Што носи сината карта?

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
еве ти за во Дизелдорф колку одат кириите, грубо по 10 евра за квадрат. Во Скопје е по 4-5 евра од квадрат. Само што платата таму е 4-5 пати поголема за исто работно место. Заклучок: во споредба со платата таму кириите се повеќе од дупло поефтини.
eve i za Holandija:)
http://www.anvastgoed.nl/overview-available-houses.html?wid=4415
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Ивица немој да мрсиш муда, денес никој не оди некаде у пичку материна на печалба, денес лугето одат да живеат подобар живот од тој што го живееле во МКД,времината се сменати, затоа и го прашав Тутор да објасни како е со кирии и цени на станови, да ја долови сликата кој што никој не ја гледа, јас лично знам како е,ама тој беше посочен како пример на темава па сакав тој да каже ама ете човекот не плакал ништо, спиел таму во некој подрум и сега не ги преставува реално работите,едно е да не плакаш ништо а друго е да одиш со фамилија и да почнеш нов живот со кирија од прв ден,..... да не должам, еве ВЛАДЕ кажа некој работи што бил на шетање, ама ако јас ви го пренесам моето искуство низ што све сум поминал фамилиарно,од прв ден на кирија, верувај ми дека 90% од овие што го гасат светлото нема да помислат да излезат од МКД.

..... и викаш другар ти заработувал 10 евра на сат, на запад јас за тие пари не станувам од кревет....
Очигледно вие мислите дека од одма таму ќе се здомите и ќе почнете да работите и живеете ала Американ дрим.
Живеам во таква средина каде многу добро ми се познати начинот на кој луѓе почнале постојано да живеат таму, никој не отишол од прв ден на кирија со цела фамилија таму. Отиднал сопругот, синот, братот па после си повлекле фамилија. Никој не вика дека таму ќе тече мед и млеко, треба газот да го испотиш поприлично и да, ќе живиш у подрум ако треба. Не знам што очекувате кога ќе се замине таму, не се сеќавам дека на некој од одма се му било под конец.
За сам човек, да заработува по 10 евра на саат, според мене а и според он тоа што го кажуваше е доволно. За некое време пак ќе иде, ваљда му одговара платата.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.404
Поени од реакции
9.036

еве како сум јас мислел а верувам и многу други исто мислеле:
Сум мислел дека кога ке отидам таму во некоја пичке си материна дека со една плата ке можам да живеам пристоен живот, нешто што кај нас не се можело, а сега гледам дека и таму со една плата тешко се преживува а не па да се печали, освен ако не си ептен некој висок профил или ако не најдеш работа во некоја компанија која навистина плака солидни пари, а во такава компанија не можеш да се вработиш ако немаш логистика од внатре, нешто слично како кај нас

а другар ти кога ке оди со фамилија да живее таму тогаш да ми каже како ке преживее со 10 евра на сат, знам дека ке речеш ама и жена му ке работи ама треба да мислеш и на деца, а градинките се екстремно скапи, така да многу кар од тоа нема.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
еве како сум јас мислел а верувам и многу други исто мислеле:
Сум мислел дека кога ке отидам таму во некоја пичке си материна дека со една плата ке можам да живеам пристоен живот, нешто што кај нас не се можело, а сега гледам дека и таму со една плата тешко се преживува а не па да се печали, освен ако не си ептен некој висок профил или ако не најдеш работа во некоја компанија која навистина плака солидни пари, а во такава компанија не можеш да се вработиш ако немаш логистика од внатре, нешто слично како кај нас
Епа, нема така.
Да идеш ти на работа а госпоѓата да изиграва домаќинка :)
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.404
Поени од реакции
9.036
Епа, нема така.
Да идеш ти на работа а госпоѓата да изиграва домаќинка :)
е па нема така, ама тоа треба да го знаат и овие што го гаснат светлото многу години на кајгана а никако да го исгаснат туку се силат само на форум.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ај реков повеќе не реплицирам на оваа тема пошто филингот на некој сум го расипвал , ама ете за тебе ке направам исклучок:)
Бев овде пред две години кај мој роднини.
Куќата во која престојував киријата беше 750 евра( стара куќа од пред војната можам да речам во која живееја уште две фамилии, ништо посебно од куќа, кирија плаќаја за две соби кујна и купатило) која се наоѓаше разбирливо во стариот дел на градот. Киријата требаше да биди многу поголема ама дека таму седеја веќе 30 години ајде газдарицата им даваше нешто како попуст. Брачеда ми која живееше во Швајцарија ( на 5 мин од тука) во нов стан од 40 квадрати плаќаше 900 евра( конвертирано од франци).
Сега нормално најверојатно можеш да најдеш и некоја шупа за многу поевтино ама тука колку што сватив зборуваме за живеачка а не за печалба од неколку месеци. Исто интересно е да се кажи дека становите се движеа ако сакаш да си купиш околу 200.000 евра така да никој на крај на памет не им падна да купува стан.
Уште една информација битна. Роднините ( вујко и вујна) кои цел живот работат таму како обични работници во фабрики земаат ( во фабрика за лекови 1100 евра, во фабрика за алуминиумски профили 2000 евра). Брачедами со факултети за незнам што фармација нешто во приватна клиника земаше плата од околу 3000 евра( оваа плата е со се прекувремено работење , значи цел ден. Никој не ја тераше ама за повеќе плата јбг).
Зетот утовар растовар во магацин 1000 евра.
Струја и гас 150 евра мислам фиксно плаќаја лето зима.
Телефон 50 евра( фиксен)
кабловска 50 евра( каналите некој безвезе ако сакаш нешто што вреди ке си доплатиш)
Интернет 50 евра
Кило цреши 8 евра;)( ова ми падна во очи пошто тука така ги фрлавме, сезоната им беше)
Макијато ( крв проплукав дури да му објаснам на кленерите , арно се погоди нашинец Албанец од Гостивар па ми кажа како се вика тоа што ние тука го пиеме, инаку по нивно ке ти дадат нешто како топло млеко со 3 во 1) 2.40 евра.
За јадењето искрено не купвав па незнам точно што како ама дека беше беспари не беше.
Малски продавничиња не видов како што сме тука навикнати туку големи супермаркети кои поправило се надвор или на периферијата од градот, што значи ти треба кола обавезно.
И уште ова го памтам три порции сладолед( две топчиња во порцијата ) и три кафиња 25 евра. 25 евра ејјј. Во грлото ми застанаја :D
И уште еден факт кој сигурно би ги интересирало идните печалбари. Влез во комплекс базени од кој едниот најобичен базен другиот со термална вода( демек топла ) порано бил 2 марки, сега беше 10 евра. Ништо не е вклучено во картата,друго се се доплаќа.
Па сега повелете удрете му есап како е и што е.
Ете јас имам такво искуство од моето патешествие по белиот свет, сега некој друг можеби има друго па нека сподели. Можеби јас градот го погодив изгор скап:)
--- надополнето: 13 септември 2012 во 11:01 ---

Не сум ни јас од Скопје па незнам колку е киријата, а за во Битола искрено не сум се замарал ама мислам за фамилија е 100 евра од стан( нормално зависи што стан или куќа и каде се наоѓа истиот).
Може сега јас да опишам, не за друго блиски луѓе седат во Германија поточно во Визбаден, за стан од 40 квадрати плаќа 300 евра кирија. Гас и струја ќе проверам со точна бројка колку плаќа. Работи како доктор и платата бруто му 3800евра. Од нив даноци 40% плаќа и му остануваат 2280 евра. Чисто од плата со 8 работни часа. Дежурствата и ноќните смени му се плус платени. Значи месечно му се собираат околу 3000евра чиста пара.
Телефон фиксен нема никаква потреба, има мобилен телефон и си става кредит како и кај нас, до 15 евра месечно. Интернет таму се користи на усб и чини 25 евра со се уред, а потоа припејд си надополнуваш месечно. Доволно има за цел месец. За кабловска не сум го прашала, не ни верувам дека му е потребна покрај интернетот.
Вели имаме маркет ДМ од него си пазарам за дома, козметиката ми е без пари, за јадење не штедам воопшто. Излегувам на кафе или на пиво. Кога имам слободно време и шетам до блиските градови. Никако неможам да ја потрошам платата месечно, почнав и да штедам, вели парите кога ги гледаш те тераат да штедиш.
Математикава на двата муабети не се совпаѓа.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Некој ме има грешка сватено мене... Јас бев во Англија преку Агенција која посредува за бебиситери, каде место бебиња се грижев за кучиња,па успат пробав да шетам екстра кучиња за екстра пари. Бев во село ( ако може да се каже село, богаташка населба поточно ) Хартвел близу Нортемптон и Милтон Кијн. Така да стан и храна не плаќав. Инаку незнам зошто би било проблем да се најде инфо за станарина во Лондон на нет.... или некој друг барајте да ве информира, јас слабо со тие информации... иако бар за до толку знам дека Лондон е у П.М. Скап, освен ако не земеш стан у мичку патер да се возиш по пола ден од точка А до Б .
Лондон е скап, ама платите се тука поголеми отколку останатиот дел на УК.Секаде се стигнува за 1 сат максимум, посебно ако живееш блиску до тубе.Тоа пола ден возење ти е фантазија, незнам од каде си го чул.Има станови во Putney, Wandsworth, Clapham, Batersea(овие населби ти се скоро центар, најпожелни населби за живеење за млади професионалци), за до 1000 фунти месечно.
Само луѓе што не го знаат јазикот добро, работат ниско платени работи.
И мкд владе, верувај ми, не се споредува просечен живот тука со просечен живот во МКД.Разликата е ЗЕМЈА - МАРС.

Ако имате прашања за Лондон, прашајте. :)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.283
Може сега јас да опишам, не за друго блиски луѓе седат во Германија поточно во Визбаден, за стан од 40 квадрати плаќа 300 евра кирија. Гас и струја ќе проверам со точна бројка колку плаќа. Работи како доктор и платата бруто му 3800евра. Од нив даноци 40% плаќа и му остануваат 2280 евра. Чисто од плата со 8 работни часа. Дежурствата и ноќните смени му се плус платени. Значи месечно му се собираат околу 3000евра чиста пара.
Телефон фиксен нема никаква потреба, има мобилен телефон и си става кредит како и кај нас, до 15 евра месечно. Интернет таму се користи на усб и чини 25 евра со се уред, а потоа припејд си надополнуваш месечно. Доволно има за цел месец. За кабловска не сум го прашала, не ни верувам дека му е потребна покрај интернетот.
Вели имаме маркет ДМ од него си пазарам за дома, козметиката ми е без пари, за јадење не штедам воопшто. Излегувам на кафе или на пиво. Кога имам слободно време и шетам до блиските градови. Никако неможам да ја потрошам платата месечно, почнав и да штедам, вели парите кога ги гледаш те тераат да штедиш.
Математикава на двата муабети не се совпаѓа.
Тогаш се доаѓа до едно многу битно прашање, а тоа е зошто јас би лажел? Каква корист би имал јас од тоа?
Сега имаш информација од прва рака, како таа информација ќе ја искористиш е твоја и само твоја работа.
Математиките може да не се совпаднат и до еден друг фактор.
Како што има разлика од Скопје до Битола во цените на недвижнините и услугите ( а тука се работи за 200 км и држава од 2 милиони) , тогаш глупо е да правиме муабет за држава од 80 милиони и два различни градови. Сигурно во Берлин и Минхен пак би имало разлика во цените. После не можеме да споредуваме од око стан за стан кога и тука има станови и куќи кои и да ти плаќаат кирија не би седел, а од друга страна има некои кои коштаат како во Менхетен да си.
Така да мислам дека се има доволно информации за добрите и лошите работи за секој сам да си донесе заклучок што е најдобро за него.
П.с Спомна дека пријателот ти е доктор, но не спомна дали е таму роден, таму школован или замина како иселеник и ако е така колку време му требаше за да најди таква работа која е сепак добро платена или веќе замина на готово средена работата. Дали има државјанство или работна виза. Сепак се тие многу битни работи и на некој многу би му користеле веќе ако цврсто решил да си ја бара среќата во стално преселување од земјата или само како печалбар.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 15:07 ---
И мкд владе, верувај ми, не се споредува просечен живот тука со просечен живот во МКД.Разликата е ЗЕМЈА - МАРС.
Не ни споредуваме тоа, туку како да се стигне до таа просечност ако почнуваш од 0 без никој и никого таму.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Оние кој завршуваат медицина кај нас им треба само положен б2 Германски јазик и желба за Германија. Значи аплицираш на 5 места, три ти плаќаат превоз и смештај до интервју, а две ти прават на скајп. Значи сите медицински лица во земјава очекувам да го научат Германскиот јазик и да заминат. Од медицински сетри, техничари, болничари, доктори, специјалисти, фармација, стоматологија и дополни ако нешто пропуштив. Исто и за инжињери, технолози, биотехнолози, физичари, хемичари итн.
 
П

Пепси_

Гостин
Абе мкд владе ти по природа изглеа си стиснат малце и за тоа така скапо ти се чини се :)
Јас лани бев во германија (повеќе градови - шетање) и да кажеш дека во Минхен сокот ти е скап,или еден оброк (оброк ипол цел ден те држи) од 2 евра ти е скапо е греота. Патем со 200 евра бев 10 дена и купував што сакам да јадам, и останаа дури за патики и облека нешто. Значи со една плата од 2-3 илјади евра ти си цар (од нивна средна класа :icon_lol: ).
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186

Со 200 евра 10 дена, а пари за пат, спаваjе, здравно осигуруванje за престоjот и т.н. ?
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
:) Ти се премисли

изгледа не ќе мора
- разгледав и најдов дека има посебни теми за Ирска, Холандија, Германија Италија и оние прекуокеанските( овие последниве ич не ги сакам -незнам зошто такаo_O освен за шетање -)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom