Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
А по што заклучуваш ти дека не постои Бог??
Јас не сум некој забеган по религија ама ме нервира фактот на негирање на Господ.Од каде толку таа желба да се негира?

Бог постои и тоа не може да се негира,т.е може да се негира ама не треба. И самиот Дарвин на смртна постела рекол ''извини боже многу што ти згрешив''

Епа сеа Дарвин не чини овој Флу не чини епа кој чини??
Кој бог? Алах, Јахве, Исус, Кришна, Ахура, Митра?
Кој?
Одбери го својот тим.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Кој бог? Алах, Јахве, Исус, Кришна, Ахура, Митра?
Кој?
Одбери го својот тим.
Прво Исус не е бог туку син божји.
Второ,не праи моабети од типот плико или коверат.. Се знае за кој Бог се зборува,еден е нема повеќе .. приказната е една- едина после се вадени варијанти за останатите религии (Ислам итн..)
 
Член од
8 септември 2012
Мислења
48
Поени од реакции
18
Најверојатно затоа што се они ,,саде памет'' и ги иритира тоа што некој не размислува исто како нив и автоматски го ставаат во класата на глупи и очајни бидејки веруваат во Дедо Боже!!!:D (секако има и исклучоци)
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Прво Исус не е бог туку син божји.
Второ,не праи моабети од типот плико или коверат.. Се знае за кој Бог се зборува,еден е нема повеќе .. приказната е една- едина после се вадени варијанти за останатите религии (Ислам итн..)
Ама Исус е изваден од Митра, а Митра е изваден од Митрас кој потекнал од Ахура Мазда кој потекнал од Хорус.
I am confused, help me here.
By the way, Исус ти е Бог и син божји истовремено, learn your lessons.
Хинду е постар од твојот бог за едно 8000(читај осум илјади) години.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
А по што заклучуваш ти дека не постои Бог??
Јас не сум некој забеган по религија ама ме нервира фактот на негирање на Господ.Од каде толку таа желба да се негира?

Бог постои и тоа не може да се негира,т.е може да се негира ама не треба. И самиот Дарвин на смртна постела рекол ''извини боже многу што ти згрешив''

Епа сеа Дарвин не чини овој Флу не чини епа кој чини??
Заклучувам по фактот дека за Бог нема евиденција. Ништо не го поткрепува неговото постоење, а да не продолжиме дека Бог е логички фалична идеја. Контрадикторна и парадоксална. Дека Бог постои, ти веруваш. Твоето верување нема никаква релијабилна основа.
Не чини секој што пропагира идеи без да ги заснова на валидни аргументи.
Секој од нас може да пропагира лоши, фалични идеи. Можеме да тврдиме дека постојат црвенкапа, Хари Потер, Мачорот во Чизми и така натаму.
--- надополнето: 20 септември 2012 во 08:07 ---
Прво Исус не е бог туку син божји.
Исус е Бог во Христијанството.
--- надополнето: 20 септември 2012 во 08:10 ---
Најверојатно затоа што се они ,,саде памет'' и ги иритира тоа што некој не размислува исто како нив и автоматски го ставаат во класата на глупи и очајни бидејки веруваат во Дедо Боже!!!:D (секако има и исклучоци)
Да. Сите атеисти се всушност дебели и бубуљичави neckbeards кои го мразат Бог затоа што кога биле во основно се срамеле да им пријдат на девојчињата поради својот изглед и затоа почнале да слушаат хејви метал, станале сатанисти и на концертите на нивните омилени групи оделе со ланчиња со превртени крстови и издрогирани во екстаза извикувале "Убиј го Бога!".
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Заклучувам по фактот дека за Бог нема евиденција. Ништо не го поткрепува неговото постоење, а да не продолжиме дека Бог е логички фалична идеја. Контрадикторна и парадоксална. Дека Бог постои, ти веруваш. Твоето верување нема никаква релијабилна основа.
Не чини секој што пропагира идеи без да ги заснова на валидни аргументи.
Секој од нас може да пропагира лоши, фалични идеи. Можеме да тврдиме дека постојат црвенкапа, Хари Потер, Мачорот во Чизми и така натаму.
--- надополнето: 20 септември 2012 во 08:07 ---
.
Како ништо не го поткрепува неговото постоење? Па ние нели го поткрепуваме? Ние сме жив доказ(луѓето) дека Бог постои..па кој не направил тогаш ако не некоја виша сила?? Немој еволуција да ми каеш само молимте:)
--- надополнето: 20 септември 2012 во 14:02 ---
Ама Исус е изваден од Митра, а Митра е изваден од Митрас кој потекнал од Ахура Мазда кој потекнал од Хорус.
I am confused, help me here.
By the way, Исус ти е Бог и син божји истовремено, learn your lessons.
Хинду е постар од твојот бог за едно 8000(читај осум илјади) години.

Ама во Хинду има повеќе богови такада не е исто.
Сеа Исус колку што сум читал е месија,син божји кој е дојден за да донесе помирување со Бог..ама не е Бог.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Како ништо не го поткрепува неговото постоење? Па ние нели го поткрепуваме? Ние сме жив доказ(луѓето) дека Бог постои..па кој не направил тогаш ако не некоја виша сила?? Немој еволуција да ми каеш само молимте:)
--- надополнето: 20 септември 2012 во 14:02 ---



Ама во Хинду има повеќе богови такада не е исто.
Сеа Исус колку што сум читал е месија,син божји кој е дојден за да донесе помирување со Бог..ама не е Бог.

Не се согласуваш со научен и рационален одговор туку веруваш во народна приказна и виша сила. (y)
...И Ное ги редеше сите 10.000.000 видови животни во чамецот...

Ако си православен и ако веруваш во подвлеченото, тоа те носи директ во пеколот.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Како ништо не го поткрепува неговото постоење? Па ние нели го поткрепуваме? Ние сме жив доказ(луѓето) дека Бог постои..па кој не направил тогаш ако не некоја виша сила?? Немој еволуција да ми каеш само молимте
Дека ние, луѓето сме доказ за постоење на Бог е твое лично толкување и размислување. На која основа ти си уверен во тоа? Правиш конекција на работи без никаква основа за нивна поврзаност чисто бидејќи истата конекција ти го поткрепува верувањето.
Ако Бог не створил, зошто човечкото тело е полно со недостатоци? Универзумот воглавно е огромна празнина и не е ништо налик интелигентен дизајн. Ти го перцепираш универзумот како дизајниран од страна на интелигентен ентитет бидејќи живиот свет во твојата околина, вклучувајќи ги и луѓето, се приспособиле на условите на истиот.
Немој ти да ми кажеш, денес, во дваесет и првиот век дека еволуцијата е измислица на сциентистите или евреите или илуминатите или не знам ти кој за да им го направат тоа-и-тоа на народот бидејќи бла- бла.
Немој, во последниве една-две децении дури и повеќето теолози ја вметнуваат еволуцијата во своите хипотези бидејќи евиденцијата за плаузибилноста на теоријата е огромна.
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
835
Поени од реакции
1.471
\Универзумот воглавно е огромна празнина и не е ништо налик интелигентен дизајн
пфф ма каков интелегентен дизајн... да беше интелегентен дизајн ќе немаше да биде толку празен, и ќе беше полн со чипови, со холограми... со големи плејстејшни, компјутери, ајфони... немаше да биде исполнет со глупости ко ѕвезди, планети, астероиди, и замислете живот :tapp:

за сите што веруваат во некакви мистерии и мислат дека има некаква интелегенција што учествува/ла во креирање на универзумов, едноставно одјебите... најсериозно одјебите, идите малку едуцирајте се од областа на квантна физика пред да кажувате вакви небулози. Значи ај ќе ве просветлам:

Универзумот настанал од ништо, а настанал од ништо зошто бил многу многу мал, и кога е нешто многу мало на квантно ниво се дешаваат срања што у вашиот мозок не можете да ги замислите освен ако не сте Стивен Хокинг, така што од ништо може да настане сешто случајно, а од ништо-сешто случајно настанато, натаму ништо не е случајно пошто се е детерминирано. Значи тоа Стивен Хокинг го има убаво објаснето во неговата книга, и има докажано дека Господ не може да се крие во толку мал простор, тоа што вие не можете да го сфатите тоа е затоа што е многу комплицирано за вашите црпки, сигурно не знаете повеќе повеќе од него, кој кур сте вие да знаете повеќе од универзумот од врвен физичар кој патем е инвалидизиран и не го троши времето на ништо друго, само на тоа размислува?

Ова овде што го пишувам не е резултат на некаква нечија волја, видете, не постои волја, тоа е се обавување на физичките закони на моето тело, од Биг Бенгот па натаму све е пресметливо што ќе се случува. Не дека е нешто стварно интелегентно нешто се случува, значи пак ќе повторам се тоа било случајно, од тоа случајно натаму се што ќе се случи е неизбежно. Каква црна волја мислите дека имате? Вие сте само посматрачи. Уствари не сте ни посматрачи, пошто вие уствари не гледате, не сте свесни, вие мислите дека сте, ама тоа е илузија, неврони во мозокот прават така да мислите. Уствари вие не ни мислите, мислите дека мислите, тоа се се пресметки у мозокот. Не постои нешто ко чувство, тоа е невронски процес. Не сфаќате? Епа глупи сте :rolleyes:

Има уште некој што мисли дека постои алтернатива на теоријата за Биг Бенг? Па 100% знаеме дека се шири универзумов по redshift-от на другите галаксии. 100000000000000%. Не можеме да сме во грешка пошто сме многу напредни во нашите научни евиденции и уште малку фали за се да објасниме. И сите галаксии се шират подеднакво од нас и се убрзуваат. Тоа е дело на темната енергија, уште не се најдени нејзините атоми, ама кај и да ќе ги најде науката (запамтите, се е атоми, фалат уште да ги најдеме атомот на гравитацијата т.е. гравитонот, и атомот на просторот и на времето, кај и да е ќе биде) Значи морало да почне со една голема експлозија, нема шанси поинаку, не помислувајте на алтернатива, ќе направите научен ерес. Е сега некој ќе се избаци, ако универзумов се шири зошто ние не се шириме бла бла... Епа тоа е така затоа што околу галаксијава наша замислете :pos: се нашла црна материја што го спречува ширењето, замислете која случајност, ух хвала теби Биг Бенгу.

И сеа некој тапчо ќе излезе да ми кажува како универзумот има интелегентно дефинирани параметри за да постојат ѕвезди, планети, живот (http://en.wikipedia.org/wiki/Fine-tuned_Universe) :facepalm: Епа уопште нека не помислуе да се фаќа за тоа, пошто научниците открија дека има безброј универзуми сите со различни параметри, од безброј сигурно ќе се најде еден во кој ќе има можност за живот, пак е тоа неверојатна случајност, ама нас ни изгледа дека не е, пошто сме се нашле во еден таков. Сигурно постојат и некои универзуми полни со сладолед на пример. Не ви изгледа логично? Епа на научниците им изгледа, сигурно не сте попаметни ;)

И за крај кога ќе слушнам бљаботења за животот што како настанал, заборавате дека се е приспособување за преживување. Ако му треба на некое суштество око за да гледа, биологијата приспособувајќи се го прави окото, нема тука филозофија, не треба интелегентна поставеност за тоа. Чарли Дарвин има објаснето се, кој ви е крив што не се разбирате од биологија. Се настанало од едно место пак случајно. По милиони години полека настанал човекот приспособувајќи се, вие не можете да сфатите тоа зашто мислите дека се одеднаш настанало, затоа ;) И не обвинувам некого ако не сфаќа нешто, Биг Бенгот ги има поставено иницијалните основи за се понатаму, не може да биде поинаку... повеќе среќа во некој следен Биг Бенг ;)

П.С. Зарем мислите Исус, Буда и слични имале врска некаква што збореле?:pos: кои дебили сте 21 век сме алоо... пред 2000 години луѓето немале наука и лесно биле лажени од такви шарлатани на магични печурки. Тие што не се согласуваат само ќе им кажам дека немаат елементарни научни познавања, за што пак, не сте криви како што реков, и не ми реплицирајте за ова, ама пошто се е детерминирано.. нема везе.

П.П.С. Да ви олеснам на вас што не сте доволно интелегентни да ја сватите науката во право светло, и да ви докажам дека и научниците може да тропаат глупости:
“All matter originates and exists only by virtue of a force... We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent Mind. This Mind is the matrix of all matter.” - Max Planck
:tapp::tapp: кој шутрак бил овој... conscious and intelligent Mind :pos: ама добро пред 50 години уште не било докажано дека не постои свеста т.е. не знаеле уште како функционира мозокот убаво и затоа, и уште Стивен Хокинг немаше докажано дека не постои господ, па немал доволно информации, можеби оправдано му е до негде што тропнал ваква глупост :unsure:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Оваа реченица не ми е јасна..кои се тие недостатоци??

Како кај кого. Кај тебе на пример се забележува недостаток на моќ за логичка аргументација, што укажува на тоа дека си можел да добиеш и поквалитетен мозок.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
пфф ма каков интелегентен дизајн... да беше интелегентен дизајн ќе немаше да биде толку празен, и ќе беше полн со чипови, со холограми... со големи плејстејшни, компјутери, ајфони... немаше да биде исполнет со глупости ко ѕвезди, планети, астероиди, и замислете живот :tapp:
4,6% од универзумот е направено од атоми. Абе тоа универзумот ПРЕПУНЕТ со ѕвезди, планети, астероиди... замисли живот.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Како кај кого. Кај тебе на пример се забележува недостаток на моќ за логичка аргументација, што укажува на тоа дека си можел да добиеш и поквалитетен мозок.
Немаш одговор па сега се префрлаш на тропање зелени.. така е тоа увек..
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Оваа реченица не ми е јасна..кои се тие недостатоци??
Мажите имаат брадавици, junk DNA, дополнителни мускули во ушите(extrinsic ear muscles, потекнуваат од нашите предци, нам ни се бесполезни), умници, трет очен капак(им користел на рептили, птици) и така натаму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom