Tocno e deka nema fajde. Edinstveno moze da dojdes do nekoj bedz ili privezok, penkalo, edno kafe i edna casa sok na nekoja prezentacija, kade ke mora cel den da si na noga na nekoj stand, dodeka nekoj pozadi pere pari, a decava (studentite) pojma si nemaat kako i zoshto seto toa se slucuva.
Бидејќи имам искуство со невладините организации, како студентски, така и оние другите, ќе си земам за слобода да коментирам на темава.
Мала корекција - од студентските организации, како и во партиите, профитираат само неколку души, односно, оние кои се на чело на организацијата, кои уште од студентски денови ја учат "уметноста" на перење пари преку разноразни проекти. Истите се одлично поврзани и платени од страна на сивата еминенција која ги спонзорира проектите. Секако, обичниот студент/посетител на нивните конференции нема појма за ова, но
водството на невладината е итекако упатено и добро заработува. Тие си ја оформуваат својата иднина, како што вели слоганов, но обичниот студент останува со празни раце.
Истово ова важи за секоја појака невладина, каде што е затворен круг на луѓе и ретко кога, речиси никогаш во нив не може да работи некој аутсајдер. Истите луѓе ќе ги сретнете како денес работат во една, утре во друга итн. Но тие се главните и САМО тие одлично заработуваат. Другите не добиваат ништо.
Разбирам дека од АИСЕК штабот ви наредија да регрутирате нови овци и за тоа ви ветиле некој денар плус. Ем перете пари преку разноразни т.н. проекти, ем ги терате студентите да го дадат последниот денар за членарина, ветувајќи им којзнае какви бенефиции. За конференциите наплатувате. Дечки, рачунајте колкави пари се вртат тука, ем од проектите, ем плус членарини и пари за семинари и конференции на кои нема ништо вредно да ве научат. Не е малку, нели?
Ова што го реков важи и за АИЕСЕК и за било која друга невладина. Кој сака, нека си се зачлени, но ако не е отпочеток поврзан со претседателот или секретарот на здружението, нека не се лаже дека со тек на време ќе стекне којзнае каква позиција.
Ако некој веќе толку сака да биде член на ваков тип организација, слободно, само нека пази на што ги дава парите, или нека оди на поевтини настани.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 13:52 ---
Имаме одредени технички проблеми со страната, додека не се среди се околу АИЕСЕК Скопје може да најдете на нашата фан страна
www.facebook.com/aiesecskopje
Мислам дека разнобојново лого со бои на виножито навистина ја отсликува природата на организацијата
Напишав еднаш, но ќе ти пишам пак: Не ги лажи децава ветувајќи им којзнае какви бенефиции, шетање низ Европа и којзнае што. Го знам АИЕСЕК со години, уште пред ти да се зачлениш, а знам и какви луѓе го водат. Навистина е срамота некому да му го земеш и последниот денар од џеб, лажно ветувајќи му дека "ќе ја оформи својата иднина". Звучите ко политичка партија со новиов слоган, а богами, така и функционирате одамна, па ништо не ме чуди. Она што ме изненадува е што почнавте и по форуми да шпартате. Што е следно, ќе почнете да звоните по врати за регрутација...? Али да, криза е, мора да се соберат пари од нови членови, а за тоа сите средства се добри, па и форумите. Цццц.....