Петра П.
насмевка
- Член од
- 16 јануари 2008
- Мислења
- 2.724
- Поени од реакции
- 6.297
Јас сега ќе се фатам за сламче. )))Не знам дали во Македонија воопшто постојат шамани,но јас затоа ќе ви пишам за првиот српски шаман.
Ако се земат во предвид неколку работи претстави на шамани во македонската уметност имаме од раниот среден век.
Еве една теорија на еден наш одличен научник од институтот за Археологија и Историја на уметност:
Значи шаманот го дефиниравме како човек кој по пат на разни компоненти остварува комуникација меѓу реалниот и имагнарниот свет. Тоа главно се реализира преку некакво мистично патување кое е најчесто на небото и притоа шаманот се сретнува со разни натприродни суштества, богови, душите и слично..
Услов за реализација на ваквото поврзување е шаманот да е во ексттатична состојба која што се остварува преку некои негови вродени предиспозиции ( многу од шаманите се епилептичари), употреба на наркотици, разни движења, вокални, вербални, и танцови изведби проследени со музика ритам и шумови.
Клучен реквизит за остварувањето на ова патување најчесто е тапанот со чија што помош шаманот прави такма атмосфера која што е поволна за неговото поврзување со имагинарниот свет. Тој всушност е сообраќајно средство на шаманот па во многу од древните култури тој уште е нарекуван и коњ, елен, срна.
Ако ова се прифати како точно тогаш имаме неколку претстави на шамани на фрески од манастирот во Старо Нагоричино, во Лесновскиот манастир на некои икони ос скопски манастири .
Се до средината на 20 век извесни шамански елементи биле претставени и во јужнословенскиот фолклор.Така на пример во преданиата и прекажувањата од постарите генерации се зборува здухачи, змајови, змејовити луѓе, човек змеј. Тоа се луѓе од селска заедница кои благодарение на вродените и стекнатите предиспозиции имале моќ да патуваат на небото и да остваруваат одредени активности . И во сите приказни шаманот , здухачот е опишуван со тапан.
И крајно за опстојувањето на шаманизмот на овие простори можеме да ја поврзиме и приказната за Сиљан Штркот кој шо ако подобро се изанализира истата уствари можи да се воочи дека има многу сличности помеѓу шаманското патување и патувањето на Сиљан .
http://fzf.ukim.edu.mk/files/nikospdf/05. Baraban/Chausidis Baraban i skladnoe oro.pdf
Тука можите да прочитате повеќе