Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Не викам не.Да смеат да организира секаков протест ама зашто ес де ес не ги зема тие во нивна режија.Него поентата е следна:Ние ќе ги режираме протестиве и финансиско ќе ви помогнеме ама да се знае нашето име да не стои никаде зад протестов.Што добива со тоа???Утре кога народот е готов да го обори Грујо и да го стави Бране на власт.Да нема критики према Бране као демек тој се удирал вгради дека можел подобро да ја води држава, него вие не го сакавте Грујо и ме ставивте мене да ја водам држава и сеа што сакате???Постов ќе биде избришан ама ај нека биде барем пет минути на темава.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не викам не нека протестираат ама друго ми беше зборот.Зашто се кријат зад вакви организации?
Зашто не излезат јавно и кажат ние стоиме зад тој и тој протест??
Јас, јавно кажувам дека учествував на сите Протести.
А зошто за мене никој ништо не напиша?
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Не викам не.Да смеат да организира секаков протест ама зашто ес де ес не ги зема тие во нивна режија.Него поентата е следна:Ние ќе ги режираме протестиве и финансиско ќе ви помогнеме ама да се знае нашето име да не стои никаде зад протестов.Што добива со тоа???Утре кога народот е готов да го обори Грујо и да го стави Бране на власт.Да нема критики према Бране као демек тој се удирал вгради дека можел подобро да ја води држава, него вие не го сакавте Грујо и ме ставивте мене да ја водам држава и сеа што сакате???Постов ќе биде избришан ама ај нека биде барем пет минути на темава.
Скроз си забегал дефинитивно.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.934
Поени од реакции
45.050
Не викам не.Да смеат да организира секаков протест ама зашто ес де ес не ги зема тие во нивна режија.Него поентата е следна:Ние ќе ги режираме протестиве и финансиско ќе ви помогнеме ама да се знае нашето име да не стои никаде зад протестов.Што добива со тоа???Утре кога народот е готов да го обори Грујо и да го стави Бране на власт.Да нема критики према Бране као демек тој се удирал вгради дека можел подобро да ја води држава, него вие не го сакавте Грујо и ме ставивте мене да ја водам држава и сеа што сакате???Постов ќе биде избришан ама ај нека биде барем пет минути на темава.
Да де, еве ќе одиме по оваа твоја логика и оп, секој протест контра моменталново функционирање ќе е ваков, зашто буквално за секој протест контра актуелната власт или контра Се она што е директно или индиректно поврзано со нив, ќе можеме да го истуркаме твојов муабет што значи во земјава не смее да се протестира, така ?

Сега сваќаш колку е погрешно ваквото размислување ? Опозицијата, сакал ти или не, секогаш ќе има ќар од ваквите случувања, тоа не е случај во Македонија, насекаде во светот тоа е случај, така функционира секое нормално демократско општество само Македонија е Се само не нормално демократско општество, да ја разбираа луѓето и медиумите демократијата и истата да ја почитуваа, овие муабети никогаш немаше да ги водиме, Курир, Латас и сите останати немаше да информираат на начинот на кој што информираат, контрапротестите никогаш немаше да бидат случај, поголем срам од ова последново немало и ќе нема.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не викам не.Да смеат да организира секаков протест ама зашто ес де ес не ги зема тие во нивна режија.Него поентата е следна:Ние ќе ги режираме протестиве и финансиско ќе ви помогнеме ама да се знае нашето име да не стои никаде зад протестов.Што добива со тоа???Утре кога народот е готов да го обори Грујо и да го стави Бране на власт.Да нема критики према Бране као демек тој се удирал вгради дека можел подобро да ја води држава, него вие не го сакавте Грујо и ме ставивте мене да ја водам држава и сеа што сакате???Постов ќе биде избришан ама ај нека биде барем пет минути на темава.
Неможам да замислам дека до тој степен си ја мразите државата и сопствениот народ. Плашејќи се од „мртов“ човек и плашејќи муви со него одите против нас. Како не ви е срам не ми е јасно.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Скроз си забегал дефинитивно.
Забегале луѓе како тебе верувај.Кој уште мисли дека државата треба да им најде работа,да им обезбеди куќа,пари итн.Кој се врти како што дува ветрот.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Аман бе луѓе! Па кое е фајдето од постоење на опозициска партија ако не смее да се меша во протести или не смее да ја критикува Владата? Ги побркавте поимиве целосно... Не сте свесни какви дебилни работи изнесувате. Башка тоа, се ослонувате на булшит порталот Кур.ир. Каде со тој памет? Еднаш веќе пишав на темава, ама владејачките мегафони не рецкаат очигледно. Ако опозицијата некогаш сака да оформи Влада мора да го добие гласот на народот. Ќе го добие само ако работи против политиките на Владата кои се штетни за народот. Еден пример е поскапувањето на се и сешто. Значи мора да дотура бензин на оганот кој го разгорува народот. Тоа секако дека им смета на Илинденска бб оти ја губат подршката. Епа, господата Позиционери ќе го соберат шупчето и ќе попуштат под притисокот доколку сакаат да опстанат во Влада. Или ќе најдат излез од ситуацијата или ќе заминат во историјата. Така функционира една демократска држава. Не само од гледна точка на политичките науки, така функционира и природниот закон на еволуција. За да има напредок мора да постои конкуренција која до врвот ќе го донесе само оној кој ќе се покаже како најспретен во борбат за опстанок.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Забегале луѓе како тебе верувај.Кој уште мисли дека државата треба да им најде работа,да им обезбеди куќа,пари итн.Кој се врти како што дува ветрот.
За тоа прашај ги тие у ВМРО за шо се зачлениле, со таков памет се луѓе кои по партии си влегуваат за работно место.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Не викам не.Да смеат да организира секаков протест ама зашто...
Курир истражува кој стои зад протестите што ги притиска сите у Македонија и за сите е финансиски проблем (електриката, горивата и дел од граѓаните парното).
Курир може и подобро, да истражи кој стои зад контрапротестите и контрасиндикатите, кој ги финансира, што им е ветено. Инаку зашто би биле против протест со кој се бара регулација во условите за греење, храна, ... и воопшто поефтинување? Да е против нешто што и нему ќе му е од корист за домашниот буџет :facepalm:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Аман бе луѓе! Па кое е фајдето од постоење на опозициска партија ако не смее да се меша во протести или не смее да ја критикува Владата? Ги побркавте поимиве целосно...
Точно така....
Затоа и не чини нашата опозиција што не учествува и не организира вакви протести. Каква е таа опозиција, ние да протестираме, а тие само чекаат да дојдат на власт?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Точно така....
Затоа и не чини нашата опозиција што не учествува и не организира вакви протести. Каква е таа опозиција, ние да протестираме, а тие само чекаат да дојдат на власт?
Очигледно не се свесни за улогата која ја имаат, како што од Илинденска не ја гледаат потребата на опозиција во една демократска држава. Посебно е жално што дел од нивните функционери имаат завршено студии на катедри кои се поврзани со овие работи. Им се намочам на дипломите.
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
Прво да се разбереме не сум член ни на ВМРО ни на СДСМ ниту па сум бил.Него уште на времето(Некаде 2004-2005)бранев некој ставови на Вмро во врска со економијата на МК.Друго никој не веруваше дека светот во 2008 ќе влезе во светска економска криза повторувам Светска.Тогашниот став на Вмро беше дека само со странски инвестиции може да се спаси државава од колапс и почна да ја промовира државата како добра бизнис држава арно ама дојде 2008 светските економии кажаа стоп за инвестиции надвор од нивните граници.Прво ние да се соземе па после ќе инвестираме во други држави.Вмро што направи тогаш???Почна агресивна кампања за инвестирање во Македонија која и ден денес е активна.Кога сите држави од регионов го зголемија ДДВ-то тие на тоа рекоа НЕ.И полека почнаа да се привлекуваат инвестициите.Колку само фабрики се градат во Бунарџик,во источна МК,па еве сеа и во Битола.Што мислевте бевие да го зголемеше ДДВ-то ќе влезеа Џонсон,и сеа овие во Битола воопшто во Македонија??Не!!Попрво ќе одеа во Хрватска или Србија него кај нас.Субвенции на земјоделците.Оди прашај ги земјоделците дали знаеле што е тоа субвенција во период од 90-2006???Значи горе доле индиректно му помага на нашиов лежечки народ.Е сеа има и тука некои грешки што ги направи како оваа со регулаторнава ама тоа е никаде не е сјајно.
 
Имам сателитска и гледав пред една година, директен пренос, како социјалистите ( тогаш во опозиција ) во Франција протестираат во Парламентот, против законот со кој се зголемува старосната граница за одење во пензија.
Сите пратеници од опозицијата, свечано облечени, сите ставиле триколир ленти на градите, дискутраат и ја пеат химната. А надвор од зградата едно милион протестанти, протестираат.
Тоа е опозиција, тоа се протести на опозицијата...
А овие нашиве....
Добро би било следниов вторник да протестираме пред СДСМ...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прво да се разбереме не сум член ни на ВМРО ни на СДСМ ниту па сум бил.Него уште на времето(Некаде 2004-2005)бранев некој ставови на Вмро во врска со економијата на МК.Друго никој не веруваше дека светот во 2008 ќе влезе во светска економска криза повторувам Светска.Тогашниот став на Вмро беше дека само со странски инвестиции може да се спаси државава од колапс и почна да ја промовира државата како добра бизнис држава арно ама дојде 2008 светските економии кажаа стоп за инвестиции надвор од нивните граници.Прво ние да се соземе па после ќе инвестираме во други држави.Вмро што направи тогаш???Почна агресивна кампања за инвестирање во Македонија која и ден денес е активна.Кога сите држави од регионов го зголемија ДДВ-то тие на тоа рекоа НЕ.И полека почнаа да се привлекуваат инвестициите.Колку само фабрики се градат во Бунарџик,во источна МК,па еве сеа и во Битола.Што мислевте бевие да го зголемеше ДДВ-то ќе влезеа Џонсон,и сеа овие во Битола воопшто во Македонија??Не!!Попрво ќе одеа во Хрватска или Србија него кај нас.Субвенции на земјоделците.Оди прашај ги земјоделците дали знаеле што е тоа субвенција во период од 90-2006???Значи горе доле индиректно му помага на нашиов лежечки народ.Е сеа има и тука некои грешки што ги направи како оваа со регулаторнава ама тоа е никаде не е сјајно.
Ова е надвор од темава, бујрум во економија пастирај го истово. Acme Inc.; ќе ти кликне лајк за субвенциите.
А јас само ќе те поправам: беше дека кризата ќе не одмине. Па ова не се случи пред 30 години и не сме сенилни :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас сум доста амбивалентент кон овој протест и го подржувам и не го подржувам.
Го подржувам бидејќи се разбира кој сака високи цени кога се потрошувач.
Не го подржувам бидејќи:
1. Дел од нивните барања ми се нелогички
2. Дел од барањата се контрапродуктивни и ќе ја влошат состојбата
3. Несакам големи и масовни собиранки (од принцип одбегнувам било какви масовни протести)
4. Нема да успеат да постигнат ништо и е губење време
5. Мислам дека се партизирани и политизирани (квазилевичарски)
Како можеш да збориш вакви работи?
Регулаторна донесе правилник со кој ги присилува исклучените да повторно склучат договори со Топлификација, за да Топлификација повторно ги измамува и пљачка со калориметри и со високи цени.
Такво нешто немало ни во најцрните јужно американски режими, да присилуваш граѓани да потпишуваат договори со приватно претпријатие за да ова ги измамува и пљачка
Овде, пред се, се работи за повреди на основните човекови права
 
Kajgana Shop

На врв Bottom