот ќе се најде во групата А, заедно со Панатинаикос (Грција), Реал Мадрид (Шпанија), Химки Москва (Русија), Фенербахче Улкер (Турција) и Унион Олимпија (Словенија). Стартот на новата сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување започнува на 11 и 12 октомври 2012.



На овој квалификациски турнир ќе играат осум екипи. Учествуваат домаќинот Палаканестро Канту (Италија), ЦЕЗ Нимбурк (Чешка), Остенде (Белгија), Лукоил Академик (Бугарија), Донецк (Украина), Уникс Казан (Русија), Ле Ман (Франција) и Ратиофарм Улм (Германија). Македонија има свои претставници, Марин Докузовски, како тренер на бугарскиот состав на Лукоил Академик, репрезентативецот Војдан Стојановски како член на украинскиот тим на Донецк и Американецот со македонски пасош, Мајк Вилкинсон во руската екипа на Уникс Казан. Им посакуваме добра игра и успешни резултати.

Распоред на натпреварите:

Четвртфинале:
Вторник, 25 септември 2012
1Ц – ЦЕЗ Нимбурк (Чешка) – Остенде (Белгија) – 18:00 часот
1Д – Палаканестро Канту (Италија) – Лукоил Академик (Бугарија) – 20:45 часот

Среда, 26 септември 2012
1А – Уникс Казан (Русија) – Ратиофарм Улм (Германија) – 18:00 часот
1Б – Ле Ман (Франција) – Донецк (Украина) – 20:45 часот

Полуфинале:
Четврток, 27 септември 2012
(2Б) Победник 1Ц – Победник 1Д – 18:00 часот
(2А) Победник 1А – Победник 1Б – 20:45 часот

Финале:
Петок, 28 септември 2012
Победник 2Б – Победник 2А – 20:30 часот



Засега нема најави од македонските медиуми за вршење на директен пренос од натпреварите на квалификацискиот турнир. За тие што имаат кабелска телевизија, можат на Sport Klub да ги следат мечевите. Постои опција да се гледаат мечевите на Интернет, засега нема линкови од сајтовите како што се на пример, live scores hunter, lemonsport, atdhe.com, myp2p, footyfire, vipboxsports. Доколку имате вие сајтови, линкови за мечевите, слободно информирајте.

Исто така, можете да го посетувате и веб сајтот на Euroleague и Euroleague TV за повеќе информации.
http://www.euroleague.net/
http://www.euroleague.tv/

 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Вчера се одиграа првите два четвртфинални натпревари на квалификацискиот турнир во Пала Десио Арената во Десио, Италија, за пласман во Евролигата. Во првиот меч чешкиот претставник ЦЕЗ Нимбурк го совлада Теленет Остенде од Белгија со 83:65, додека бугарската екипа на Лукоил Академик, предводена од тренерот Марин Докузовски, загуби од домаќинот Палаканестро Канту со 87:79. Во првото полуфинале на турнирот значи ќе играат ЦЕЗ Нимбурк и Палаканестро Канту. Поразените Остенде и Лукоил Академик во новата сезона 2012-2013, ќе продолжат да играат во Еврокуп натпреварувањето.



Квалификации за Евролига
Пала Десио Арена – прв четвртфинален меч
ЦЕЗ Нимбурк-Палаканестро Канту 83:65 (22:22 – 22:21 – 24:19 – 15:3)
Судии: Хуан Карлос Артеага (Шпанија) Срџан Дозаи (Хрватска) и Спирос Гконтас (Грција)
Гледачи: 600


ЦЕЗ Нимбурк: Бенда 14 поени, Соколовски, Хрубан 8, Абрамс 15, Хушка 9, Пализа 6, Некаш, Тејлор 13, Тапутос 4, Нејмик 4, Павковиќ 10 Поминалек. Тренер: Ронен Гинзбург

Теленет Остенде: Катниќ 14 поени Салуму, Ел Махсини, Стојиќ 7, Лојески 16, Петровиќ, Вилкинсон 3, Врајт 14, Букичу, Ѓорѓевиќ 5, Ван Ден Шпигел, Дробњак 6. Тренер: Дарио Ѓерѓа
На линкот може да се погледнат најинтересните моменти од натпреварот.
http://www.euroleague.tv/video/id/2065128/name/Qualification_round_CEZ_Nymburk_downed_Telenet_OOstende

Нимбурк подобро се снајде на самиот старт на мечот, што резултираше со серија од 10:2. Меѓутоа, Остенде благодарејќи на Стојиќ и Врајт до крајот на првиот период успеа да се врати и се до последните 10 минути од мечот гледавме израмнета борба на теренот. Формалниот домаќин на овој натпревар, Чесите успеаја во финалниот квартал да го сведе противникот на само четири поени, (Нимбурк имаше 12 дадени од 26, односно 46.2% реализација во обидот за тројка), што на крајот донело до конечни 83:66. Најефикасен во победничкиот тим беше американскиот бек Адриан Абрамс со 15 поени (2/2 за два поени, 3/5 за три поени, 2/4 од слободните фрлања). Кај Белгијците бекот Метју Лојески забележа 16 коша (5/8 за два поени, 1/2 за три поени, 3/3 од слободните фрлања) и шест скока.



Квалификации за Евролига
Пала Десио Арена – втор четвртфинален меч
Палаканестро Канту-Лукоил Академик 87:79 (26:25 – 22:22 – 16:13 – 23:19)
Судии: Илија Белошевиќ (Србија), Дани Хиерезуело (Шпанија), Елиас Коромилас (Грција)
Гледачи: 3022

Палаканестро Канту: Кудлачек, Абас, Смит 13 поени, Маркоишвили 15, Леунен 5, Мацарино 9, Касела, Брукс, Тајс 18, Табу-Ебома 3, Арадори 12, Кузин 12. Тренер: Андреа Тринчиери

Лукоил Академик: Хит 21 поен, Колев, Масамба 6, Аврамов 14, Грин 8, Маринов, Банев 2, Стојков 5, Воткинс 18, Веселинов, Абукар 5. Тренер: Марин Докузовски
На линкот може да се погледнат најинтересните моменти од натпреварот.
http://www.euroleague.tv/video/id/2065223/name/Qualification_round_Cantu_edged_Lukoil_Academic_Sofia

Бугарскиот претставник беше рамниправен во сите 40 минути во мечот со Канту. Домаќинот ја имаше фаворитската улога, но Лукоил се покажа како силен ривал кој на моменти имаше предност и од седум поени разлика. Но, не успеа тимот предводен од Марин Докузовски да направи изненадување, а домаќините бодрени од публиката победата ја оствари во второто полувреме. Прв стрелец кај италјанскиот клуб беше Грузиецот Манучар Маркоишвили со 15 поени (5/10 за два поени, 1/3 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), додека на спротивната страна Американецот Брендон Хит даде 21 кош (3/7 за два поени, 3/5 за три поени, 6/6 од слободните фрлања).


 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Денеска се играат преостанатите два четвртфинални меча на квалификацискиот турнир во Пала Десио Срената во Десио, Италија, за пласман во Евролигата. Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски со украинскиот состав на Донецк вечерва со почеток во 20:45 часот ќе игра против француската екипа на Ле Ман, а претходно рускиот клуб на Уникс Казан ќе се сретне против германскиот претставник Ратиофарм Улм. Веќе е познат првиот полуфинален дуел на турнирот, домаќинот Палаканестро Канту ќе биде во дуел со ЦЕЗ Нимбурк (Чешка).



Уникс Казан-Ратиофарм Улм (18:00 часот)
Двата тима оваа сезона имаат неколку промени, по успешните сезони во нивните национални првенства. Рускиот клуб со големо искуство кој стигна до Фајнл-фор турнирот лани во Евролигата, доведе тројца нови играчи, додека Германците прв пат ќе настапат во едни квалификации за пласман во Евролигата. Без некакви големи очекувања, Улм посакува да прикаже солидна партија, добар и млад тим кој секогаш игра без притисок до добар резултат. Ова лето Уникс ги доведе Чак Еидсон, Марко Баниќ, Костас Кајмакоглу, Јан Вугиукас и Мајр Четмен, но за вечерашниот дуел, тренерот Ацо Петровиќ, нема да може да смета на крилниот играч Кели МекКарти поради повреда. Германците се надеваат дека преку преку бековската позиција, со Гунтер и Џетер да направат подвиг во нападот, а исто така можат да придонесат и Алан Реј и центарот Џон Брајант со нивното значајно искуство. Уникс е фаворит, но 40 минути се во прашање, во кошарката постојат изненадувања.



Ле Ман-Донецк (20:45 часот)
Французите ќе се обидат повторно да се вратат во елитата, откако последен пат тоа им успеа во 2009 година. Во тимот ги имаат искусниот тренер Џон-Дејвид Џексон, бекот Калид Ел-Амин и Алан Кофи кој игра на центарската позиција. За Украинците ова ќе биде прва шанса за пласман во Евролигата, ги води српскиот тренер Влада Јовановиќ, плејмејкерот Дорон Перкинс и високите центри Д’Ор Фишер и Даириус Сонгаила, а тука е и македонскиот репрезенттивец Војдан Стојановски кој би можел да биде еден од клучните играчи по завршениот натпревар. Донецк ќе се обиде да го натера противникот да шутира од дистанца, но офанзивните скока на Ле Ман можат да бидат клучни за крајната разврска, со оглед на тоа што Стојановски и Кари можат да бидат брзи и брзо да реализираат во контранапад. Иако Донецк се смета за фаворит, сепак може да се очекуваат тешки и неизвесни 40 минути.

За тие што имаат кабелска телевизија, можат на Sport Klub да ги следат мечевите. Постои опција да се гледаат мечевите на Интернет, засега нема линкови од сајтовите како што се на пример, live scores hunter, lemonsport, atdhe.com, myp2p, footyfire, vipboxsports. Доколку имате вие сајтови, линкови за мечевите, слободно информирајте.

Исто така, можете да го посетувате и веб сајтот на Euroleague и Euroleague TV за повеќе информации.
http://www.euroleague.net/
http://www.euroleague.tv/



Четвртфинале:
Вторник, 25 септември 2012
1Ц – ЦЕЗ Нимбурк (Чешка) – Остенде (Белгија) – 83:65
1Д – Палаканестро Канту (Италија) – Лукоил Академик (Бугарија) – 87:79

Среда, 26 септември 2012
1А – Уникс Казан (Русија) – Ратиофарм Улм (Германија) – 18:00 часот
1Б – Ле Ман (Франција) – Донецк (Украина) – 20:45 часот

Полуфинале:
Четврток, 27 септември 2012
(2Б) Победник 1Ц – Победник 1Д – 18:00 часот
(2А) Победник 1А – Победник 1Б – 20:45 часот

Финале:
Петок, 28 септември 2012
Победник 2Б – Победник 2А – 20:30 часот
--- надополнето: 26 септември 2012 во 15:02 ---
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
-Други информации од Евролигата-

Шпанскиот состав на Каха Лаборал се засили со Хернандез Сонсека (212 см) кој игра на позицијата центар. Лани го носеше дресот на Ваљадолид (3,8 поени и 2,2 скока по натпревар во 19 одиграни меча во националната шпанска АЦБ лига).


Италјанскиот состав на Монтепаски Сиена не го регистрираше американското крило Марселус Кемп кој е повреден и ќе паузира 2-3 недели. Клубот од Сиена сега посакува во своите редови да го доведе 29-годишниот крилен центар Стефан Манчинели, кој е слободен играч и има тригодишно искуство со екипата на Олимпиа Милано. (лани во Евролигата за 15 меча имаше учинок од 6,1 поен, 2,3 скока, 1,2 асистенција и 1,1 загубена топка по натпревар).



37-годишниот италјански центар Денис Марконато (211 см) стана член на Рејер Венеција. Последните две години Марконато ги мина во Палаканестро Канту. Лани во Евролигата одигра 15 меча и имаше биланс од 6,2 поени и 3,7 скока по натпревар.


Еден од најталентираните српски кошаркари, Ненад Миљеновиќ (19) кој игра на позициите бек и плејмејкер, потпиша четиригодишен договор со Раднички Крагујевац. Тој минатата сезона ја стартуваше во Партизан (одигра само еден меч во Јадранската лига забележувајќи три поени и една загубена топка), а потоа се пресели во редовите на Мега Визура, каде за 26 меча во националната Српска А лига имаше учинок од 16,1 поен, 5,0 скока, 4,1 асистенција, 1,7 украдена топка и 3,2 загубени топки по натпревар).



Тренерот на полската екипа на Асеко Проком Гдиниа, Кестутис Кемзура не е повеќе селектор на литванската репрезентација. Него ќе го замени Јонас Казлаускас кој минатите неколку сезони го водеше рускиот состав на ЦСКА Москва.



Во контролен меч во Франција, Шалон го совлада Роан со 79:66, како подготовка за новата сезона. Најзаслужни за победата беа Ленг со 16 поени, по 14 додадоа Шикамбу и Амагу.

Унион Олимпија

Уникаха Малага
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Синоќа се одиграа и преостанатите два четвртфинални меча на квалификацискиот турнир во Пала Десио Арената во Десио, Италија, за пласман во Евролигата. Во првиот натпревар рускиот клуб на Уникс Казан без поголеми проблеми го совлада Ратиофарм Улм од Германија со 91:73, додека францускиот тим на Ле Ман го изненади украинскиот состав на Донецк со 61:55. Па така, се дознаа полуфиналните парови на турнирот, ЦЕЗ Нимбурк-Палаканестро Канту и Уникс Казан-Ле Ман. Заедно со Остенде и Лукоил Академик, и екипите на Ратиофарм Улм и Донецк ќе продолжат во Еврокуп натпреварувањето.

Квалификации за Евролига
Пала Десио Арена – трет четвртфинален меч
Уникс Казан-Ратиофарм Улм 91:73 (24:14 – 13:18 – 35:20 – 19:21)
Судии: Хуан Карлос Артеага (Шпанија), Спирос Гконтас (Грција), Дамир Јавор (Словенија)
Гледачи: 300
Уникс Казан: Лајдеј 21 поен, Дедушкин, Заманскиј 4, Самојленко, Сергеев 9, Веременко 7, Еидсон 8, Вугиукас 18, Кајмакоглу 9, Антипов, Зварикин, Четмен 15. Тренер: Ацо Петровиќ
Ратиофарм Улм: Гунтер 11 поени, Гауса, Јоенке, Тајс 2, Реј 17, Хеберлејн, Естеркамп 9, Вотс 8, Шветхелм 3, Џетер 1, Нанкивил 5, Брајант 17. Тренер: Торстен Лејненет




Вицешампионот на Германија само во првото полувреме успеа да биде достоен ривал на Уникс. Сепак, Лајдеј, Вугиукас и Кајмакоглу ги презедоа работите во свои раце особено во текот на третиот период, кога тимот од Казан оствари огромна разлика од +20. До крајот на мечот, популарните “врапци“ се обидуваа само да ја намалат негативата, а победата сосема заслужено им припадна на Русите, 91:73. Прв стрелец во триумфот беше американскиот бек Терел Лајдеј со 21 поен (3/6 за два поени, 5/8 за три поени) еден офанзивен скок и четири асистенции. На спротивната страна, Реј Алан и Џон Брајант (3/7 за два поени, 2/4 за три поени, 5/8 од слободните фрлања, седум скока, една асистенција и една блокада), беа најдобри со 17 коша. Само да информирам, дека Американецот со македонски пасош, Мајк Вилкинсон, членот на Уникс, оваа сезона не е регистриран за настап во Евролигата.

Квалификации за Евролига
Пала Десио Арена – четврт четвртфинален меч
Ле Ман-Донецк 61:55 (13:19 – 22:12 – 13:16 – 13:8)
Судии: Срџан Дозаи (Хрватска), Дани Хиерезуело (Шпанија), Марцин Ковалски (Полска)
Гледачи: 300
Ле Ман: Ел-Амин 12 поени, Ч. Кахуди 3, Кофи 12, Виктор 1, Су 10, Иса 2, Батиста 7, Х. Кахуди, Сеси, Лонг 14. Тренер: Џон-Дејвид Џексон
Донецк: Лукашов, Фишер 2 поени, Кари 10, Стојановски 11, Сонгаила 4, Малиш, Липови, Раденовиќ 2, Пустозвонов 5, Перкинс 15, Глиебов 4, Иванов 2. Тренер: Владе Јовановиќ




Почетокот на мечот им припадна на Донецк, но Французите беа поконцентрирани во завршницата на дуелот. И покрај тоа што избраниците на Јовановиќ успеаја да го доведат мечот во неизвесност, сепак Ле Ман успешно се одбрани и ја сочува предноста за триумф, кој го одведе во полуфиналето. Најрасположени кај победникот беа Камерон Лонг со 14 (1/2 за два поени, 2/5 за три поени, 6/8 од слободните фрлања и пет скока) и Калид Ел-Амин со 12 поени. Прв стрелец кај Донецк беше Перкинс со 15 поени, додека втор стрелец беше македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски кој за 21:09 минути постигна 11 поени (3/3 за два поени, 1/3 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), забележа три скока (еден офанзивен и два дефанзивни), две загубени топки и заработи една лична грешка.

Четвртфинале:
Вторник, 25 септември 2012
1Ц – ЦЕЗ Нимбурк (Чешка) – Остенде (Белгија) – 83:65
1Д – Палаканестро Канту (Италија) – Лукоил Академик (Бугарија) – 87:79

Среда, 26 септември 2012
1А – Уникс Казан (Русија) – Ратиофарм Улм (Германија) – 91:73
1Б – Ле Ман (Франција) – Донецк (Украина) – 61:55

Полуфинале:
Четврток, 27 септември 2012
(2Б) ЦЕЗ Нимбурк – Палаканестро Канту – 18:00 часот
(2А) Уникс Казан – Донецк – 20:45 часот

Финале:
Петок, 28 септември 2012
Победник 2Б – Победник 2А – 20:30 часот

 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Вечерва се играат првите полуфинални меча на квалификацискиот турнир во Пала Десио Арената во Десио, Италија. Во првиот меч од 18:00 часот домаќинот Палаканестро Канту ќе игра против чешкиот претставник ЦЕЗ Нимбурк, додека на вториот дуел од 20:45 часот рускиот клуб на Уникс Казан ќе игра против француската екипа на Ле Ман. Победниците од овие натпревари ќе играат во утрешното финале, а подобриот од тој дуел ќе обезбеди директен пласман во Евролигата.


Палаканестро Канту-ЦЕЗ Нимбурк (18:00 часот)
Во директна борба со цел да се доближи поблиску до европската елита, Канту и Нимбурк ќе се сретнат меѓу себе вечерва во првиот полуфинален меч од турнирот. Италјанците посакуваат вторпат по ред да се најдат во Евролигата, откако прв пат тоа им успеа далечната 1983/84. Чесите доколку успеат да слават на турнирот ќе биде првиот чешки тим што ќе игра во Евролигата, а претходно тоа го има сторено Славиа Прага во сезоната 1981/82.



Домаќинот ќе се обиде преку бековските позиции да направат добар резултат на мечот. Ветеранот и плејмејкерот Николас Мацарино на дуелот со Лукоил Академик постигна три значајни тројки кои беа клучни за победата во четвртфиналето. Џери Смит покажа дека одбраната му е посилна страна и лесно со својата брзина може да поентира во брз контранапад. Играта исто така може да зависи и од двата крила, Маркоишвили и шутерот Арадори кои немаат проблем во транзицијата одбрана-напад и се поискусни од Пализа и Хрубан на спротивната страна.

Најголемата опасност кај Нимбурк е американскиот бек Адриан Абрамс кој беше најзаслужен во триумфот против Остенде. Нимбурк може да ја има предноста и кај високите играчи под кошот, како Петр Бенда, Павел Хушка и Дру Нејмик а Бенда сигурно ќе го очекува сериозен тест против Марти Леунен на крилната центарска позиција. Кристос Тапутос може да биде и Иск-факторот кај чешкиот клуб, со оглед на неговото значајно искуство. Се очекува голема пресметка во Пала Десио Арената со цел да се продолжи сонот за Евролигата.


Уникс Казан-Ле Ман (20:45 часот)
Возбудлив меч се очекува вечерва на втората полуфинална пресметка кога се соочуваат Уникс Казан и Ле Ман. Русите очекуваат да ја повторат ланската сезона кога успеаја да се пласираат во плејофот во Евролигата. Ле Ман ќе се обиде по петти пат да се најде во елитата во последните седум години. Последен пат овие две екипи се сретнаа во сезоната 2010/2011 во Еврокупот, кога Уникс успеа да биде првак во ова натпреварување.

Главната загриженост на Уникс ќе биде противничкиот американски плејмејкер Калид Ел-Амин кој имаше 100% реализација во обидот за тројка на вчерашниот дуел со Донецк. Ел-Амин кој може да се окарактеризира и како икс-фактор пред денешниот дуел ќе има интересен дуел со стоперот Петр Самојленко и Мајр Четмен чие искуство може да биде од огромна важност на крајот. Французите ќе се надеваат повторно на добра игра од страна на плејмејкерот Лонг и талентираниот крилен играч Папе Су, но двајцата ќе имаат важна задача сега да го спречат Терел Лајдеј кој имаше феноменална партија против Ратиофарм Улм (21 поен, 3/6 за два поени, 5/8 во обидот за тројка), а добрата шутерска игра ќе посака да ја примени и во вечерашниот квалификациски дуел.



Од една страна Чак Еидсон кој ќе ја има улогата на крило, ќе мора да ја искористи својата подвижност побрзо против браќата Кахуди, а од друга страна литванскиот центар Јан Вугиукас може да ја има предноста под кошот во битката со Бразилецот Батиста, а тоа го покажа на дуелот со Германците, забележувајќи 18 поени. Уникс кој е без Марко Баниќ, поголема минутажа ќе добиваат Костас Кајмакоглу и Владимир Веременко на крилната центарска позиција. Американецот Катберт Виктор мора добро да ја искористи својата сила и знаење за реализација на теренот против еден од најискусните кај Русите, Гркот Кајмакоглу. Уникс Казан ја има фаворитската улога, но Ле Ман покажа дека може да биде тежок противник за секого.

За тие што имаат кабелска телевизија, можат на Sport Klub да ги следат мечевите. Постои опција да се гледаат мечевите на Интернет, од сајтовите како што се на пример, live scores hunter, lemonsport, atdhe.com, myp2p, footyfire, vipboxsports. Доколку имате вие сајтови, линкови за мечевите, слободно информирајте.

Исто така, можете да го посетувате и веб сајтот на Euroleague и Euroleague TV за повеќе информации.
http://www.euroleague.net/
http://www.euroleague.tv/



Четвртфинале:
Вторник, 25 септември 2012
1Ц – ЦЕЗ Нимбурк (Чешка) – Остенде (Белгија) – 83:65
1Д – Палаканестро Канту (Италија) – Лукоил Академик (Бугарија) – 87:79

Среда, 26 септември 2012
1А – Уникс Казан (Русија) – Ратиофарм Улм (Германија) – 91:73
1Б – Ле Ман (Франција) – Донецк (Украина) – 61:55

Полуфинале:
Четврток, 27 септември 2012
(2Б) ЦЕЗ Нимбурк – Палаканестро Канту – 18:00 часот
(2А) Уникс Казан – Донецк – 20:45 часот

Финале:
Петок, 28 септември 2012
Победник 2Б – Победник 2А – 20:30 часот
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Уникс би требало да влезе во групите,доста добар тим склопија земаа добри играчи пред се овие од Панатинаикос што ги земаа а и Чак Еидсон мислам дека ќе биде доволно за во групите..денес не би требало да имаат поголеми проблеми со Ле Ман.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Владо Илиевски потпиша за Цедевита Загреб, каде што настапува и Американецот со македонски пасош, Маркиз Грин. Заедно со нив, во Евролигата ќе настапат уште Лестер Бо МекКејлеб (Фенербахче Улкер), Перо Антиќ (Олимпијакос) и Предраг Самарџиски (Литвос Ритас). Да потсетиме, Цедевита Загреб е во групата Ц, со Олимпијакос, Каха Лаборал, Анадолу Ефес, Жалгирис и Емпорио Армани. Владо Илиевски (188 см), кој може да игра на позициите бек и плејмејкер, ланската сезона ја стартуваше токму во Анадолу Ефес (во Евролигата одигра 10 меча и имаше учинок од 2,7 поени, 1,5 скок и 2,6 асистенции по натпревар) а претходно во 2009 година го носеше дресот и на Каха Лаборал (тогаш клубот се викаше Тау Керамика).



За 32-годишниот Владо Илиевски во неговата кариера Цедевита Загреб ќе биде неговиот 12-ти клуб. Тој би требало да дебитира во претстојниот викенд во Јадранската лига на гостински терен против Будуќност. Последен клуб на Илиевски беше рускиот тим на Локомотив Кубан (6,6 поени, 2,4 асистенции и 1 скок по натпревар), каде тренер беше Божидар Маљковиќ, а моментално го води токму хрватскиот клуб. Во Јадранската лига оваа сезона Илиевски би играл против уште два поранешни екипи, тие се Партизан и Унион Олимпија. Во мај во 2008 година настапи на фајнл форот во Евролигата настапувајќи за Монтепаски Сиена и го освои третото место.


Барселона Регал ќе игра во финалето на турнирот Каталона против составот на Хувентуд. Барса од почеток до крај водеше и славеше лесно против Леида со 80:60 (17:17 – 21:7 – 23:20 – 19:16) во полуфиналето. Анте Томиќ, Натан Џаваи и Алехандро Абринес беа први стрелци со 14 поени во триумфот. Два помалку од нив постигна Пит Микел. Барселона: Сада 1 поен, Јасикевичиус 8, Микел 12, Валас 2, Томиќ 14, Хуертас 3, Џаваи 14, Инглс 2, Рабаседа 3, Лорбек 2, Абринес 14, Тодоровиќ 5.



Составот на Проком загуби од Трефл Сопот со 74:69 во полскиот Супер Куп. Најефикасен кај Проком беше американскиот плејмејкер Џерел Блесингејм со 21 поен, додека организаторот на игра Лукаш Кошчарек додаде 14 поени и седум асистенции. Проком: Блесингејм 21 поен, Кошчарек 14, Казух 8, Понитка 6, Шчотка 6, Вини 6, Памула 3, Робинсон 3, Махалбашиќ 2, Витка, Сниег.



Турскиот клуб на Бешикташ официјално се засили со 27-годишниот Американец Рендал Фалкер (201 см) кој игра на позицијата центар. Тој доаѓа од францускиот состав на Шоле каде лани во националната Про А лига во 28 меча имаше учинок од 6,0 поени, 6,4 скока, 2,5 асистенции и 1,6 загубена топка по натпревар. Претходно четири сезони настапуваше во НЦАА лигата за Универзитетот на Јужен Илиноис.



Audi-Wolkswagen би можел да биде главен спонзор на Палаканестро Канту. Италјанскиот клуб е без спонзор дури и од минатата сезона, кога Бенет одлучи да не остане и трета година по ред. Се најавува дека Audi-Wolkswagen ќе биде партнер на Канту, но договорот сеуште не е официјализиран.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom