Помош: Барам еден филм!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Филмот го даваа синоќа по полноќ на Телма. Нискобуџетна драма, непознати глумци и незнам дали беше синхронизиран на англиски или мнгу каснеше звукот.
Филмот има многу добра замисла. Главниот лик преживува авионска несреќа и во болница се запознава со постар човек кој го носи со себе на опасни места за коцкање на најразлични начини(заврзување на очите со превез и трчање низ шума, кој остане последен тој е победник, коцки и многу други работи). И овој не може да изгуби. Потоа му кажува дека има ретка дарба, кога ќе допре некој му ја цица цела среќа, и среќата се префрла кај него и затоа не можел да изгуби. Оди да се коцка со слични на него за да дојде до ....

Не го догледав филмот бидејќи многу ми се спиеше, а многу ми се допадна. Има претстава некој како се вика?
 
no-no-no-hell-no_.gif

Од кој филм е инсертов?
 
Intacto, филмот е всушност шпански, ама на Телма(и јас го имам фатено) изгледа ја даваат синхронизираната верзија. Супер филм, да го гледаш.

П.С. Гледам пак некој го барал Duel на темава...:pos:
 
Многу одамна го даваа на тв. Еден татко со својата мала ќерка е на аеродром и ги киднапираат. Тој мора да ја убие жената на претседателот која се наоѓа во еден хотел инаку ќерка му ќе ја убијат ќерка му. Детето го чуваат во едно комбе пред хотелот.
 
ovoj li e:)
http://www.imdb.com/title/tt0113972/
 
Многу одамна го даваа на тв. Еден татко со својата мала ќерка е на аеродром и ги киднапираат. Тој мора да ја убие жената на претседателот која се наоѓа во еден хотел инаку ќерка му ќе ја убијат ќерка му. Детето го чуваат во едно комбе пред хотелот.

http://www.imdb.com/title/tt0113972/ :)
 
Одамна гледав еден филм, и беше нешто за скржава и богата стара баба. Нигде парите не ги дава и ги чува во една голема соба и ги пегла :D Како беше натаму незнам, ако го знае некој филмов нека каже, комедија е.
 
филмов го имам гледано одамна, пред 10тина год.
хорор е. се работи за деца кои ги убиваат своите родители.
сите изгледаат исто, имаат сина коса, исти фризури и кога треба да убијат некого очите им светат.
не е оној филмон кога се во викендичка две семејства и исто децата почнуваат да ги убиваат родителите....значи овој е сличен на него.
 
http://www.imdb.com/title/tt0054443/
 
^ На крај еден ќе ги собери во штала, ќе ги намота со динамит и бум. Истиот филм е ?
 
е да тој е, фала :)
--- надополнето: 15 септември 2012 во 22:03 ---
^ На крај еден ќе ги собери во штала, ќе ги намота со динамит и бум. Истиот филм е ?
ако прашуваш за овој филм ја што го барав, воопшто не ми текнува како завршува. како што пишав го гледав одамна и само некои сцени ми беа во сеќавање :unsure:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom