Оштетени слушалки

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Немам пари за такво нешто, користам Philips едни од ’95та уште...Earbuds од iPod-от ги користам на мобилен кога слушам музика, од Нокиа едноставно ако не е N серија, немаат добри слушалки..
Не знам колкав ти е буџетот, но ако можеш да издвоиш околу 70 долари тогаш земи го барем моделот М-30 кој со се шипинг изнесува толку некаде.

http://www.ebay.com/itm/AUDIO-TECHNICA-ATH-M30-CLOSED-BACK-STEREO-MONITOR-HEADPHONES-ATHM30-/130764451588?pt=US_DJ_Monitoring_Headphones&hash=item1e722b2f04

Лично го користам Koss Porta Pro моделот кој чини некаде околу 55 долари со се шипинг и е еден од најдобро оценетите модели во нискобуџетниве слушалки и можам да кажам дека сум задоволен каков звук вади, но лично ме нервира што не ми лежи некако на уши.

http://www.ebay.com/itm/C45-New-Koss-Porta-Pro-PortaPro-Classic-Deep-Bass-Stereo-Headphones-for-iPod-BLK-/320935434052?pt=US_Headphones&hash=item4ab93e1744
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Прво ако има ваква тема, нека се спои. Јас не најдов.
Слушалките прво ми беа во ред. За некоја недела престана да ми работи левиот дел, всушност нели тоа е до контактот, за да после ми се искине уште една жичка и да немам звук ни на лев, ни на десен дел. Дали е возможно ова да се поправи или им дојде крајот?
Мене сега скоро ми се прекина жичката од левата слушалка, имам од оние со мембрани што се за во уше и ги платив пред некоја година прилично скапо, па не ми се фрлаа и ги однесов кај еден мајстор, електричар, добар познаник... ми ги среди за 100 денари. Е сега, естетски не се тоа што беа. На пример, приклучокот кој беше алуминиумски мораше да се сечи и на тоа место сега има силикон, па јас со изолир ги обвивав... Сакам да кажам, вреди ако се поскапи и квалитетни слушалки. Ако се некои до 5-600 денари, не вреди.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Лично го користам Koss Porta Pro моделот кој чини некаде околу 55 долари со се шипинг и е еден од најдобро оценетите модели во нискобуџетниве слушалки и можам да кажам дека сум задоволен каков звук вади, но лично ме нервира што не ми лежи некако на уши.

http://www.ebay.com/itm/C45-New-Koss-Porta-Pro-PortaPro-Classic-Deep-Bass-Stereo-Headphones-for-iPod-BLK-/320935434052?pt=US_Headphones&hash=item4ab93e1744
Слушалкиве и 10 евра да беа не би дал за нив... Толку неудобни и лошо градени слушалки до сега не сум сретнал.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Слушалкиве и 10 евра да беа не би дал за нив... Толку неудобни и лошо градени слушалки до сега не сум сретнал.
Се согласувам дека не лежат на уво, ама морам да признаам дека вадат подобар звук од многу поскапи слушалки.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Се согласувам дека не лежат на уво, ама морам да признаам дека вадат подобар звук од многу поскапи слушалки.
Џабе квалитет на звук ако не се удобни. Пошто на пример, ти може да уживаш во звукот, ама се' е тоа џабе ако тоа уживање трае 10тина минути (или колку и да е потребно за да почнат да те болат ушите од нив)...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Џабе квалитет на звук ако не се удобни. Пошто на пример, ти може да уживаш во звукот, ама се' е тоа џабе ако тоа уживање трае 10тина минути (или колку и да е потребно за да почнат да те болат ушите од нив)...
Намести ги на light, и нема да стегаат толку.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Се согласувам дека не лежат на уво, ама морам да признаам дека вадат подобар звук од многу поскапи слушалки.
Ај некој предлог за слушалки со микрофон. Главно за користење со мобилен и претежно за возење точак. Овие што ги дааат со телефониве обично паѓаат, звукот не го коментирам. Нешто отприлика вака (сликава е само пример за форма):
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ај некој предлог за слушалки со микрофон. Главно за користење со мобилен и претежно за возење точак. Овие што ги дааат со телефониве обично паѓаат, звукот не го коментирам. Нешто отприлика вака (сликава е само пример за форма):
До која цена?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
60-тина евра. Има комбинација и од Америка да се донесе, па можам да поминам поевтино. Иначе Ибеј ми е на клик :D

Да бараше без микрофон ќе ти ги препорачав од одма овие три модели еден..
http://www.ebay.com/itm/Klipsch-IMAGE-S4-In-Ear-Noise-Isolating-Headphones-AS-IS-/271023484551?pt=US_Headphones&hash=item3f1a422e87

http://www.ebay.com/itm/Earphone-HA-FX1X-Xtreme-Xplosives-In-Stereo-headphone-Deep-Bass-/280968800345?pt=US_Headphones&hash=item416b0ba859

http://www.ebay.com/itm/Panasonic-HJE-120-K-Black-Ergofit-In-Ear-Headphones-/271030180895?pt=US_Headphones&hash=item3f1aa85c1f

Со микрофон не знам што да ти препорачам, можеби Psyside ќе ти даде некој подобар предлог.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
„Клипш“-от и „Екстрим“-от ми стојат во „Вишлист“ веќе некое време :D. Знам дека има доста солидни слушалки без микрофон, ама ми треба со микрофон за додека возам точак или генерално слушам музика со телефонот во џеб, да зборам директно на слушалките. Имаше еден модел од Санхајзер Адидас, ама не прочитав добри критики за звучната страна на слушалките. Ова можеби е и за очекување ако се земе фактот дека се работи за слушалки за вежбање/спорт каде сигурно не би обрнувал многу внимание на квалитет на звук.
Фала за коментарот и предлозите друже!
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Прво ако има ваква тема, нека се спои. Јас не најдов.
Слушалките прво ми беа во ред. За некоја недела престана да ми работи левиот дел, всушност нели тоа е до контактот, за да после ми се искине уште една жичка и да немам звук ни на лев, ни на десен дел. Дали е возможно ова да се поправи или им дојде крајот?
Истото ми се случи, ги отворив ги залемив и сеа се многу топ :)
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Ај некој предлог за слушалки со микрофон. Главно за користење со мобилен и претежно за возење точак. Овие што ги дааат со телефониве обично паѓаат, звукот не го коментирам. Нешто отприлика вака (сликава е само пример за форма):
А нешто вака?
http://www.sonymobile.com/in/products/accessories/stereo-headset-mh650/

Долго време имам Sony Ericsson слушалки и стварно неам никаков проблем со паѓање пошто користат некои подобри гумички за слушалките од останатите.

Или па овие: http://www.sonymobile.com/in/products/accessories/livesound-hi-fi-headset/
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
А нешто вака?
http://www.sonymobile.com/in/products/accessories/stereo-headset-mh650/

Долго време имам Sony Ericsson слушалки и стварно неам никаков проблем со паѓање пошто користат некои подобри гумички за слушалките од останатите.

Или па овие: http://www.sonymobile.com/in/products/accessories/livesound-hi-fi-headset/
Ќе ги разгледам, фала за предлогот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom