Може за оваа не, ама секогаш кога некој ќе побара гостување, вашите се размислуваат па испраќаат соопштенија по клубовите дека не се во можност да го обезбедат мечот.
Колку што знам од пред некоја година, МВР не е должна да ги обезбедува мечевите (т.е. своеволно да праќа луѓе), туку самите клубови треба да си обезбедат лица без раазлика дали ќе платат за полиција, специјалци или пак некоја агенција за обезбедување. Исклучок се прави ако се оцени дека мечот е од висок ризик. А во Македонијава скоро секој дуел меѓу Македонска и етничка Албанска екипа, екипи кои имаат навивачи, се смета за меч од висок ризик.
За вакви мечеви МВР може и самата да забрани гостинска публика, па дури и да менува термини за мечот (пример лани ние со вас игравме во 13 часот во сабота што за скоро 50% граѓани е работно време).
Ставови мож да сменат ако управите на двата клуба дојдат до некој договор и да одговараат за своите фанови во случај на провокации и инциденти. Вашите знаат дека нема како да ве спречат кога сакате да излезете од стасдион и да дојдете од другата страна, така да нема што да гарантираат
Проблемот кај вас е што полицијата ве остава да правите што сакате.
Обична полиција еднаш не кренала пендрак на вас така?
Пошто културата на обичната публика ви е рамна на културата на праисториски човек, единствен лек е да ви ги заклучат вратите и да ги вадат гостинските гледачи порано.
АПСУРДНО Е да се пуштат прво 5000+ домашни гледачи а после гостинските навивачи.
Особено кога се знае дека тие домашни гледачи не се со намера да си одат дома
Памтиш како дојдовте вие во Скопје?
Влеговте второ полувреме, меѓу вас и нас цела војска, седевте 20 минути и ве извадија уште во 75-та минута. Е така се спроведуваат гостински фанови ако сакаат да нема инциденти.