Моето мислење се однесува и на двајцата.
Мислам дека премногу и прерано се разочаравте.
За барањата овде дискутиравме повеќе пати. И знаете како се вели: Колку луѓе - толку мислења.
За мене е битно дека Протестот усмерен против активностите на Регулаторна. Регулаторна, ја поскапе струјата, укина дневна ефтина тарифа и ги донесе правилата со кој Топлификација може да продолжи да пљачка. Можеби беше доволно да се бара само оставка од Регулаторна, ама и ова што е содржано во барањата не е нешто лошо.
Нашиот Протест досега даде големи резултати.
Поднесена е интерпелација против претседателот на Регулаторна
http://www.sobranie.mk/ext/materialdetails.aspx?Id=fc11f8e9-f05c-4bfe-b7c6-9ad472a02998
Вчера во Плусифо најдов изјава во која Портпаролот на Владата вели:
За огревното дрво Владата има апсолутно право да ја одредува цената и таа го користи тоа право во интерес на граѓаните. За останатите потреби од областа на енергенсите како струјата и нафтата, Владата нема никакво влијание во одредување на нивната цена. Таа цена се утврдува на светските пазари и зависи од односот на понуда и побарувачка на светско, глобално ниво, и од движењето на валутите како доларот и еврото со кои денарот е поврзан. Во таа насока, Владата интервенира онаму каде што може – изјави Ѓорѓиев.
http://www.plusinfo.mk/vest/57543/Strujata-nema-da-poevtini-ama-ogrevnoto-drvo---da
Ќе видиме како понатаму ќе се одвиваат работите,
но јас мислам дека Регулаторна е готова