Оформи ја својата иднина, зачлени се во АИЕСЕК!

Дали сте член на некоја студентска организација?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Кога го видов насловот помислив дека е "Оформи ја својата иднина, зачлени се во партија" :icon_lol:

Инаку, не, кога можев не бев член на некоја студентска организација бидејки нема фајде од тоа.
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
oooj. Ako mozes da doobjasnis za ovie dvete poveke, mislam, ako moze, a i ne mora
Повели на следниве линкови можеш да прочиташ нешто повеќе околу овие настани

1.) Веле Самак

https://www.facebook.com/events/329629303749226/
http://money.mnogoo.mk/mk/articles/vesti/ministerot-vele-samak-kje-spodeluva-iskustvo-so-studentite http://vlada.mk/node/1964

2.) Building Bridges - Градиме мостови

http://www.crnobelo.com/vesti/85-nastani/11838-bidete-del-od-qgradime-mostoviq
https://www.facebook.com/events/417616531582432/?ref=nf
 
B

Beck's

Гостин
You may not be able to visit this page because of:
  1. an out-of-date bookmark/favourite
  2. a search engine that has an out-of-date listing for this site
  3. a mistyped address
  4. you have no access to this page
  5. The requested resource was not found.
  6. An error has occurred while processing your request.
Stranicata aiesecskopje.org.mk izgleda ne postoi:eek:
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
You may not be able to visit this page because of:
  1. an out-of-date bookmark/favourite
  2. a search engine that has an out-of-date listing for this site
  3. a mistyped address
  4. you have no access to this page
  5. The requested resource was not found.
  6. An error has occurred while processing your request.
Stranicata aiesecskopje.org.mk izgleda ne postoi:eek:

Имаме одредени технички проблеми со страната, додека не се среди се околу АИЕСЕК Скопје може да најдете на нашата фан страна www.facebook.com/aiesecskopje
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Не знам во АИЕСЕК како е точно, ама според муабети конкуренцијата е огромна, се собираат поени од активно учество и дури потоа се гледа дали имаш шанси да заминеш некаде на пракса, настан или слично. Постојат други органиации каде на поедноставен начин може да се замине во Европа.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Мислев конкретно на студентски организации. Во некои случаи го плаќаш само патот до таму, а во некои случаи трошоците се делумно или целосно покриени. Престојот ти е целосно бесплатен. Wizzair може да се покаже само како добар посредник за поефтин пат.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.247
Не знам во АИЕСЕК како е точно, ама според муабети конкуренцијата е огромна, се собираат поени од активно учество и дури потоа се гледа дали имаш шанси да заминеш некаде на пракса, настан или слично. Постојат други органиации каде на поедноставен начин може да се замине во Европа.
Нема тука конкуренција, се е плакнење очи, вака-така, секогаш истите 5 души шетаат сегде, а заради тоа лажат еден куп луѓе, на пракса Холандија ќе ве носиме, во Дизниленд, на Монт Еверест за 20 денари. Прочитана приказна. Знам една колешка две години беше активна во аиесек, вени и се проширија од стоење на штанд, Скопје го шеташе по три пати на ден флаери да дели, за што - за џабе.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Лидер не се станува , лидер се раѓа. Јас сум роден како лидер , така да немам потреба од вашата организација :icon_lol:
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Tocno e deka nema fajde. Edinstveno moze da dojdes do nekoj bedz ili privezok, penkalo, edno kafe i edna casa sok na nekoja prezentacija, kade ke mora cel den da si na noga na nekoj stand, dodeka nekoj pozadi pere pari, a decava (studentite) pojma si nemaat kako i zoshto seto toa se slucuva.
Бидејќи имам искуство со невладините организации, како студентски, така и оние другите, ќе си земам за слобода да коментирам на темава.

Мала корекција - од студентските организации, како и во партиите, профитираат само неколку души, односно, оние кои се на чело на организацијата, кои уште од студентски денови ја учат "уметноста" на перење пари преку разноразни проекти. Истите се одлично поврзани и платени од страна на сивата еминенција која ги спонзорира проектите. Секако, обичниот студент/посетител на нивните конференции нема појма за ова, но водството на невладината е итекако упатено и добро заработува. Тие си ја оформуваат својата иднина, како што вели слоганов, но обичниот студент останува со празни раце.

Истово ова важи за секоја појака невладина, каде што е затворен круг на луѓе и ретко кога, речиси никогаш во нив не може да работи некој аутсајдер. Истите луѓе ќе ги сретнете како денес работат во една, утре во друга итн. Но тие се главните и САМО тие одлично заработуваат. Другите не добиваат ништо.

Разбирам дека од АИСЕК штабот ви наредија да регрутирате нови овци и за тоа ви ветиле некој денар плус. Ем перете пари преку разноразни т.н. проекти, ем ги терате студентите да го дадат последниот денар за членарина, ветувајќи им којзнае какви бенефиции. За конференциите наплатувате. Дечки, рачунајте колкави пари се вртат тука, ем од проектите, ем плус членарини и пари за семинари и конференции на кои нема ништо вредно да ве научат. Не е малку, нели?

Ова што го реков важи и за АИЕСЕК и за било која друга невладина. Кој сака, нека си се зачлени, но ако не е отпочеток поврзан со претседателот или секретарот на здружението, нека не се лаже дека со тек на време ќе стекне којзнае каква позиција.
Ако некој веќе толку сака да биде член на ваков тип организација, слободно, само нека пази на што ги дава парите, или нека оди на поевтини настани.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 13:52 ---
Имаме одредени технички проблеми со страната, додека не се среди се околу АИЕСЕК Скопје може да најдете на нашата фан страна www.facebook.com/aiesecskopje
Мислам дека разнобојново лого со бои на виножито навистина ја отсликува природата на организацијата:LOL:
Напишав еднаш, но ќе ти пишам пак: Не ги лажи децава ветувајќи им којзнае какви бенефиции, шетање низ Европа и којзнае што. Го знам АИЕСЕК со години, уште пред ти да се зачлениш, а знам и какви луѓе го водат. Навистина е срамота некому да му го земеш и последниот денар од џеб, лажно ветувајќи му дека "ќе ја оформи својата иднина". Звучите ко политичка партија со новиов слоган, а богами, така и функционирате одамна, па ништо не ме чуди. Она што ме изненадува е што почнавте и по форуми да шпартате. Што е следно, ќе почнете да звоните по врати за регрутација...? Али да, криза е, мора да се соберат пари од нови членови, а за тоа сите средства се добри, па и форумите. Цццц.....
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Нема тука конкуренција, се е плакнење очи, вака-така, секогаш истите 5 души шетаат сегде, а заради тоа лажат еден куп луѓе, на пракса Холандија ќе ве носиме, во Дизниленд, на Монт Еверест за 20 денари. Прочитана приказна. Знам една колешка две години беше активна во аиесек, вени и се проширија од стоење на штанд, Скопје го шеташе по три пати на ден флаери да дели, за што - за џабе.
АИЕСЕК програмата за студентска размена функционира на следниов начин.

АИЕСЕК има претставништво во 110 земји. Секој апликант си поднесува барање, кое подоцна се процесира и му се обезбедува на апликантот влез во глобалниот систем на пракси. Тој потоа САМ аплицира за дадената пракса ( 20.000 на годишно ниво) со свое CV и на која локација тој САМИОТ сака. Селекцијата на кандидатите за извршување на пракса ја врши канцеларијата на АИЕСЕК во земјата во која сакате да патувате и се зависи од вашата стручна подготовка и вашиот едукативен развој.

Не знам во АИЕСЕК како е точно, ама според муабети конкуренцијата е огромна, се собираат поени од активно учество и дури потоа се гледа дали имаш шанси да заминеш некаде на пракса, настан или слично. Постојат други органиации каде на поедноставен начин може да се замине во Европа.
Во АИЕСЕК конкретно за разлика од другите студентски организации, нема бодовни рангирања со присуство и активно учество. На пр. за одреден проект, се отвараат апликации за лидерска позиција - проект менаџер и организационен комитет на кој СЕКОЈ АИЕСЕК ЧЛЕН може да аплицира.

Со праксите е објаснето во горенаведената квота.



Лидер не се станува , лидер се раѓа. Јас сум роден како лидер , така да немам потреба од вашата организација :icon_lol:
Ти благодарам многу на конструктивната критика.

УПАТЕНО ДО ПЛАВООКА

- За разлика од останатите студентски организации, членувањето во АИЕСЕК е БЕСПЛАТНО (без плаќање на никаков надомест).

- Ниеден член на АИЕСЕК без разлика дали е обичен член или дел од Извршниот Борд НЕ ДОБИВА никаков надомест за неговата работа, чисто волонтерски.

- За секој проект или лидерска позиција однапред се отвараат апликации на кои СЕКОЈ ЧЛЕН НА АИЕСЕК може да аплицира, без разлика на своите претходни искуства каде потоа на избори ЦЕЛО ЧЛЕНСТВО НА АИЕСЕК ГЛАСА, а не само Извршниот Борд.

- Апликантите или кандидатите кои се членови на некоја политичка партија во Република Македонија НЕ ИМ Е ДОЗВОЛЕНО ЧЛЕНСТВО во АИЕСЕК.

- Одењето на конференции е ФАКУЛТАТИВНО и на места на кои се плаќа минимални износи каде што АИЕСЕК останува на нула,.

( Пример : Планинарски Дом Пелистер, Шула Мина, Детско одмаралиште Мајски Цвет )
3 спиења со вклучен превоз и 3 оброка дневно = 1800 денари





 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
АИЕСЕК во Македонија се тапа џонсон, кога ќе ги видиш кој се првите луѓе кој од кој по ај да не речам што и он треба да ти помогне кариера да градиш :facepalm: Неколку пати порано имам правено муабет и со сегашниве луѓе на АИЕСЕК и поранешните, ни чистачи не би вработил во моја компанија, инаку таму вечните студенти се први луѓе на АИЕСЕК. Ако сакате да лепите плакати, ако сакате да правите пластични кеси, ако сакате да врзувате панделки, ако сакате да носите бели маички , ако сакате да ви прават филмови дека се којзнае каква јака и силна организација од која ќе се утепате од знање и обуки слободно трошето го време на АИЕСЕК.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Poddrska za AIESEC , bev nivni clen i zadovolen sum.

Za ostanatite , ne mozam da ve sfatam kako negativno ste nastroeni ,nisto ne znaete za ovaa organizacija a pisuvate besmilseni raboti !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom