HristijanWR10
Bryan Kearney
- Член од
- 11 април 2012
- Мислења
- 10.765
- Поени од реакции
- 20.485
Петтиот член на „Битлс“ играше за Манчестер Јунајтед
Големината на Манчестер Јунајтед се мери по легендарните фудбалери кои го носеле дресот на овој клуб. Во шеесеттите години од минатиот век светот го доби хипи-движењето, музиката - „Битлси“, а фудбалот - Џорџ Бест. Со години трае дебатата кој е најдобриот фудбалер кој ја носел фамозната „седумка“ на „црвените ѓаволи“. Брајан Робсон, Ерик Кантона, Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо се едни од најдобрите фудбалери во историјата на спортот, но како што велат во Северна Ирска: „Марадона добар, Пеле подобар, Џорџ (Бест) најдобар“.
Во далечната 1961 година скаутот на Манчестер Јунајтед, Боб Бишоп, му напишал телеграма на легендарниот менаџер Сер Мет Базби со следнава содржина: „Мислам дека ти пронајдов генијалец“. Џорџ Бест се сели во Манчестер на само 15 години, откако претходно неколкупати бил одбиен од локалниот клуб во Белфаст, Гленторан, поради неговата слаба физичка градба. Само две години подоцна дебитира на „Олд Трафорд“ против ВБА и веднаш станува миленик на домашната публика. Набрзина ја освојува Англија и цела Британија, а во 1966 година, откако ќе постигне два гола против Бенфика во Лисабон, во рамките на четвртфиналето во Купот на шампионите (сега Лига на шампиони) португалскиот печат ќе го нарече „петтиот член на Битлс“.
Алкохолот беше негово секојдневие, а доколку го немаше овој порок само небото ќе беше граница за неговиот талент. „Не пиев алкохол само кога спиев“, рече Бест за неговата зависност. Колку и да му беше јасно дека си ја уништува кариерата, алкохолот е единствениот противник кој не можеше да го издрибла и да го победи. Неговиот животен стил не му дозволуваше на фудбалот да се развива. „Еднаш во 1969 година се откажав од алкохолот и од убавите жени. Тоа беа најлошите 20 минути во мојот живот“, изјави Бест за својот плејбој-статус. Тој никогаш не одбиваше добра забава, брзи автомобили и лесни жени, а често знаеше да заврши и зад решетките.
Го носеше дресот на Манчестер Јунајтед цели 13 сезони, а притоа освои една титула во Купот на Европа и две шампионски титули во Англија. Сè уште е најдобрата „седумка“ во очите на навивачите на „црвените ѓаволи“. По Јунајтед, смени дури 15 клубови, играше во Шкотска, САД, ЈАР, па дури и во Хонгконг. Во кој дрес и да настапувал и колку и да бил пијан секогаш успевал да ги освои срцата на навивачите. Во дресот на репрезентацијата на Северна Ирска забележа само 37 настапи, но недисциплината беше главната причина поради која немаше подобри настапи за својата земја.
Во 2005 година Џорџ Бест ја загуби битката со алкохолот. Само еден ден по неговиот погреб погледнете како навивачите на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ за последен пат ја поздравија својата легенда - тука. Овој текст завршува со уште една легендарна изјава на нескротливиот Ирец: „Да не бев толку убав сигурно ќе бев подобар од Пеле“. А ако зборовите не ве уверија во фудбалскиот талент на Џорџ Бест, тогаш погледнете го клипчето подолу.
via. MnogooSport