Секси е затоа што е глупава?

Член од
16 април 2012
Мислења
333
Поени од реакции
217
Во глобала сум смирен, ама глупаво девојче како знае да ме изнервира тоа е чудо. Поголема одбивност од тоа нема. Впечаток дека се секси веројатно се добива поради физичкиот изглед, кој е на прво место пред било каква интеракција.
Инаку, Парис, Ким и останати од тој калибар се далеку од глупави. Само сервираат тоа што светот сака да гледа, и одлично им оди.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Па не мора да биде паметна за да ми биде секси и не е болест глупавоста па да се лечи :icon_lol:, јас ќе ја научам како да размислува и ќе биде паметна :icon_lol:.
Буци, или таа ќе се опамети, или ти ќе оглупавиш покрај неа...трето нема:D
Интелигенцијата е најдобар подарок кој можете да го добиете од родителите.
А најголем хендикеп, исто така, аналогно, глупавоста.
Моќта на генетиката е страшна;)

Онтопик, егоистичните и нарцисоидни индивидуи се палат на глупи луѓе, бидејќи со истите лесно се манипулира. Колку е некој поглуп, толку подобро. Тука веќе ни сексот нема толкава врска, како желбата за контрола и доминација, се со цел да се задоволи патолошката потреба да заебеш некого на било кој начин - не само во кревет.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Ова како некоја контра-тежа на тврдењето дека „интелегенцијата е секси“? :)

Глупавоста е најголем turn-off, во никој случај не е секси. Ми се случило безброј пати некоја да ми се чини секси, се додека не почне да збори.
Ако е секси нема потреба да се зборуе :DD
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Ако некоја девојка е секси тоа е првенствено поради нејзиниот физикус ............. без разлика дали е глупа или не !
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
13
Поени од реакции
4
Dobra tema, na koja moze mnogu nesto da se diskutira. Poimot "glupava" spored mene, ne znaci deka nekoja persona ne e intelegentna ili nepismena. Ima "glupavi" , koi seto ona sto go steknale vo zivotot kako na primer, brak, deca, dobra materijalna sostojba ili ne znam sto drugo, bi go prokockale samo zatoa sto naisle vo momentot na nekoj "podobar dasa", koj mozebi ne znae ni mrsulite da si gi izbrise, ama ete, go biva da svitka nekoja takva "glupava" zenska. Se razbira , vo isto vreme taa osoba ke dobie od mrsulkoto mnogu komplimenti za nejzinata seksipilnost, a za zal, ne znam zosto, ama mislam deka zensite navistina se palite na nekoi komplimenti, kako da od toa vi zavisi karakterot na licnosta. I eden navistina takov dobar kompliment e koga nekoj fraer ke Vi kaze : "Srcka, deneska si mi mnogu ubava" ,a Vie se palite, zaboravajki deka sekoj den ste ubavi, ama za fraerot tokmu toj den.
Zenski.......komplimentot e ubava rabota, no ne dozvoluvajte toj da vi go smeni zivotot, oti nisto poveke nema da moze da go izbrise pogresniot cekor, a posle toa samo ke vi ostane prasanjeto: " zar sum tolku GLUPAVA" , zatoa potrudete se da bidete pametni i seksi, sto i ne e taka nevozmozno...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Вака, ги избришав само последните, а сега ќе се допрецизирам.

Значи, не е поентата мажите какви жени сакаат, како се облакаат, дали читаат книги и слични, туку дали на мажите им е секси и привлечно тоа кога девојката треска зелени, трепка со очињата и не знае еден асален муабет да направи. Односно, во последно време преплавени сме со вести за Сораји, Кардашијани, Хилтони и слични појави кои се своевиден феномен и на голем дел од мажите им течат лиги по истоимениве девојки иако трескаат глупости и со ништо не покажале малце ум.

Мене не ми смета, немам ништо против никој, секој има право да си го води својот живот како сака, ама прашањето ми е, дали тоа што одредена девојка се смета за глупава/полесно да се прелаже барем во оние општи општествени рамки е фактор плус за нејзината привлечност или не?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
дали на мажите им е секси и привлечно тоа кога девојката треска зелени, трепка со очињата и не знае еден асален муабет да направи.
Kratko i jasno - NE!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Жената која ја сакам е и паметна и духовита. Тоа е и првото што го забеележав и сфатиф кај неа... и беше доволно.
Да не беше таква - немаше ни да ја приметам.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.710
Поени од реакции
13.390
Crazy in Love
Сосема добро ја сфатив темата и затоа пишав ептен едноставно. Секси е физикусот. Секси е кога карактерите се преклопуваат.
Поентата во првото е едноставна. Човекот најпрво нешто што забележува кај нештото што му се допаѓа е некогвиот надворешен изглед. Сетила, јбг.
Е сеа второво... Секси е кога карактерите се совпаѓаат. Тогаш има соодветна компатибилност и душевниот оргазам е дааалеку подолг од оној каде карактерите не се компатибилни. Да ти илустрирам. Тип кој има развиено когитивно размислување ќе запознае типка со гледишта не подалеку од тоа колку трепките треба да и` бидат големи. Тотална некомпатибилност. Или еве нешто поблиско - Тип кој е улично воспитан (не клошар туку највеќе “емпириски“ има испитувано околина, оди со типка која има школско образование но не и искуство. Пак неадекватна компатибилност (иако поприфатлива). Финтата е што повеќе има вклопување во карактерите (не во вкусови, ставови - тоа е сосема друго нешто, туку во начинот на пристапот) тоа е повеќе.... секси.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.082
Поени од реакции
25.219
Вака, ги избришав само последните, а сега ќе се допрецизирам.

Значи, не е поентата мажите какви жени сакаат, како се облакаат, дали читаат книги и слични, туку дали на мажите им е секси и привлечно тоа кога девојката треска зелени, трепка со очињата и не знае еден асален муабет да направи. Односно, во последно време преплавени сме со вести за Сораји, Кардашијани, Хилтони и слични појави кои се своевиден феномен и на голем дел од мажите им течат лиги по истоимениве девојки иако трескаат глупости и со ништо не покажале малце ум.

Мене не ми смета, немам ништо против никој, секој има право да си го води својот живот како сака, ама прашањето ми е, дали тоа што одредена девојка се смета за глупава/полесно да се прелаже барем во оние општи општествени рамки е фактор плус за нејзината привлечност или не?
Значи се си е во ред, и јас пак си стојам на постот од вчера. Сето тоа трепкање со очињата, смешкање, делување како да е изгубена малце во просторот и времето, лигавењето (до одредени граници), изгледањето по малце наивно, невино, незаштитено, ранливо и донекаде детинесто е секси за мажите. Да, се согласувам дека овие карактеристики се во главно одлика на глупи жени, пишав зошто кај тие умните и образованите на мајка тоа не е случај, и токму поради тоа мислам дека е настаната заблудата дека кога е глупа е воедно и секси. Меѓутоа убеден сум дека и жена со ај кју миљарда, која има триљони на банка, 7 факултета, 5 доктората и 3 нобелови награди, ако делува со оние особини како што ги пишав во претходната реченица повторно ќе биде сметана за секси од мажите. Од друга страна знам девојки што ем се глупи ко ќускии, ем се арогантни, намќори, препотентни, се на нив не им чини, ширачи на негативна енергија, напорни и оток за комуникација. Многу нормално, ретко кој ги смета нив за секси. Се е до тоа дали и колку знаеш да го извозиш филмот и да направиш да се осеќа како машко. Тие што ги бива без разлика дали се паметни или глупи, ги бива и секогаш има кој да ги побара на дејт. Тие што не ги бива се жалат дека мажите не им пристапувале оти биле многу успешни и паметни. Многу такви ги знам, баш ми текна на една таква магистерка и веома привлечна. Седиме друштво пред 2-3 години во Маракана вади она цигара, вади еден од друштво упаљач да и запали и следи-Не сум саката, можам и сама да си ја запалам. Епа запали си ја сама :sneaky:. И да, уште е сингл и уште се жали оти не била глупа.
 
H

HITCH

Гостин
Всушност секси значи: физички привлечна личност која зрачи со позитивност, гламурозна, маркантна, умерено провокативна, со доза на екцентричност и авангардност, личност која ја посакуваш за секс, значи некои мажи и не се далеку од вистинското значење на зборот. :icon_lol:
Проблемот е што некои термини денешнава омладина погрешно ги толкува. Да, самодовербата е дел од сексипилот, без самодоверба не можете никого да го привлечете, но глупавоста е далеку од секси. Глупавоста значи: немање на умствен капацитет за однесување, реагирање и разрешување на одредени, важни или неважни, работи. Ако немаш умствен капацитет, а привлекуваш луѓе само за секс тоа те прави нешто друго, а не секси личност.

Ама стручно и завлегов на темава... :pos:

Сето тоа трепкање со очињата, смешкање, делување како да е изгубена малце во просторот и времето, лигавењето (до одредени граници), изгледањето по малце наивно, невино, незаштитено, ранливо и донекаде детинесто е секси за мажите.
Како може ова да ве привлекува? Најсериозно прашувам. Зошто имате потреба да глумите супериорност?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom