Горан Пандев

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.550
Поени од реакции
7.090
Која врата му ја отворил ??
20 милиона да бараш за играч шо има уше 1 година од договор е отворена врата ??:tapp:
И не се залажувај дека сеедно ви е со Пандев и без него,претходната сезона,на почетокот,пред да го фатат повредите,како беше се сеќаваш ??
Кога беа со Зарате најдобри стрелци у Италија,Пандев не само шо даваше голови туку и асистираше,а да не борам за пред таа сезона,коа на тацна му ги даваше топките на Роки за да дава голови он
И зашто да седи у Лацио кога може да игра за многу подобар клуб,секој сака повеќе,и да се проба во нешто ново,така и Пандев,не може вечно да остане у Лацио:helou:
само колку да ви стане јасно колку е отворена вратата ке ви кажам дека договорот на Самуел ето на 1 година пред истекот со Барса беше проценет на 10 милиони па сеа вие забележете.
Ето-барса 1 година договор = 10 милиони
Пандев-Лацио 1 година договор = 20 милиони

респект и за вториот дел од коментаров, Пандев беше алфа и омега во Лацио во последните 2 сезони.
таа преклани со Роки играше напред и беше најдобар стрелец за Лацио, а ланската позади роки и зарате бешe и најдобар асистент.
Пандев има постигнато голови против ИНтер,Милан,Јувентус,Рома,РЕал (светски тимови) а и даде 2 гола на европскиот првак Шпанија.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.712
Поени од реакции
59.943
Како треба да се нарече играчот што сака да бега од клубот кој му даде шанса да се докаже? Играчот што да не беше Лацио ќе играше негде низ Полска или Чешка втора дивизија заедно со Стојков?
Крашо извини на израз не е мој речник, ама мадиња голи.

Пандев игра во Сериа А зошто има квалитет за тоа. Ако не беше Лацио ќе беше некоја друга екипа. Ако го биваше Стојков и тој ќе останеше. Играчите се земаат според квалитет, а не со еци-пеци-пец.

Понатаму, зошто Лацио сега не земе кој било од младински погон на Интер, ако е така? Туку го бара Крхин, а еве и Биабиани изгледа ќе влезе во шемата. Се бара квалитет, кој го има ќе игра во Сериа А, кој не ќе оди во пониските лиги или надвор.

Пандев сака да си оди зошто не е луд. Не се обврзал на доживотна верност на крај краева. Има 5 годишен договор а 5-тата сезона не ја игра зошто Лотито не му дава да ја игра. Не е воопшто должен да потпише нов договор па макар и 10 милиони годишно да му даваат. Сака човекот да игра за голем клуб зошто има квалитет за тоа, а и интересот на клубовите го потврдува истото. Еден Кака замина од Милан па никому ништо. Или да не беше Милан, Кака ќе играше на плажите во Бразил?
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Крашо извини на израз не е мој речник, ама мадиња голи.

Пандев игра во Сериа А зошто има квалитет за тоа. Ако не беше Лацио ќе беше некоја друга екипа. Ако го биваше Стојков и тој ќе останеше. Играчите се земаат според квалитет, а не со еци-пеци-пец.

Понатаму, зошто Лацио сега не земе кој било од младински погон на Интер, ако е така? Туку го бара Крхин, а еве и Биабиани изгледа ќе влезе во шемата. Се бара квалитет, кој го има ќе игра во Сериа А, кој не ќе оди во пониските лиги или надвор.
И тоа е Релативно! Зошто бербатов го вратиле о двардар, а го зеле у германија?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.712
Поени од реакции
59.943
И тоа е Релативно! Зошто бербатов го вратиле о двардар, а го зеле у германија?
Па гледаш, некој го земал, и тоа појак од Вардар :pos2:
Не завршува се со една екипа, како што вели Крашо: ние да не бевме, потоп. И Раул на времето не го сакаа во Атлетико, неталентиран бил. Оф-топик, и Мајкл Џордан го трампаа на драфт, не беа задоволни (заборавив кој беа лузерите). Тоа се погрешни проценки и нормални се во спортот. Но овие играчи сепак направија кариери, зошто имаа квалитет.
 
CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114

Не ми споредувај Раул или Ето или незнам кој што биле отфрлени од младинска школа со ова, и на нив НЕКОЈ им дал шанса, во спротивно-потоп. Ти ми кажуваш за играчи што успеале да се вратат од дупка, сакаш да почнам да ти набројувам колку таленти пропаднале? Шансата на Пандев му ја дал Лацио, да играл во Торино или во Киево би бил само некој просечен играч од серија А или Б и сега немаше толкава прашина да се дига за него.

Лацио бара талент за да го направи играч, Интер бара готов играч што би играл моментално во топ форма и за потрошените милиони Морати очекува титули од него, додека Милан бара истрошени фудбалери што можат да играат уште 1-2 сезони, во тоа е разликата, затоа не мешај поими.
Во времето на Крањоти Лацио беше тимот што купуваше скапо, вложуваше во звезди, а простор за млади немаше никаде.

Колку македонци играат во Премиер лига, колку во Серија А, колку во Примера, колкави се шансите некој од нив да заигра за голема екипа?
Пандев е само вториот играч од Македонија после Панчев што заиграл во италијанско првенство, сам разгледај ги фактите ако сметаш дека не сум во право...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.712
Поени од реакции
59.943
Не ми споредувај Раул или Ето или незнам кој што биле отфрлени од младинска школа со ова, и на нив НЕКОЈ им дал шанса, во спротивно-потоп.

Ти ми кажуваш за играчи што успеале да се вратат од дупка, сакаш да почнам да ти набројувам колку таленти пропаднале?

Пандев е само вториот играч од Македонија после Панчев што заиграл во италијанско првенство, сам разгледај ги фактите ако сметаш дека не сум во право...
1. Не, не е потоп, тоа ти го кажувам. Ако не е Лацио, ќе биде некој друг. Помири се со тоа.

2. Сакам да ми наброиш кои таленти пропаднале.

3. Пандев е вториот играч кој заигра во Сериа А, ама во Анкона, не во Лацио. И таму заигра благодарение на Интер.

Не гледам што е спорно во ова што го тврдам и тоа што го пишуваш? Пандев игра кај што игра зошто има квалитет. Просто и едноставно. Не затоа што Лацио го спасил од потоп, мислам сулудо е да се тврди тоа. Не е Лацио ни единствена ни последна екипа. Договор си има 5 годишен, и тоа е се што му должи Горан на Лацио. Апсолутна глупост е дека требало да биде благодарен и да потпише нов договор. Тој се оддолжи со игрите на теренот. И сега е време да замине во клуб кој одговара на неговите квалитети.

Помири се Крашо :smir:
 
CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
1. Не, не е потоп, тоа ти го кажувам. Ако не е Лацио, ќе биде некој друг. Помири се со тоа.

2. Сакам да ми наброиш кои таленти пропаднале.

3. Пандев е вториот играч кој заигра во Сериа А, ама во Анкона, не во Лацио. И таму заигра благодарение на Интер.

Не гледам што е спорно во ова што го тврдам и тоа што го пишуваш? Пандев игра кај што игра зошто има квалитет. Просто и едноставно. Не затоа што Лацио го спасил од потоп, мислам сулудо е да се тврди тоа. Не е Лацио ни единствена ни последна екипа. Договор си има 5 годишен, и тоа е се што му должи Горан на Лацио. Апсолутна глупост е дека требало да биде благодарен и да потпише нов договор. Тој се оддолжи со игрите на теренот. И сега е време да замине во клуб кој одговара на неговите квалитети.

Помири се Крашо :smir:
D'Alessandro, Aimar, Rebrov, Djemba-Djemba, Perica Ognjenovic, David_Bellion , Kieran_Richardson , Cleberson , Francis_Jeffers , Massimo_Maccarone , Milan Baros , Albert_Luque ...
и така натаму, ова се куп таленти секој во свое време, види како течела (тече) нивната кариера и ќе сфатиш зошто изјавата за заминувањето од Лацио кажана во погрешно време може скапо да го чини, финансиски не, ама може негативно да му ја насочи кариерата...
Ти ја разбирам желбата за негово доаѓање во Интер, ама твојот тим има многу таленти испуштено низ историјата и играчишта упропастено...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.712
Поени од реакции
59.943
D'Alessandro, Aimar, Rebrov, Djemba-Djemba, Perica Ognjenovic, David_Bellion , Kieran_Richardson , Cleberson , Francis_Jeffers , Massimo_Maccarone , Milan Baros , Albert_Luque ...
и така натаму, ова се куп таленти секој во свое време, види како течела (тече) нивната кариера и ќе сфатиш зошто изјавата за заминувањето од Лацио кажана во погрешно време може скапо да го чини, финансиски не, ама може негативно да му ја насочи кариерата...
Ти ја разбирам желбата за негово доаѓање во Интер, ама твојот тим има многу таленти испуштено низ историјата и играчишта упропастено...
Не ја разбирам врската меѓу овие и Пандев: Аимар играше во силни екипи и за мене беше и сеуште е играчиште, Ребров никогаш не бил нешто посебно, направи трансфер во Тотенхем каде беше промашување, Огњенович и Ричарсон играа за екстра екипи не покажаа ништо, Клеберсон исто, Џеферс беше тешка будала го исклоца Невил на еден натпревар па го избркаа од Арсенал, Барош доби шанса во Ливерпул... (Не ми текнува сега за другите).

Муабетот што го правевме беше дека ако не бил Лацио, талентот на Пандев ќе пропаднеше во некој Ш лиги или екипи... твоиве примери не го покажуваат тоа зошто ова се играчи кои добија шанса да го покажат својот талент.

Ако ти е муабетот дека можеби нема да се докаже во поголема екипа од Лацио, тоа е друг муабет.

Желбата значи ми е:
а) Да замине од Лацио
б) Да не замине во Јувентус да не се нервирам
в) Да дојде во Интер
г) Да замине во било која квалиеттна екипа во која ќе игра (точка Б исклучок :) )

Во Интер пред се слабо се снаоѓаа напаѓачите во генерациите од почетокот на 90-тите зошто тогаш Интер беше најдефанзивна екипа на планетава па не се снаоѓаа сите. Некој иначе посебно да пропаднал, не пропаднал, се случуваше да заминат и да играат одлично во други екипи, а Интер да загуби многу поради погрешни проценки.

Тоа е сега минато време и друга тема. Во овој Интер, Пандев нема причина да стравува од неуспех. Тука единствено типични центарфори - готовани можат да ја покакаат. И крила, пошто не ги употребуваме.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
а што треба сега Пандев да се жени со Лацио само затоа што поминал 4-5 год во таа екипа,да игра за џабе..Играчи од негов калибар на негова возраст заработуваат од 4 до 5 000 000 евра годишно,згора на тоа имаат освоено минимум по 3-4 титули.Сега дали ќе оди во Интер или во некоја друга екипа тоа е небитно,важо екипата да има шампионски амбиции па ако се покаже да зборува цела европа за него а воедно и за Македонија..
 
CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Не ја разбирам врската меѓу овие и Пандев: Аимар играше во силни екипи и за мене беше и сеуште е играчиште, Ребров никогаш не бил нешто посебно, направи трансфер во Тотенхем каде беше промашување, Огњенович и Ричарсон играа за екстра екипи не покажаа ништо, Клеберсон исто, Џеферс беше тешка будала го исклоца Невил на еден натпревар па го избркаа од Арсенал, Барош доби шанса во Ливерпул... (Не ми текнува сега за другите).

Муабетот што го правевме беше дека ако не бил Лацио, талентот на Пандев ќе пропаднеше во некој Ш лиги или екипи... твоиве примери не го покажуваат тоа зошто ова се играчи кои добија шанса да го покажат својот талент.

Ако ти е муабетот дека можеби нема да се докаже во поголема екипа од Лацио, тоа е друг муабет.

Желбата значи ми е:
а) Да замине од Лацио
б) Да не замине во Јувентус да не се нервирам
в) Да дојде во Интер
г) Да замине во било која квалиеттна екипа во која ќе игра (точка Б исклучок :) )

Во Интер пред се слабо се снаоѓаа напаѓачите во генерациите од почетокот на 90-тите зошто тогаш Интер беше најдефанзивна екипа на планетава па не се снаоѓаа сите. Некој иначе посебно да пропаднал, не пропаднал, се случуваше да заминат и да играат одлично во други екипи, а Интер да загуби многу поради погрешни проценки.

Тоа е сега минато време и друга тема. Во овој Интер, Пандев нема причина да стравува од неуспех. Тука единствено типични центарфори - готовани можат да ја покакаат. И крила, пошто не ги употребуваме.
Еве го Побратимот на Пандев, заедно дојдоа во Интер? Заедно ги пратија на позајмица во Специја?
Јас колку што памтам кога двајцата беа како деца донесени во Италија, Стојков беше тој што покажуваше поголем потенцијал.
На линкот погоре види како се одвива неговата кариера ти што викаш ако не бил за Пандев Лацио некој друг тим ќе се нашол.

Spezia (loan)
Górnik Zabrze (loan)
Castel di Sangro (loan)
Andria (loan)
Louviéroise (loan)
FK Partizan
Debreceni VSC
→Nyíregyháza(loan)
FC Aarau

За ова ти зборам цело време бе братче, види што се случи со Стојчета откако го зел друг тим ...
Реал-Ето го испуштил ко младинец, Милан-Виеира, ама во случаиве
Барса и Арсенал биле тие кои насетиле потенцијал што подоцна им се исплатило и тоа дебело!

Според ова и Интер го дал бадијала Пандев на Лацио и направил голема грешка нели?
И уште еден битен детаљ што стално заборавам да го споменам, Делио Роси е тој што Пандев го направи играчиште, тој му ја даде вистинската шанса, можеби и тоа е една од причините поради која Пандев сака да си замине, да беше некој тренер ко Пападопуло на времето, бел ден немаше да види...
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Како треба да се нарече играчот што сака да бега од клубот кој му даде шанса да се докаже? Играчот што да не беше Лацио ќе играше негде низ Полска или Чешка втора дивизија заедно со Стојков?

Лотито сезонава ги доведе Зарате и Матузалем, значајни играчи кои заедно со Пандев требаа да го сочинуваат костурот на тимот.

А Пандев што направи?
Го послуша агентот, пред почеток на сезона изјави дека сака да си замине, сега не е во тимот и е обележан ко дисидент, кој му е крив?
Му отвори врата Лотито, ако има толку способен агент ТОЈ нека му најде друг клуб, и кога и тоа не успеа, почна да глуми жртва. Ако толку сака да си замине зошто не го раскине договорот? Кому се правда, пред фановите? Тој веќе ја изгуби популарноста кај фановите, сите едвај чекаат да си замине за да се заврши оваа фарса кај што сите глумат жртви.

Лацио можел,може и ќе може без Пандев, напаѓачи има многу, одбраната е таа која заебава последниве години ...
Го нарекуваш избеглица играчот кој ви ги донесе единствените радосни моменти, за кој без бего ни на сон не можевте да ги сонувате!
Играчот кој од 2004 играше за мизерни пари, кој не беа на ниво ни на играч од првенството во Полска или Чешка!
Играчот кој ви ја донесе титулата во Копа Италија!

Кажав јас го имаш ти Лотитовиот Синдром!
Пандев на крајот од ланската сезона рече дека доколку му понудат нов договор кој би бил реален за неговите примања во клубот дека ке остане, но Дон Лотито и неговата алчност не го дозволија тоа, сакаше Пандев да му игра шо би се рекло за една Канта сирење!
Кога побара трансфер Лотито тресна ценовник со кој уште на почетокот се знаеше дека ке се оди на дистанцирање на клубовите за можен трансфер!

А за тоа раскин на договорот шо не побара Пандев, е тоа типче ти се вика достоинство, кое Лотито го има на ниво на едно проститутка на која и се битни само парите и ништо друго!:helou:

Ке го видиме Лацио оваа сезона со Круз:kesa:!:helou::tv:

Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Лацио можеби му помогнал на Пандев да стане тоа што е сега. Но, Лацио сигурно не го купија Пандев затоа што им бил симпатичен или од сожалување туку виделе и тие некаков интерес во тоа. Од друга страна Пандев сосема солидно си го одработи неговиот дел. Да беше Пандев слаб и да не даваше голови, ќе речевме дека Лацио му помага и упорно го става во прв тим за да може да се разигра. Ама не е така, Пандев сам се избори за тој статус.
Многу е нелогично да зборуваме кој на кога повеќе му помогнал. Дали Лацио на Пандев или Пандев на Лацио. :toe:
Тоа се вика взаемен интерес. Лацио му овозможи на Пандев средина за докажување, Пандев му донесе на Лацио бодови, голови, пехар ... и ајде сега нека се најде некој „премудри Соломон“ и нека каже кој на кого повеќе му помогнал :helou:
 
Не беше проблемот во тоа кој на кого повеќе помогнал, туку се најде некој паметен овде на форумот, и ни држи лекција како тоа Пандев бил избеглица, предавник и не знам шо!:toe:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Еве го Побратимот на Пандев, заедно дојдоа во Интер? Заедно ги пратија на позајмица во Специја?
Јас колку што памтам кога двајцата беа како деца донесени во Италија, Стојков беше тој што покажуваше поголем потенцијал.
На линкот погоре види како се одвива неговата кариера ти што викаш ако не бил за Пандев Лацио некој друг тим ќе се нашол.
...................................................
Стојков и Пандев беа тандем во Беласица. Не знам од каде „памтиш“ дека Стојков бил поголем потенцијал или пак дека Пандев бил поголем потенцијал. Такво нешто немаше никогаш.
Извини ако згрешам, ама мислам дека ти исто како и многу голем дел од денешните „фудбалски зависници“ за Пандев и за Стојков имаш слушнато откако отидоа во Италија. Пред тоа, можеби си слушнал, ама дефинитивно мислам дека немаш гледано ниту еден натпревар во Македонска лига каде што играла Беласица ГЦ.
Од денешна перпектива ти правиш споредба на кариерите на Пандев и Стојков, вадиш некои податоци кој каде играл, ама си се фатил за опашката. Делот кога тие заминаа во Италија не ти е мемориран доволно добро, затоа никогаш нема да ги најдеш причините за развојот на кариерите на Пандев и на Стојков.

Не беше проблемот во тоа кој на кого повеќе помогнал, туку се најде некој паметен овде на форумот, и ни држи лекција како тоа Пандев бил избеглица, предавник и не знам шо!:toe:
Од него очекувам да биде „премудри Соломон“ и да ми одговори кој на кого му помогнал т.е дали е Пандев избеглица или Лацио е лош родител :)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.712
Поени од реакции
59.943
Еве го Побратимот на Пандев, заедно дојдоа во Интер? Заедно ги пратија на позајмица во Специја?
Јас колку што памтам кога двајцата беа како деца донесени во Италија, Стојков беше тој што покажуваше поголем потенцијал.
На линкот погоре види како се одвива неговата кариера ти што викаш ако не бил за Пандев Лацио некој друг тим ќе се нашол.

Spezia (loan)
Górnik Zabrze (loan)
Castel di Sangro (loan)
Andria (loan)
Louviéroise (loan)
FK Partizan
Debreceni VSC
→Nyíregyháza(loan)
FC Aarau

За ова ти зборам цело време бе братче, види што се случи со Стојчета откако го зел друг тим ...
Реал-Ето го испуштил ко младинец, Милан-Виеира, ама во случаиве
Барса и Арсенал биле тие кои насетиле потенцијал што подоцна им се исплатило и тоа дебело!

Според ова и Интер го дал бадијала Пандев на Лацио и направил голема грешка нели?
И уште еден битен детаљ што стално заборавам да го споменам, Делио Роси е тој што Пандев го направи играчиште, тој му ја даде вистинската шанса, можеби и тоа е една од причините поради која Пандев сака да си замине, да беше некој тренер ко Пападопуло на времето, бел ден немаше да види...
1. Стојков никогаш, ама никогаш, не бил поголем потенцијал од Пандев. Пандев го памтам уште од младинска и тогаш беше лидер на младите, уште тогаш го викаа „феномен“. Стојков одигра добро на турнирот за млади во Вијареџо и затоа доби шанса во Примавера на Интер заедно со Пандев.

2. Стојков никогаш не заигра во Сериа А, а Пандев заигра во АНКОНА. Не во Лацио. Тука доаѓа до израз квалитетот за кој ти зборувам. После Анкона, Интер можеше да го даде во било кој клуб од кој купуваше играч. За среќа на Лацио, Интер го купуваше Станковиќ.

Така Горан заврши во Лацио. Интер купува играчи и во доплатата ги дава младинците од Примавера.Така ќе го купи и Пандев сега, со пари + некој младинец. После ти ќе можеш да кажеш дека да не бил Лацио, тие младинци ќе пропаднеле, но факт е дека нема клуб во Италија кој не би ги примил Крхин или Биабиани во доплата. затоа што имаат голем квалитет и потенцијал.

Стојков го немаше и ништо посебно не прикажа во Примавера каде растураа Оба-Оба Мартинс и Пандев. Затоа, не мешај баби и жаби Крашо, квалитетот не може да се скрие. Кој е добар, ќе добие шанса во добар клуб. Како ќе ја искористи, тоа е сосема друга работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom