Ново Лисиче го кани светот!

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.856
Локација
Haunted Hayride
Веб-сајт
misterijamk.blogspot.com
Општина Аеродром и здружението „Ново Лисиче“ на 22-ри септември(сабота) во новиот парк со авион „Аеродром“ организираат голем, целодневен хепенинг! „Ново Лисиче го кани светот“ се случува по трет пат и е отворен за сите генерации.
Станува збор за целодневна забавна програма која ќе стартува во 12:00 часот на пладне, ќе трае до 03:00 часот по полноќ, а музичкиот дел ќе се одвива на 3 различни сцени.
Манифестацијата ќе започне со спортски натпревари, за потоа да следи детска програма исполнета со многу игри,
награди, забава со пантомима и жонглирање, дружење со својот омилен лик-кучето Петко(5+), Зумба танц... Вечерта започнува со интерактивно учество во караоке шоу со Ненад и домашни естрадни ѕвезди, а потоа ќе следи големото музичко шоу на главната сцена каде ќе настапуваат ДЈ Славе, Фиц(Студени нозе), Сиги, Аце НЛ и Џоле(Токсикологија) и Ајс Нигрутин и Tимбе (Бед Копи). Ексклузивен MTV Adria ДЈ ќе ја затвори програмата на главната сцена, а забавата ќе продолжи со ГЕН и многу други на третата, афтер сцена.

Идејата да се организира ваква манифестација на отворено потекна од граѓаните на Аеродром, особено младите од населбата Ново Лисиче се со цел да се збогати културно-забавната програма во општината Аеродром и истата да прерасне во едно големо, традиционално дружење.

373307_483200015038217_2091722119_n.jpg

Официјален фејсбук евент

https://www.facebook.com/events/483200015038217/


Горд сум!


ЕДИТ:
Цела програма на сите бини

578491_4454244125039_667842317_n.jpg




 
детална програма ?? :D

Не ја знам искрено целата програма. Евентот е направен пред минута две, што би се рекло:icon_mrgr: Иначе за тие што незнаат, секоја година, т.е оваа е 3та година како што ке има забави и чуда. Обично на 7-8 беа 2те години. Оваа година немаше ни да има, да не беа помладите генерации од Ново Лисиче. Инаку после 12 иде ЗА МЕНЕ главната журовача, Galactical Exploring Network, комшиите кои прават транс на светско ниво

Еве линк
http://soundcloud.com/galacticexplorers
 
Точно на ова место,доста време пред 11 октомври 1941 година,група младинци -СКОЈ од Скопје изведоа диверзанска акција-запалиа голем транспотртен германски авион.
Ќе се сети ли некој на овој ден да ги спомне овие наши деца - јунаци.
 
Џоле токсикологија? Не зезај :pos: Поише за Петко би идела отколку за овој. :rolleyes: У чест Фиц и Ајс, “спремаме куферите„.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom