Важно е да се напомене дека тој вид на телекинеза не се создава според каузалниот процес, то ест причинско последичниот однос кој вклучува некоја од познатите сили на
физиката, туку таа е резултат на некој вид нелокална “резонанција на значења”, односно некој вид нелокална интеракција.
Уште еден научник чии идеи за телекинезата се слични како оние на Бом, но кој отиде чекор понатаму, е
Роберт Џан, професор по
аеронаутички науки и декан во пензија на Факултетот за техника и применета наука при Универзитетот Принстон. Ангажирањето на Џан во истражувањата на телекинезата дошло сосема случајно. Како поранешен советник на
НАСА, неговото примарно подрачје на интерес биле вселенските погони.
[11] Во една редица експерименти, Џан и неговата соработничка, клинички психолог Бренда Дјун, го употребиле апаратот наречен генератор на случајни настани или РЕГ (random event generator).
Џан и Дјун замолиле доброволци да седнат пред РЕГ и да се концентрираат на тоа да произведат невообичаено голем број на глава или писмо. Во текот на буквално стотици илјади обиди, откриле дека доброволците, исклучиво со помош на концентрација, навистина имале мал, но статистички значаен ефект врз резултатите на РЕГ. Откриле уште две нешта. Способноста на создавање на телекинетички ефекти не била ограничена на неколкумина талентирани поединци, туку била присутна кај повеќето испитаници што се тестирани. Тоа дава да се помисли дека повеќето од нас до некоја мерка се способни за телекинеза.
[12]
Џан и Дјун сметаат дека нивните откритија можат да ја објаснат склоноста која се чини дека ја имаат некои поединци кон ‘урочување’ на машините и предизвикување да не работат како што треба. На таквите луѓе им припаѓал и физичарот
Волфганг Паули. Неговиот талент на тоа подрачје бил толку легендарен што физичарите во шега на таа појава ѝ дале прекар “Паулиев ефект”. Се зборувало дека самото присуство на Паули во
лабораторија можело да предизвика да експлодира стаклената апаратура, или чувствителните мерни апарати да пукнат на половина.
Се смета дека и познатиот “гремлински ефект” - склоноста на добро прегледаните апарати да доживеат необјасниви дефекти во најапсурдни, непријатни моменти, а за кои често известуваат пилотите како и воздухопловните и воените техничари - можеби е пример на несвесна телекинетичка активност.