\Универзумот воглавно е огромна празнина и не е ништо налик интелигентен дизајн
пфф ма каков интелегентен дизајн... да беше интелегентен дизајн ќе немаше да биде толку празен, и ќе беше полн со чипови, со холограми... со големи плејстејшни, компјутери, ајфони... немаше да биде исполнет со глупости ко ѕвезди, планети, астероиди, и замислете живот
за сите што веруваат во некакви мистерии и мислат дека има некаква интелегенција што учествува/ла во креирање на универзумов, едноставно одјебите... најсериозно одјебите, идите малку едуцирајте се од областа на квантна физика пред да кажувате вакви небулози. Значи ај ќе ве просветлам:
Универзумот настанал од ништо, а настанал од ништо зошто бил многу многу мал, и кога е нешто многу мало на квантно ниво се дешаваат срања што у вашиот мозок не можете да ги замислите освен ако не сте Стивен Хокинг, така што од ништо може да настане сешто случајно, а од ништо-сешто случајно настанато, натаму ништо не е случајно пошто се е детерминирано. Значи тоа Стивен Хокинг го има убаво објаснето во неговата книга, и има докажано дека Господ не може да се крие во толку мал простор, тоа што вие не можете да го сфатите тоа е затоа што е многу комплицирано за вашите црпки, сигурно не знаете повеќе повеќе од него, кој кур сте вие да знаете повеќе од универзумот од врвен физичар кој патем е инвалидизиран и не го троши времето на ништо друго, само на тоа размислува?
Ова овде што го пишувам не е резултат на некаква нечија волја, видете, не постои волја, тоа е се обавување на физичките закони на моето тело, од Биг Бенгот па натаму све е пресметливо што ќе се случува. Не дека е нешто стварно интелегентно нешто се случува, значи пак ќе повторам се тоа било случајно, од тоа случајно натаму се што ќе се случи е неизбежно. Каква црна волја мислите дека имате? Вие сте само посматрачи. Уствари не сте ни посматрачи, пошто вие уствари не гледате, не сте свесни, вие мислите дека сте, ама тоа е илузија, неврони во мозокот прават така да мислите. Уствари вие не ни мислите, мислите дека мислите, тоа се се пресметки у мозокот. Не постои нешто ко чувство, тоа е невронски процес. Не сфаќате? Епа глупи сте
Има уште некој што мисли дека постои алтернатива на теоријата за Биг Бенг? Па 100% знаеме дека се шири универзумов по redshift-от на другите галаксии. 100000000000000%. Не можеме да сме во грешка пошто сме многу напредни во нашите научни евиденции и уште малку фали за се да објасниме. И сите галаксии се шират подеднакво од нас и се убрзуваат. Тоа е дело на темната енергија, уште не се најдени нејзините атоми, ама кај и да ќе ги најде науката (запамтите, се е атоми, фалат уште да ги најдеме атомот на гравитацијата т.е. гравитонот, и атомот на просторот и на времето, кај и да е ќе биде) Значи морало да почне со една голема експлозија, нема шанси поинаку, не помислувајте на алтернатива, ќе направите научен ерес. Е сега некој ќе се избаци, ако универзумов се шири зошто ние не се шириме бла бла... Епа тоа е така затоа што околу галаксијава наша замислете
се нашла црна материја што го спречува ширењето, замислете која случајност, ух хвала теби Биг Бенгу.
И сеа некој тапчо ќе излезе да ми кажува како универзумот има интелегентно дефинирани параметри за да постојат ѕвезди, планети, живот (
http://en.wikipedia.org/wiki/Fine-tuned_Universe)
Епа уопште нека не помислуе да се фаќа за тоа, пошто научниците открија дека има безброј универзуми сите со различни параметри, од безброј сигурно ќе се најде еден во кој ќе има можност за живот, пак е тоа неверојатна случајност, ама нас ни изгледа дека не е, пошто сме се нашле во еден таков. Сигурно постојат и некои универзуми полни со сладолед на пример. Не ви изгледа логично? Епа на научниците им изгледа, сигурно не сте попаметни
И за крај кога ќе слушнам бљаботења за животот што како настанал, заборавате дека се е приспособување за преживување. Ако му треба на некое суштество око за да гледа, биологијата приспособувајќи се го прави окото, нема тука филозофија, не треба интелегентна поставеност за тоа. Чарли Дарвин има објаснето се, кој ви е крив што не се разбирате од биологија. Се настанало од едно место пак случајно. По милиони години полека настанал човекот приспособувајќи се, вие не можете да сфатите тоа зашто мислите дека се одеднаш настанало, затоа
И не обвинувам некого ако не сфаќа нешто, Биг Бенгот ги има поставено иницијалните основи за се понатаму, не може да биде поинаку... повеќе среќа во некој следен Биг Бенг
П.С. Зарем мислите Исус, Буда и слични имале врска некаква што збореле?
кои дебили сте 21 век сме алоо... пред 2000 години луѓето немале наука и лесно биле лажени од такви шарлатани на магични печурки. Тие што не се согласуваат само ќе им кажам дека немаат елементарни научни познавања, за што пак, не сте криви како што реков, и не ми реплицирајте за ова, ама пошто се е детерминирано.. нема везе.
П.П.С. Да ви олеснам на вас што не сте доволно интелегентни да ја сватите науката во право светло, и да ви докажам дека и научниците може да тропаат глупости:
“All matter originates and exists only by virtue of a force... We must assume behind this force the existence of a conscious and intelligent Mind. This Mind is the matrix of all matter.” - Max Planck
кој шутрак бил овој... conscious and intelligent Mind
ама добро пред 50 години уште не било докажано дека не постои свеста т.е. не знаеле уште како функционира мозокот убаво и затоа, и уште Стивен Хокинг немаше докажано дека не постои господ, па немал доволно информации, можеби оправдано му е до негде што тропнал ваква глупост