Заработка на возраст од 10 до 14 години

  • Креатор на темата Креатор на темата Брзии
  • Време на започнување Време на започнување
Абе и јас лепев постери пред избори :icon_lol: ама не добивав пари туку портокалово капче.

На 15 години може да се заработува. Келнер во кафич, приватно(на диво) DJ... има многу други работи !
 
ја мислам дека децата на возраст од 10-14 години треба да си уживаат во детството, а не да се замараат за пари.
нормално ако детето има некој талент на пр. знае убаво да црта па ај да продаваш некои слики (со негова дозвола), или знае да глуми па ај да одглуми неколку претстави ама ти со сила детево да го тераш да разнесува весници, да лепи постери, да биде келнер (познавам дете од 14 год што беше летово келнер во едно кафуле) стварно не го бива.
има време кога детето ќе треба да се грижи за пари. кога ќе си оформи свое семејство тогаш ќе си брка работа, а на оваа возраст е малолетно и треба да е под родителска грижа.
значи ова е мое мислење. е сега стварно ако детево само изразува желба за да брка некои работи (мада и тоа не е во ред, за таа возраст) тоа е друго ама за со сила ништо не бива :unsure:
 
Мислам дека премногу глеате амерички серии и реклами на МТВ.
Хелоууу, во земјава има 33% посто невработеност, 40 годишни луѓе со дипломи, магистратури и триста тракатанци рмбаат се си сешто за мизерни пари, а вие се филмате дека десетгодишни деца ќе праеле пари...

Зависи кој колку се потрудил за работа да најде.Ако се сака се се може. ;)
Имам комшии коишто се невработени и сакаат да најдат работа што би земале висока плата,а не досега што им се нудела плата.
Не работата ништо,кукаат и сл. Велат:Што јас да работам во текстилнине фабрики душата да ми излегува за шо за 4-5 илјади?
-Во дел од секундитa си велам во себе.... ами ти ич пари не земаш, шворц си,но сепак се прави кападија.
 
Јас на млади години, косев дворови, редев дрва, ме праќаа до продавница, често сум помагал на пензионери се разбира за добра пара. На времето секогаш имав за снежец, галеб чоколадо и жетони за на сноу броз :)
 
Прво што ми дојде на памет беше продавање на сперма во банка за сперма.
Ама после се замислив и во дилема сум сега дали на 10-14 години им тече сперма од знаете што?
 
Јас како дете заработував така што денски купував цигари од трафика и ги препродавав навечер на поголемите што не се снабдиле на време,во неделите можам да кажам дека правев растур систем.Препродавав и мастики,бомбони,гринго,лименки од кока кола и фанта,петарди........
Кога Учев средно бидејќи имаше ембарго за гориво а имаше бонови за бензин јас од татко ми и роднините ги крадев купоните,полнев бензин и го препродавав.Исто така се врзав со еден џандар кој имаше многу купони,а кога немав купони чекав ред за бензин место тебе.После тоа се отвори пазар на косово и имав дупли резервар па и таму шверцував бензин.Кога заврши ембаргото од црна берза купував касетофони,радио цд и остала техника за по 500-1000 денари,а го препрофа го препродавав 1/3 или 1/2 од цената во продавница.......

:eek: Алал да ти е .... жими се ЦАР! :cuc: Мозок
 
Мислам дека премногу глеате амерички серии и реклами на МТВ.
Хелоууу, во земјава има 33% посто невработеност, 40 годишни луѓе со дипломи, магистратури и триста тракатанци рмбаат се си сешто за мизерни пари, а вие се филмате дека десетгодишни деца ќе праеле пари...

Баш поради таа 33% невработеност добро е за децата да најдат работичка и до некој степен да бидат финансиски самостојни и да не им бараат на родителите. Башка и свои пари потешко се трошат така да заработените пари би ги трошеле рационално и во случај на потреба со што би се развило и чувство за трошење и би се развила свеста на детето за значењето на парите. Тоа ти го кажувам од лично искуство бидејќи имам 17 години и сум веќе 5 години во невладина организација како волонтер, а во последниот период и хонорарно. Тоа би значело дека доколку навистина ми притреба нешто можам само да си извадам од касата и да го купам тоа нешто ( било да се пилешки стекови за ручек, или нова блуза, нови патики бидејќи старите се искинати или сум ги одраснал ) без никаков проблем. Дали моите ќе го рефундираат тоа зависи од нивните финансиски можности во тој момент.

Значи сума сумаре работава е да се научи вредноста на парите во овие времиња и да се сфати дека родителите не се секогаш во можност да одговорат на барањето „Дај ми пари!“
 
муабетов беше дека не може да се заработува... може, имав 11 години кога ми беше првиот работен ден, работев со татко ми (со кого и после 9 години уште работам во летен период), електрични инсталации, интесно ми беше, опасна работа 220V напон и струја доволна да те испржи. Сепак тешка физичка работа, копање, рушење и шо се уште не. Пари дека заработив, не заработив, туку си праев список од јуни шо сакам во септември, плус нешо пари. Сеа работам за ситна пара колку за кафе и цигари да иам. Заработав големи проблеми со кичмата (јебеш то е ), сјебано колено и рамо. Сепак, имам работна навика, не до толку но ја имам, сега веќе знам колку е тешко да се заработаат пари и како е да работиш 12 сати дневно минимум. А децава шо ги глеам денешно време (да и јас сум ебиветар кога ќе можам) дефинитивно им треба малку работа...
 
За децата само мотика и некоја нива со грутки... Да се научат на ред... Не сите опнале се и чекат од негде нешто да падне....

Берејне товарајне земјоделски продукт... Јас секојпат иам проблем со наваѓајне работници.. Давам 600 денара дневница (8 саата) 2 пати јадејне и една гајба праски/сливи/грозје (зависи шо се бере)... и на крајо па никој нејке, оти било тешко....

3 дена сам терал калфа за мајсторо шо лепи еден камен околу куќата.. Калфата требеше само да му носе каменчиња (еден по еден) и да ги мие со вода... Исто 2 пати јадејне и 400 денара дневница.... Ама никој нема, на крај на еден брачед се помолих синчето да си пуште, иначе јас ќе требеше да сам калфата....

Друг пример, да дојде некој на жетва со мене... Само да товараме вреќите и балите...1 ден работа 500ка, ладно пиво цел ден, 2 пати јадејне... Нема бе брате... на крај сам си товарих житото, и сламата, сам си го растоварих....
 
Слабо плаќаш освен за берењето овошје, 400 ден. дневница за калџија и 500 ден. дневница за жетва се ништо пари.

Инаку деца од 10-14 години би требало да имаат попаметна работа од тоа да помислуваат на заработка.
 
Не знам дали е слабо, ама за дете шо ќе дава само камена цел ден (8-9 саата со паузи...) и ќе ги мие со вода, толку давам...

А за жетвата, требаше само трактор да месте и да ги реде вреќите у приколица.... да ги прифаќа коа ќе ги фрлам оздоле..На мен не ми е проблем да дигнам 50 килца и да ја фрлам на прикулицата... На мен ми е проблем шо требе да се качам горе, да ја редам, па да местам трактор, па да товарам, па да се качувам да местам... Сновејнето ме нервира и ми одзима време...
Товарајнето реално е 1 саат работа, растоварајнето исто 1 саат работа...
Е само требе да е цел ден со мене, ама па јадејне и ладно пивце под сенка....

Некој мешат малтер за 500 денара и са на градилиште... Мешал сам малтер и за без пари кај другари/роднини, и дома сам мешал малтер.. или па сам копал темели, канализација, водовод, итн. итн... знам ја маката..

Ако беше толко ного сиромаштија и немка како шо сите милуват да кажуват тука на форумо, се ќе се најде некој да работе за тија пари..... 1000 пати сам го дискутирал оваа дома со тате и брат ми.... Не са сите ни толку мотивирани, ни па толку паметни, как шо љубат да се претставуват у јавноста, а особено по форуми... пробај да тераш работници, ќе видеш как се наваѓат.... Или па сега е модерно за тутун берејне да се зимат аргати... Единствени шо се нафаќат са Роми... А тава кажува нешто за самата ситуација....
 
Знам дека е тешко да се најде добар работник и сите што работат генерално се постари луѓе, кај мене луѓето земаат аргати за тутун, цената е 100 ден. од час без разлика дали газдата обезбедил навреме трактор за садење или пак расад за тутунот.
За берење наплаќаат некои од низа, но некои одат со цена од 100 ден. од час ако газдите не се агилни да обезбедат кошеви и машини за нижење на време.
Има доста луѓе кои го работат тоа преку лето од причина што е релативно платена работа.
На утро одат по 5-6 часа на берење, и исто така на одручек уште толку, па му се собира некоја дневница од 1000 ден.
 
За децата само мотика и некоја нива со грутки... Да се научат на ред... Не сите опнале се и чекат од негде нешто да падне....

Берејне товарајне земјоделски продукт... Јас секојпат иам проблем со наваѓајне работници.. Давам 600 денара дневница (8 саата) 2 пати јадејне и една гајба праски/сливи/грозје (зависи шо се бере)... и на крајо па никој нејке, оти било тешко....

3 дена сам терал калфа за мајсторо шо лепи еден камен околу куќата.. Калфата требеше само да му носе каменчиња (еден по еден) и да ги мие со вода... Исто 2 пати јадејне и 400 денара дневница.... Ама никој нема, на крај на еден брачед се помолих синчето да си пуште, иначе јас ќе требеше да сам калфата....

Друг пример, да дојде некој на жетва со мене... Само да товараме вреќите и балите...1 ден работа 500ка, ладно пиво цел ден, 2 пати јадејне... Нема бе брате... на крај сам си товарих житото, и сламата, сам си го растоварих....

Направи ја дневницата 1000 денари без храна и ќе видиш дали ќе идат!

Јас за тие пари би работел по 10 часа! За храна секој од дома може да доручка, а за ручек да си спреми сендвич!
 
Шо ќе ти се пари на 10 години, иди играј фудбал, баскет додека си млад итн...искористи си го детството за работа има време не се брзај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom