Башка ја растури темата бре, се читаш шо пишуваш или само онака на срека ги шкрапаш буквите.
Како шо кажа IOsonoINTERISTA, оти е Македонец, затоа е сето ова серење врз име по кое многу луге ни ја препознаваат државата, ама сепак ке се појават луге како Башката и ке ти растурат филм на славење на денот кога добивме МАКЕДОНСКИ играч кој ке игра во Лига на Шампиони.
Пандев со срека во новиот тим, ти посакувам успешна кариера многу голови и титули, и тоа го посакувам да се случи шо побрзо за да им ги затнеш муцките на овие своите сератори од МАКЕДОНИЈА од типот на ......!:smir:
Морав пак да се цитирам!
Пу завидл’к:nenene:
.............................................................
Еден одличен текст кај кажува многу!
Горан Пандев, македонска фудбалска икона
„Не морате да верувате. Ќе видите. Ќе одам на преговори со Интер кој е заинтересиран за наш фудбалер“, велеше тогаш Таковски, мислејќи на Горан Пандев
Сашко Г. Димовски
Годината 1983 ја одбележаа неколку настани што го заслужија вниманието, го обиколија светот и засекогаш останаа запишани во календарската хронологија. Компаниите „Епл“ и „ИБМ“ лансираа револуционерни производи, персонални компјутери, легендарниот шведски тенисер, Бјорн Борг, ја заврши активната играчка кариера, Токио го доби својот Дизниленд, магазинот „Штер“ го објави „Дневникот на Хитлер“, музичката икона Мајкл Џексон го промовира спотот за нумерата „Трилер“, кој стана еден од навртените видеозаписи во годините што следуваат, на 21 јули беше забележана најниската температура на земјата, станицата „Восток“ на Антарктикот измери минус 89,2 Целзиусови степени. Шест дена подоцна во Струмица се роди Горан Пандев, денес најголем македонски амбасадор, кој преку спортот прави одлична промоција на сопствената држава во меѓународни рамки. И тоа бесплатно, а ефектот е неспоредливо поголем од оној на скапите владини реклами за Македонија, за привлекување странски инвестиции, за нашата туристичка понуда. Нема некој што не знае за потеклото на Пандев. Врвот е во последните шест месеци, особено во последниот кога сите водечки светски медиуми ја следеа сагата со македонскиот напаѓач и недоразбирањата со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кои добија судски епилог во кој Пандев ефектно поентира за лична победа во Арбитражниот суд на Калчо лигата.
Н: Беласица, Интер, Специја, Анкона.....
Кариерата ја започна во фудбалскиот клуб Беласица. По традиционалните гостувања на струмичани на турнирот во Вијареџо, Италија, Пандев веднаш влезе во бележниците на менаџерите. И започна потерата по неговите услуги.
Веста на тогашниот претседател на Беласица, Ванчо Таковски, дека еден играч во екипата е цел на Интер, наиде на потсмев и неверување во овдешната јавност.
„Не морате да верувате. Ќе видите. Ќе одам на преговори со Интер, кој е заинтересиран за наш фудбалер“, велеше тогаш Таковски.
Кус период потоа им ги затвори устите на злобниците. Интер навистина потпиша договор со тогаш 18-годишниот Горан Пандев во летото во 2001 година, кој претходно само една сезона мина во македонската лига и за Беласица одигра 24 натпревари и постигна шест гола. „Нероазурите“ не го купија за да седи во Милано, го купија да го развиваат и да се потпрат на него во годините што доаѓаа. Три сезони беше нивни фудбалер (2001-2004). Затоа го испратија како позајмен играч во Специја во Серија Ц1 лигата, екипа, за која одигра 22 меча и постигна четири гола во сезоната 2002/03. По една за Пандев година следуваше нова преселба, овојпат кај новакот во Серија А, Анкона (сезона 2003/04. И покрај тоа што екипата имаше кошмарна сезона, нашиот интернационалец постигна еден гол во 20 средби, но она што беше особено важно, акумулира големо искуство во настапите во една од најквалитетните светски фудбалски лиги.
Летото во 2004 година во Интер пристигна Србинот Дејан Станковиќ, а Пандев беше испратен во италијанскиот главен град како дел од клупската размена со Лацио. Импресионира веќе во првата сезона на „Олимпико“. Настапи во 29 натпревари за римските сино-бели, трипати се запиша во листата на стрелци.
Меѓу нив е и незаборавниот гол против Јувентус кога ги „измеси“ Фабио Канаваро, Лилијан Турам и Џанлука Замброта пред да го матира и Буфон.
Наредната сезона се формира убиствен напаѓачки тандем во Лацио. За тренер на екипата беше именуван Делио Роси, Пандев „експлодира“ во шпицот заедно со Томазо Роки. Лацијалите тогаш препознаа дека имаат „златна кокошка“ во своите редови. Затоа и му понудија договор во летото 2006 година. На Удинезе му исплатија четири милиони евра, екипа која поседуваше половина од сопственоста врз Пандев заедно со Интер. Во сезоната 2007/08 почна да го привлекува вниманието на европските фудбалски гиганти.
Во него вперија очи Баерн - Минхен, Ливерпул, Челзи, Тотенхем, сега повторно Интер, на листата се додадоа Јувентус, Милан, Рома, Зенит, но Пандев реши да остане во „вечниот град“ до летото во 2010 година. На 11 јануари оваа година го постигна првиот хет-трик во кариерата во Серија А во мечот против Реџина. Неговото дело не можеше да остане незабележано и од државниот врв на Република Македонија.
Претходниот претседател, Бранко Црвенковски, на 24 март оваа година го одликуваше 26-годишниот струмичанец со Медал за заслуги за државата за фудбалските постигнувања и неговиот придонес во популаризација на фудбалот и на спортот во Македонија и достојно презентирање на земјата во странство. Втората половина од годината Пандев ќе ја памети по лошо. Одби да потпише продолжување на верноста кон Лацио и јавно изрази желба да ја промени средината во потрага по нов предизвик. Тоа го налути Лотито, чиј заложник стана Пандев. Беше отстранет од првиот тим на екипата за натпреварите во Серија и Лига Европа. Речиси шест месеци тренираше сам. Пристигнуваа понуди, но Лацио ги отфрлаше или вештачки ја билдаше негова цена само да не заигра. Во тој период настапуваше само за македонската репрезентација во која секогаш има место за него, како што вели и актуелниот селектор Мирсад Јонуз, без разлика дали Пандев игра или не во клубот за кој настапува. И како за инает на Лотито, тој постигнуваше голови во националниот дрес додека не беше во составот на лацијалите. На европскиот шампион Шпанија му даде два, на Канада два, на Катар еден и на Иран еден.
Деновите минуваа, престојот за Пандев во Рим стануваше неиздржлив. „Не можам вака повеќе. Сакам да играм“, воздивнуваше Пандев, но Лотито беше упорен и не му дозволуваше. Игнорантскиот и понижувачки однос на Лотито го упатија Пандев кон палатата на правдата. Беше убеден во чесноста, вистината, правдата. Знаеше дека аргументите се на негова страна. И не погреши. Судот пресече во корист на Пандев, кој од 23 декември е слободен играч со можност сам да ги разгледува понудите на заинтересираните екипи за него и сам да одлучи каде ќе продолжи. Меѓутоа, порача дека има желба да остане во Италија и многу веројатно е дека таа ќе му се исполни. Работата за продолжување на кариерата во Интер е речиси завршена работа. Својот потпис на договорот со дружината на Жозе Мурињо треба да го стави пред новата година или непосредно по неа. Според информациите потписот ќе има важност од пет години, а неговата вредност изнесува 15 милиони евра.
Пандев е најсјајната ѕвезда во македонската репрезентација и фудбалер со најмногу голови во нејзиниот дрес.
Оние што добро го познаваат велат дека е скромно момче. Целосно е фокусиран кон она што најдобро знае да го работи, добро заработува и не се расфрла со пари како некои негови колеги. Пандев е фудбалер кого многу екипи го посакуваат во своите редови. Го опишуваат како сестран играч.
Не е како Адебајор, како што велат некои, да чека добра топка.
Феноменално знае да се „открие“, да прими додавање, ја „лепи“ топката за себе, навлекува повеќе противнички фудбалери, асистира, постигнува голови. Се надеваме дека ќе продолжи да го прави тоа и во иднина и заедно со колегите од репрезентацијата ќе приреди уште многу радости за овдешните негови фанови, чиј број не е е занемарлив, особено кај најмладата популација која расте и се идентификува со него. Се надеваме дека паузата од неиграњето во Лацио нема да се одрази врз перформансите на Пандев, нема да го наруши негово чувство за гол и се надеваме дека еден ден ќе може сите да ликуваме на учество на Македонија на едно ЕП или СП.
#