Македонска кошаркарска лига - Сезона 2012/13

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/13?

  • МЗТ Скопје

    Гласови: 90 49,7%
  • Фени Индустри

    Гласови: 9 5,0%
  • Работнички

    Гласови: 20 11,0%
  • Лирија

    Гласови: 2 1,1%
  • Кожув

    Гласови: 8 4,4%
  • Куманово

    Гласови: 24 13,3%
  • Торус

    Гласови: 1 0,6%
  • Вардар

    Гласови: 4 2,2%
  • Струмица

    Гласови: 11 6,1%
  • Пелистер

    Гласови: 12 6,6%

  • Вкупно гласачи
    181
Статус
Затворена за нови мислења.
Ке има преноси на некои од нашиве телевизии (да не лутам по теми истото прашање важи и за АБА)? Би требало да биде интересна сезонава. Одамна немало вака изедначени екипи по квалитет.
 
Ке има преноси на некои од нашиве телевизии (да не лутам по теми истото прашање важи и за АБА)? Би требало да биде интересна сезонава. Одамна немало вака изедначени екипи по квалитет.
За АБА ќе има сигурно (најверојатно на МТВ) а за Мак лига не се знае ни кога почнува ни колку екипи ќе има а ти за пренос прашуваш:facepalm:
 
Во вторник треба да се знае кога ќе почне првенството, предлогот е на 13ти октомври и колку екипи ќе има а воедно и распоредот на натпреварите.
 
http://www.basketball.org.mk/WBStorage/Files/Reg_bilten1_12_13.pdf

Еве ги досегашните состави.
Инаку и официјално изгледа Торус нема да играат (мада веќе знаевме), а не верувам дека некој друг ќе им попуни место...

http://www.basketball.org.mk/WBStorage/Files/4sednica_zkk_plm_12_13.pdf
Еве што се дискутирало на претходниот состанок, следниот решавачкиот е закажан на 25.09 и на него треба да се решат многу работи, и да се прецизира кога ќе почне првенството.

Воиновски од КК Вардар е цар, доволно е само да ги прочитате неговите коментари од точка 1, за преминувањто во АД :D:D:D
 
На состанокот на Здружението на прволигаши што денеска се одржа во просториите на Македонската Кошаркарска Федерација беше одреден распоредот на натпреварување за новата натпреварувачка сезона.Дерби на првото коло ќе биде пресметката меѓу Лирија и Фени индустри, реприза на полуфиналето од ланскиот плејоф, но се уште е неизвесно дали лигата ќе брои шест или осум клубови, откако беше обелоденето дека Вардар и Пелистер воопшто го немаат стартувано процесот на трансформација во Акционерски Друштва, задолжителен услов што го налага Агенцијата за млади и спорт.

Комесарот Владимир Макревски ја презентираше идејата за лига со осум клубови, што беше едногласно прифатена без оглед на фактот дека Вардар истакна дека нема намера да се трансформира во АД, со образложение дека Законот за спорт не може да ја напише формата на здружување, за што е поднесена и иницијатива за оцена на уставноста на овој закон. Челниците на Пелистер делуваа цврсти на ставот дека „нема шанси да најдат 25.000 евра“, сума што важи за неопходна за трансформација во АД, по што претседателот на МКФ, Даниел Димевски, побара од овие два клуба барем да ја почнат процедурата, најавувајќи дека МКФ ќе се бори со сите негативности во овој закон.

Ние сме тука за да играме кошарка, но за жал се претворивме во бирократи. Приоритет мора да ни биде кошаркарската игра, да се стартува со лигата, а тоа не значи дека ние сме се предале. Напротив, нема да застанеме со барањата да се сменат аномалиите на овој закон“ - изјави Димевски.

Предлогот на Макревски финалето од плејофот да се игра во четири наместо во три добиени средби беше одбиен, така што повторно ќе може да се проследи идентична финална серија како и во претходните сезони. Веднаш потоа се пристапи кон календарот за натпреварување на новата сезона, а по извршената ждрепка беше утврдено дека во првото коло, закажано за 13 октомври ќе се сретнат Лирија - Фени индустри, Струмица - Пелистер, Вардар - Куманово и Кожув - Работнички. Дербито на колото ќе се игра во Сарај, но овој меч најверојатно ќе биде одложен за неколку дена бидејќи тимот на Лирија во периодот предвиден за старт на сезоната ќе се наоѓа на турнеја надвор од Македонија.

Еве денес што се решило...
Вардар нема да мрдне од ставот дека нема намера да премине во АД, од Пелистер исто тапкаат во место, но нивното образложение е дек неможат да најдат 25 000 евра за да преминат во АД.

Дали сепак МКФ ќе направи отстапка и лигата ќе почне соп 8 екипи(без МЗТ) или со 6 ќе видиме...
Прво коло:
Лирија-Фени
Вардар-Куманово
Кожуф-Работнички
Струмица-Пелистер
 
Интересно годинава во втора лига за Карпош Соколи ќе играат Едис Нури, Ангел Тасевски и Иван Саздов :D
За Водњански Лисици ќе игра Александар Совковски.

Во третата лига каде што екипите воглавно имаат играчи од по 16-17 години, во екипата на НБА Чаир ќе игра и Мухамед Тачи :pos:
 
Како што типував минатата сезона, ќе типуваам и оваа.. Ставам глас на МЗТ и сум уверен дека тие ќе постанат старо-нови шампиони и според мене нема тим во моментов кој може да ги сопре (реченицата се однесува само за македонски тим).. Ајде да видиме ставам на МЗТ.
 
За првиот дел од сезоната мислам дека Куманово и Работнички имаат најсилни екипи со моменталниот ростер, по нив Фени и Лирија, па следуваат Кожуф и Струмица, а последни би биле Вардар и Пелистер. За во суперлига МЗТ би требало да е фаворит иако со досега прикажаното во АБА лига игра променливо па би можел да биде изненаден на некој натпревар.
 
Лесни победи на Струмица и Куманово,а две јаки дербиња у Сарај и у Гевгелију,што бидна откупи ли ги некој права за кошаркарску лигу,или ништо работа овуј сезону од Македонску кошарку?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom