Дали верувате во теории на заговор?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли во теории на заговор?

  • Вкупно гласачи
    130
A ти си што, психијатар? Па знаеш?

Убаво знаеш што пишав, не пишувам во хиероглифи. Те прашав што е со сите теории на заговор кои со една реченица ги обележа како лажги? Од каде таа сигурност, објасни се.

А ти какви аргументи придонесе за дискусијава? Освен негации во една реченица? Па повеќе валидност имаат тие што тврдат такви "луди" работи бидејќи барем се обидуваат да објаснат што им се случило, и ред други кои аргументираат во врска со теорииве и мистерииве.

Едно е да си добро поткован скептик, другo е да си скептик без муниција, трето е да си скептик .... just because.

И пази, скетпикот по дифолт треба да е со отворен ум, а не со веќе направени заклучоци да истражува некој аобласт, како што прават некои фаци кои се декларираат како скептици на овие полиња. Можеш да ја провериш дефиницијата.
Како прво прашај ти стручно лице за темава со контакти со вонземјани од некои луѓе и ќе ти стане јасно. Второ погрешно ме сфати, јас мислев дека онака понекогаш си размислувам што ако тие што се занимаваат со теории на заговори се нечии војничиња, за да прикријат нешто поголемо, не дека сум сигурен во ова:) . И не сум скептик, туку едноставно ако повеќе ги анализираш теориите за заговор ќе сфатиш дека има огромен број на грешки, од научен аспект.;)
 
Од толку многу што се со грешки, избери една и ајде да ја анализираме.
 
ОК. Пример ова го прочитав во ЕМИТЕР. Незнам дали имаш слушнато за црната месечина. Така има кажано дека всушност некој си астроном Пичели ја видел, а всушност, таков астроном да не ти постоел.:LOL:
 
Која е таа црна месечина? Прв пат слушам за ова :cautious:
 
Црна месечина всушност било тело за кое незнам кој астроном го видел... Всушност орбитата и била помеѓу Месечината и Земјата, па некои денешни луѓе што се бават, нели, со теории на заговор, дека бил некаков вонземски објект. Така да оваа теорија е прилично неточна.
 
Од толку многу што се со грешки, избери една и ајде да ја анализираме.
На пример: Грешка е дека постои раса ко рептилиани. Грешка е дека кралицата на Англија е една од нив. Грешка е дека постои раса како сиви. Грешка е дека постои свест како одвоен ентитет од работата на мозокот. Грешка е дека 9/11 е inside job. Грешка е дека либералите праат заговор против конзервативците за да ја промовираат геј идеологијата и да ги напраат сите гејови. Знаеш дека таквите како Алекс Џонс мислат дека хомосексуалците имаат пропаганда цел свет да го напраат хомосексуален условно кажано? Тоа не е грешка?
 
Црна месечина всушност било тело за кое незнам кој астроном го видел... Всушност орбитата и била помеѓу Месечината и Земјата, па некои денешни луѓе што се бават, нели, со теории на заговор, дека бил некаков вонземски објект. Така да оваа теорија е прилично неточна.

Сега сфатив за што збориш. Основата за оваа терија е земено од сателитот Црн Витез. Сателит кој се сметаше дека не е изграден од човекот. Ама зошто сателитов прешол во црна месечина јас не знам ...... исусе христе ... расипан телефон работава ...

На пример: Грешка е дека постои раса ко рептилиани. Грешка е дека кралицата на Англија е една од нив. Грешка е дека постои раса како сиви. Грешка е дека постои свест како одвоен ентитет од работата на мозокот. Грешка е дека 9/11 е inside job. Грешка е дека либералите праат заговор против конзервативците за да ја промовираат геј идеологијата и да ги напраат сите гејови. Знаеш дека таквите како Алекс Џонс мислат дека хомосексуалците имаат пропаганда цел свет да го напраат хомосексуален условно кажано? Тоа не е грешка?

Не реков дека верувам и јас во се и сешто. За Рептоидите и Greys, имам зборено на големо на подфорумот мистерии, така да нема да ја трујам темава овде со тоа, останете си со заклучокот кој вам ви одговара. Не верувам дека Кралските семејства се Рептоиди in disguise, но дека не се обични луѓе, не се (зборам од биолошки аспект, не благороден :D). Од значење е тоа што никој од кралските семејства не сака да даде крв, и избегнуваат шашави прашање околу нивното семејно стебло, поврзаност со одредени, интересни фаци денес и во историјата, и серија заболувања од кои нивни предци страдале наводно и ред други работи. It makes one wonder ...

Тоа за геј агендата мене ми е одамна јасно. После prison planet форумот, го сретнав истото кај дејвид ајк форумот, сокоро во ист интензитет. Ако постои такво лоби, ќе бев и јас во него :D, барем до толку сум абициозен XD.

За свесноста, исто на големо имам зборено. Човек што загувил две третини од мозокот, и не само што може да збори, туку се сеќава на се, нормално размислува ..... тоа не е нешто во рамки на очекуваното ако се почнува и завршува со мозокот. Тие информации и способноста за рационално размислување, опстојување на егото, мора да биде независно од мозокот, за да опстои во таква форма. Информациите состоеени во него, да се распределат кај остатокот на невроните што останале кај човекот. А ова вади и друга новина - дека невроните содржат многу повеќе капацитет и потенцијал, од претходно мисленото.
--- надополнето: 16 септември 2012 во 18:34 ---
Го заборавив и 9/11. Не е прв пат да прават глупости на своја почва американците, притоа обвинувајќи друга група луѓе за стореното.
 
Сега сфатив за што збориш. Основата за оваа терија е земено од сателитот Црн Витез. Сателит кој се сметаше дека не е изграден од човекот. Ама зошто сателитов прешол во црна месечина јас не знам ...... исусе христе ... расипан телефон работава ...
Не, не е тоа, мислам. Ај кажи повеќе нешто за ова.
 
Пред неколку години истражував за ова, не се сеќавам на сите детали. Се работи за сателит, за кој има сомнежи дека е од вонземско потекло. На почетокот од 20 век далеку повеќе внимание му било посветено во медијата, кое се повторува некаде во 60те години пак. Но денес ретко кој се сеќава на тоа, иако можеби биле живи и во тоа време. Нити медијата има некаков интерес за него. Знам дека во истражувањата спроведени тогаш имаше дека добиле некакви сигнали од него според кој е нацртана динамична мапа која е идентична со дел од соѕвездието Boötes (Волар), каде е прикажан фокус на ѕвездата Изар. Динамичната мапа покажува временски период од отприлика 13.000 години каде се движат ѕвездите се до денешната распределба. Според истражувачите, теоријата беше дека поранешна/сегашна цивилизација која живеела/живее таму го испратила тој сателит кај нашиот сончев систем, кај нашата планета. Била салбо подржана поради тоа што пред 13.000 години не сме имале технологија која ќе и наговести на некоја цивилизација дека тука има интелигентен и технолошки развиен вид. Или може и не е толку слаба ...... според некои нови документарци :D, ама тоа е за посебна тема.

Ова е вака кратко од што ми текнува сега во моментов. Ќе се навратам пак да истражам да видам што се случило од тогаш, дали е нешто расветлено со случајот или не итн.
 
На англиски како се вика заговорот?
 
Не реков дека верувам и јас во се и сешто. За Рептоидите и Greys, имам зборено на големо на подфорумот мистерии, така да нема да ја трујам темава овде со тоа, останете си со заклучокот кој вам ви одговара. Не верувам дека Кралските семејства се Рептоиди in disguise, но дека не се обични луѓе, не се (зборам од биолошки аспект, не благороден :D). Од значење е тоа што никој од кралските семејства не сака да даде крв, и избегнуваат шашави прашање околу нивното семејно стебло, поврзаност со одредени, интересни фаци денес и во историјата, и серија заболувања од кои нивни предци страдале наводно и ред други работи. It makes one wonder ...

Тоа за геј агендата мене ми е одамна јасно. После prison planet форумот, го сретнав истото кај дејвид ајк форумот, сокоро во ист интензитет. Ако постои такво лоби, ќе бев и јас во него :D, барем до толку сум абициозен XD.

За свесноста, исто на големо имам зборено. Човек што загувил две третини од мозокот, и не само што може да збори, туку се сеќава на се, нормално размислува ..... тоа не е нешто во рамки на очекуваното ако се почнува и завршува со мозокот. Тие информации и способноста за рационално размислување, опстојување на егото, мора да биде независно од мозокот, за да опстои во таква форма. Информациите состоеени во него, да се распределат кај остатокот на невроните што останале кај човекот. А ова вади и друга новина - дека невроните содржат многу повеќе капацитет и потенцијал, од претходно мисленото.
--- надополнето: 16 септември 2012 во 18:34 ---
Го заборавив и 9/11. Не е прв пат да прават глупости на своја почва американците, притоа обвинувајќи друга група луѓе за стореното.

Toa дека нејќе никој да даде крв се чисти измислици.
http://wiki.answers.com/Q/Do_the_royal_family_donate_blood
Претпоставувам дека законите за вакцини, проверка на крвта во лабораторија и сите остали ствари не важат за нив затоа што по нечија претпоставка тие не се луѓе иако нема евиденција за истото....
Дури и крвната група на кралицата на Англија е меинстрим.
http://bloodbanker.com/plasma/tag/queen-elizabeth-ii-blood-type/

можда ова е измислица и фора, уствари никад не и ја провериле групата, вистината е дека нејќела да даде крв заедно со нејзините роднини. Тие извори на информации што навистина немаат никаква вистина и докази позади нивното тврдење за жал се поактуелни и сите им веруваат без при тоа никогаш да ја поткопаат нивната релиабилност. Додека јасни реални и видливи докази се занемарени како лажни. Кажи ми....за што е поголема шансата.
Да е вистина тоа дека кралицата донирала крв, позната и е крвната група и е човек...или да е некое суштество кое никогаш не е регистрирано во историјата на човештвото пошто нејзината раса живее во тајност стотици години, и доказот дека таква раса постои успешно го затскриваат?Но по некоја случајност, ти и уште мал милион луѓе го знаат тоа....

А за човекот што загубил 2/3, многу зависи кои две третини и дали се баш две третини. Од друга страна исто така зависи дали при тоа биле оштетени центрите за говор итн што сеуште може да ги користи. Ако не биле оштетени тогаш сеуште може да е активен. Исто така тука постои феноменот на неуропластичност на мозокот. Прати ми го случајот ќе разгледаме што како зашто. Од друга страна дали ги зимаш у предвид милионите регистрирани случаи на луѓе кои загубиле делови од мозокот и не се никогаш нормални повеќе. Некои се со оштетен говор, некои со оштетена неуробиолошка активност итн.. Што е со тие што имаат Паркинсонова болест или Даунов Синдром? Тие што имаат менингитис? Или аутизам и шизофренија? Тие што се пријани или издрогирани? Луѓе кои доживуваат мозочен удар и цел живот страдаат при што се психофизички неактивни? Или тие што биле лоботомирани...Зашто за нив не важат правилата на умот и не се нормални како сите нас?

А за 9/11 пишете било што што докажува дека американците го направиле тоа освен вашите претпоставки. Ќе го разгледаме случајот.
 
Имаш очигледни докази потврдени од цели институции,инжинери,научници,професори итн.
Прашања на кои НИСТ и комисијата за 9/11 немаат одговор или избегаваат да образложат зашто и самите знаат дека треба да се направиш будала пред цел свет.
Да не постирам линкови од документарци кои јасно укажуваат дека е организирано од владата и надворешен фактор на пр. Зионистите од Израел и некои германски банки.
Ако си толку сигурен дека не е заговор тогаш одговори ми на неколку прашања.
1. Зашто не покажат снимка што удри во Пентагон..(немој да ми ја приложиш едната единствена)
2. Од која причина се урна зграда 7.
3. Flight 93 за кој викаат дека се урнал,каде се остатоците?Имаше само дупка.
4. Од каде се најде стопениот челик у подрумите на кулите дури 2 месеци по рушењето?
И уште еден куп прашања на кои нема одговор,на пример зашто Лери Силверстин кој е Еврејски зионист ги осигурал зградите од терористичи напад само 3 недели пред нападот,зашто дента пред 11,9 на берзата се кладеле дека на тие две авиокомпании акциите ке им паднат значително при што заработиле милијарди,преку 1000 очевидци кажуваат дека имало експлозии во кулите пред да се срушат.
Премногу смрди работата за да не е inside job.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom