Во никој случај не и кажувај дека ти се допаѓа, штом не си насетил досега дека таа има некои чувства кон тебе и ти мава некои флертови и знаци, шансите ти се нула.
Залудно ќе си расипеш другарство.
Најди си друга срцка, и не се замарај со оваа ќе ја заборавиш за брзо време..
Е сега ако навистина не сакаш да го послушаш овој совет и сакаш да си фураш по твое, тогаш патот ќе ти биде долг и тежок
Од мое искуство, секогаш сум имал по неколку што ми се свиѓале одеднаш, и доколку со едната односите не одат нешо јас место да се бедирам, се фокусирам на другата срцка, и секогаш сум топ, не се замарам. Иако секогаш ми останала само една срцка, како предизвик иако не се замарам ја имам во "играта", и после толку години.. прераснува повеќе од предизвик.
Незнам кој ти е стилот, ама јас секогаш сум фурал фраерска кариера, и никогаш не сум дозволил лигавење, и никогаш на типка не сум и кажал дека ја сакам, тоа можам да го изразам на друг по оригинален начин.
А во моите "најтешки" моменти место да ги .. изразувам моите чувства што ми е многу лигаво, кај мене обратно е, јас сум арогантен, и почнувам да ја "мразам" и тотално да ја исфрлам од предвид (деструктивен до даска).
Правилно или не .. обично секогаш сум го добивал тоа што сум го сакал, па ти колку можеш извлечи нешто од мојов коментар.