Препорака за нов автомобил до 9000€

  • Креатор на темата Креатор на темата miki002
  • Време на започнување Време на започнување
Најхубаво ти препорачувам Застава 750 со фул опрема ем е многу ефтина ем многу мала ем малку троши ем има убав изглед и ти гарантирам дека кога ке минеш низ град сите пички ке се свртат и ќе те гледаат (y)
Fail Troll другар, женет сум, со мало дете, и не ми треба пички да се вртат по мене, ми треба возило за кое имам 24/7 поддршка (барем година дена), економично за одржување и гаранција од барем 5 години.
 
Шом имаш мало детенце и сакаш да ти е сигурна и нова, провери на краш тестовето како са оценени повеќето коли шо ти ги предлагат тука по темата.
 
Добро ај кажите ми што е разликата од Шевролет Авео од 2010 со 5000 км купена од салон и прв сопственик чувана како мало бебе, а сега ја дава за 5500 евра со гаранција до 2014 година, а нова е 8000 евра? Ако го има името половен не значи дека сопственикот ја возел по нива. Штом сте запнале за нов зимајте го, но го ќе излезат нови модели ќе викате ах си тупнав 10К а имам стар модел. :rolleyes: :)
 
Иначе на темата, Фиеста е добар избор, мада не знам што опрема би имала за 9000 евра, наредната година излегува нова, т.е подновена верзија на Фиестата па можеби има шанси да се начека добар попуст сега, особено за Нова година и празниците кога и стандардно се најголемите попусти и акции
Фиестата од 8990 евра е со основната опрема, мислам нема ниту клима во неа.

И не знам што се напорни луѓето со половниве коли од повисока класа, сега брзо купував автомобил и прво што направив покрај утврдувањето на тоа колкав ми е буџетот, беше и намената на колата.
Лично мене ми требаше количе кое 90% од времето ќе го возам во град и тоа најверојатно 10тина минути без застанување и на тоа аналогно го направив потесниот избор на возила помеѓу Ц3, Мазда 3 и Тојота Јарис и се дадов на истражување.
Според доста реномирани стручњаци Тојотата е возило кое најмалку подлежи на сервиси, после неа следи Мазда 3, додека беше доста фален и ХДИ моторот на Ц3.
На крај се одлучив за Јарис од поново годиште, додека ако земав возило од повисоката класа ќе требаше со тој буџет да земам возило најмалку 10 години старо на кое ќе требаше да трошам повеќе пари на регистрација, гориво и одржување.

Ако некој вози подолги релации, тогаш секако дека друг е комфорот во Јарис и Ауди А6 и можеби одлуката да земи возило од повисока класа е добар избор, но за човек што го вози возилото во град навистина не можам да разберам основ да се дава пари за такво возило.
 
Батка дај не се заебавај и ти сега .............. поклон/бадијала да ми даваат возила од типот на Шевролет Авео, Мицубиши Колт, Фиат Линеа, Пунто и сл. па не би ги земал .......... ако овие автомобили се некаква класа на возила јас глава сечам ............ за 9000 евричиња можеш да си земеш авион кола половна секако ама од 2-3 класи погоре ..... б.т.в. незнам како размислуваш ти, но според мене подобро е да возам мерцедес, ауди, бмв... макар старо десетина години, отколку нови возила од најниска класа како Авеото, Колтот, Линеата, Пунтото и.т.н. ова е само мое лично размислување инаку секако ти си знаеш најдобро сепак твој е изборот !
9000 евра не се баш малку пари за наш стандард за да ги фрлиш за некоја нова салонска конзерва од најниска класа .............. им се смеам на луѓево што фрлаат пари за нови возила од типот на Матиз, Авео, Колт, Пунто, Линеа, Ибица, Логан, Сандеро и.т.н. толку пари за возила кои се испод секоја класа и некој ќе каже ново си е ново ......... абе ново си е ново да ама сепак е надвор од класа, подобро половно/користено возило ама од повисока класа, а за тие 9000 евра разгледај по автопазариве имаш авион коли !
Знаеш ти колку е еден сервис за BMW? Никој не ти дава авион за 9К, сите тие се со помините 200-300К нашминкани и извадени за продажба, успат сигурно одат со визитка од механичар во фиоката.
Разгледај на mobile.de, стави филтер BMW од 50-100К километри и видиги цените, најветината е 6500 евра па стави на тие пари транспорт + трошоци за префрлање и стави маржа па види колку ќе биде реалната цена во МК.
А ако сакаш да купиш еден куп железо за 9000 евра ондак слободно земи си таква и фали се дека возиш BMW.

Имам видено доста примери на луѓе што се залетале вака и се заебале (читај големи дефекти излегле за краток рок). Еден смена цел пренос на мерцедес, на еден деклата му капеше ја смена а еден бошот на пасат. Па ти види сеа
 
Точно, Фиестата за 9000 нема ни клима ама можеби заради новиот модел и сезонските попусти може нешто да се искуби и нешто плус опрема (клима и др) за истите пари.
 
Vokswagen up. Тоа ти е мал автомобил сити кар што го викаат. Нешто сличен е со овие малите автомобили како на пример C1.
Не е лошо ако не патуваш на долги релации со многу багаж затоа што нели малите коли немаат премногу простор.
Не е скапо и Vokswagen е германска машина е сепак.
А не е лош ни Фиат Панда. Попросторна е Пандата, а не е скап автомобил. И шкодите не се лоши, но сепак е шкода не е име.

п.с. Друга опција е на пример да купиш поголем автомобил кој нов би чинел на пример 10 до 15 илјади евра, но е стар околу 3 години и има под 50 000 километри. Цената во првите години паѓа многу кај автомобилите, но во овој пример што го напишав не мора многу сервиси да се прават.
 
Абе земи си VW Golf 5 немачка машина нема смрт ! Дизел,малце троши јака кола фамилијарна,а за делови кај брачата у Тетово имаш со лопата да ги ринеш за ич пари :D
мноооооогу подобро од тие срањата ко Авео и сличните конзерви
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1089869?searchID=2992074&Idx=13
 
Знаеш ти колку е еден сервис за BMW? Никој не ти дава авион за 9К, сите тие се со помините 200-300К нашминкани и извадени за продажба, успат сигурно одат со визитка од механичар

Не 200/300K, ама едно 700K сигурно, :pos: глумиш дека не ги виде линковите кои ги постирав на претходната страна или што е работава не сфаќам. Немаше кола со километража над 80K....

Друга работа е што луѓето овде не знаат кај да бараат делови, па се опрчуваат да плаќаат смешни суми за делови кога ќе им се случи некој дефект, е сега има луѓе што знаат каде да бараат и знаат по кои цени идат истите делови реално, така да и таа теорија не држи.
 
Не 200/300K, ама едно 700K сигурно, :pos: глумиш дека не ги виде линковите кои ги постирав на претходната страна или што е работава не сфаќам. Немаше кола со километража над 80K....

Друга работа е што луѓето овде не знаат кај да бараат делови, па се опрчуваат да плаќаат смешни суми за делови кога ќе им се случи некој дефект, е сега има луѓе што знаат каде да бараат и знаат по кои цени идат истите делови реално, така да и таа теорија не држи.
Можам да направам и 2000 да пишува, не е проблем тоа. Колку е РЕАЛНА километража
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom