Оформи ја својата иднина, зачлени се во АИЕСЕК!

Дали сте член на некоја студентска организација?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Локација
Скопје , Македонија

Регрутација на нови членови на АИЕСЕК Скопје!​

АИЕСЕК е најголемата глобална студентска организација која е распространета во 110 земји низ светот. Целта на АИЕСЕК е да им помогне на младите да ги развијат нивните лидерски способности преку програми за лидери и годишно овозможува повеќе од 20 000 лидерски искуства на членовите. Исто така, во текот на годината, 16 000 интернационални размени на студенти и постдипломци се случуваат во рамките на АИЕСЕК, кои даваат шанса за краткорочно живеење и волонтирање во друга земја, запознавање на различни култури и здобивање со професионално искуство на различни полиња.

napravete-promena-vo-zivotot-stanete-del-od-aiesek.jpg
Станувањето дел од АИЕСЕК дава можност на талентирани студенти да го развијат нивниот потенцијал, да работат на проекти и да го почувствуваат духот на тимска работа. На тој начин, студентот учи проактивно, и како и останатите членови, црпи инспирација и знаења од различните начини на живеење и мислења присутни во мултикултурна средина и ги инкорпорира истите во неговата работа. Со оглед на тоа дека АИЕСЕК постои повеќе од 60 години, работата и одлуките на нејзините членови имаат позитивно влијание на средината на долгорочен план. Членовите се стремат кон одржлив развој и ги земаат во предвид потребите на идните генерации. Еден АИЕСЕК член има многу поволности, меѓу кои: здобивање со нови вештини и пренесување на истите, интернационални познанства, соработка со луѓе низ целиот свет, професионално искуство, полно CV,како и поголеми можности за наоѓање работа.

Регрутацијата е веќе во тек. На 17ти и 19ти септември, студенти од Eкономскиот, Правниот, Филозофскиот и Филолошкиот факултет при Универзитетот ,,Кирил и Методиј” ќе имаат шанса да слушнат повеќе за АИЕСЕК, како и можност да аплицираат, додека пак, на 18ти и 20ти септември, студенти од техничките факултети ќе ја имаат истата. На 21ви септември, АИЕСЕК штандот ќе биде присутен на Медицинскиот, Земјоделскиот факултет, како и на ПМФ.

За оние кои нема да бидат во можност да ги посетат АИЕСЕК штандовите во тие денови, канцеларијата на АИЕСЕК, која се наоѓа во економскиот факултет ќе биде отворена за сите заинтересирани.

Станете АИЕСЕК член и оформете ја вашата иднина!

252444_4538663868089_863803269_n.jpg



 
Кога бев на факултет плаќавме за некоја организација при Технички-Битола. Ако тоа било членарина, тогаш сум бил член на некоја студенска организација, и притоа не сум бил запознаен со статут, права на таа организација.
 
Пред да се зачлените во некоја организација распрашајте се подобро, која како што, според мене има боље организации од АИЕСЕК.
 
Пред да се зачлените во некоја организација распрашајте се подобро, која како што, според мене има боље организации од АИЕСЕК.

Секако, секој има право на свое мислење. Во Република Македонија има околу 10тина студентски организации кои се активни и секоја од нив е специјализирана за нешто (на пр. АИЕСЕК нуди професионални пракси во своите глобални партнери ДХЛ,Тата,United Bank of Switzerland , EESTEC нуди технички пракси поврзани со Техничките Факултети, EMSA нуди пракси и настани во областа на медицината и др.).
 
Логото ми е малку сумливо. Да не е некоја педерска организација?

http://en.wikipedia.org/wiki/AIESEC
Еве повели прочитај нешто повеќе за според тебе "педерската организација", присутна во 110 земји со членство над 65.000 членови.
 
Студентска организација, прв состанок - пикање јазици во туѓа уста. Seems legit. :свиркам:
 
Ubavo e da si vo nekoja organizacija, ama i da funkcionira istata.

Според мене, АИЕСЕК и уште 3 студентски организации се прав пример како треба да делуваат студентските организации, за жал.

Само некои од активностите/проекти/настани на АИСЕК Скопје изминатава година

- Денови на Кариера
- Youth to Business Forum
- ИТ Форум
- АгроБизнис Форум
- Центар за кариерно насочување (ФОН Универзитет)
- Building Bridges (мултиетничко општество)
- United 4 Tommorow
- Веле Самак - Евроинтеграции
 
Според мене, АИЕСЕК и уште 3 студентски организации се прав пример како треба да делуваат студентските организации, за жал.


- Building Bridges (мултиетничко општество)

- Веле Самак - Евроинтеграции
oooj. Ako mozes da doobjasnis za ovie dvete poveke, mislam, ako moze, a i ne mora
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom