D
Daedalus
Гостин
По некоја случајност има одговор на сите тие прашања кои ги постави, очигледно не си ни го барал одговорот и не си сакал ни да го најдеш. Имаш запамтено 10 обивинувања, кои се побиени и сега откако ќе ти ги приложам одговорите на сите твои прашања, ќе ги прочиташ...ќе рипнеш да други прашања или ќе речеш дека тоа се глупости. Во следната твоја дебата за оваа тема, повторно ќе ги поставуваш истиве прашања како приказ на твојот аргумент, заборавајќи ги одговорите кои ти биле понудени затоа што си НЕотвороумен за да ги разгледаш двете страни на аргументот.Имаш очигледни докази потврдени од цели институции,инжинери,научници,професори итн.
Прашања на кои НИСТ и комисијата за 9/11 немаат одговор или избегаваат да образложат зашто и самите знаат дека треба да се направиш будала пред цел свет.
Да не постирам линкови од документарци кои јасно укажуваат дека е организирано од владата и надворешен фактор на пр. Зионистите од Израел и некои германски банки.
Ако си толку сигурен дека не е заговор тогаш одговори ми на неколку прашања.
1. Зашто не покажат снимка што удри во Пентагон..(немој да ми ја приложиш едната единствена)
2. Од која причина се урна зграда 7.
3. Flight 93 за кој викаат дека се урнал,каде се остатоците?Имаше само дупка.
4. Од каде се најде стопениот челик у подрумите на кулите дури 2 месеци по рушењето?
И уште еден куп прашања на кои нема одговор,на пример зашто Лери Силверстин кој е Еврејски зионист ги осигурал зградите од терористичи напад само 3 недели пред нападот,зашто дента пред 11,9 на берзата се кладеле дека на тие две авиокомпании акциите ке им паднат значително при што заработиле милијарди,преку 1000 очевидци кажуваат дека имало експлозии во кулите пред да се срушат.
Премногу смрди работата за да не е inside job.
Има милион обвинувања, дека сето тоа е работа на таканаречените "зионисти", кои наводно треба да бидат моќни еврејски фамилии кои прават заговор против светот.
Цела евиденција за тоа дека еврејска работа е матна и не јасна.
На пример делот кадешто постои обвинување дека Одиго, која воедно е еврејска компанија, добила предупредување во Израел, да ги регрутира своите работници затоа што Америка ќе платела за своите гревови. Секако делот што не го спомнуваат твоите херои како Алекс Џонс е дека предупредувањата ги добиле во Израел и се однесувало за работниците кои биле во Израел а не во Америка. Која е поентата да предупредуваш луѓе во Израел за инцидент во Америка. Другите обвинувања се дека 4000 евреи кои работеле во центарот не дошле на работа тој ден. Нема ниту еден документиран приказ за бројката од 4000 евреи а исто така никој не го зима во предвид тоа дека Ани Татлок нејзините многубројни партнери како и цели тимови не биле на работа тој ден од различни причини што е секојдневие за работниците во центрите кои биле срушени. Сите обивинувања дека ова е масло на евреите се анегдотални и не евидентирани.
1. Снимките од ударот во Пентагон кои биле рекордирани се тие...не може да измислат нови снимки само за тебе. И каква врска има сето тоа со заговор. Дури и да е заговор зашто мислиш дека тоа ќе ги спречи да ти ги дадат снимките.... Ako сакаш повеќе специфични примери и објаснувања за Пентагон повели
http://www.911myths.com/html/pentagon.html
2.За зградата 7 постојат претпоставки дека имало дизел мотори и други запаливи материјали. Фактот дека истата се наоѓала во близина на големи кули ги зголемува шансите истата да била оштетена и запалена. Плус не ја гледам поврзаноста на заговор со специфична зграда која постои можност да се срушила од мал милион фактори.
http://www.skepdic.com/911conspiracy.html#building7
3.Како тоа каде се остатоците? Најдени се и остатоците и све.
http://en.wikipedia.org/wiki/United_Airlines_Flight_93
http://www.911myths.com/html/there_was_no_plane.html
Најдени се сите остатоци со фото и со све...Ова е најглупавиот аргумент што сум го слушнал до сега.
4. Сцената на злостор се истражува долго време. Стопениот челик е нормална работа со оглед на темепратурата која се постигнува при удар и плус зголемувањето на истата поради материјалите кои биле запаливи.
http://www.debunking911.com/moltensteel.htm
повеќе околу темата(ако има нешто што не ти е јасно прашај)...
Причините поради паѓањата на акциите на берзата се различни а евиденцијата дека тој се кладел поради 9/11 е уште поматна. http://www.911myths.com/html/put_options.html
И така викаш Лери Силверстин е зионист.
Ова е твој заклучок така? Oсигурањето на зградите ама нема НИКАКВА поврзаност со 9/11. Секоја година постои осигурување на зградите од различни причини. Актот на осигурање на зградите во претходните години исто така е поради 9/11?