Велиш дека планковата величина т.е. должина (1D) е градбен дел на време-просторот (4D)
Правиш едно барем 3 грешки во едно...
Градбена единица не е планковата должина. Планковата должина е најмала должина, скалар, не е 3,4,11д честичка. Разгледувањето на најниските фундаментални единки има доживеано огромен прогрес по втората супер стринг револуција и на добар се пат овој век да ги откријат вистинските механизми и со градењето на поголеми акцелератори или преку примодијалното космичко зрачење да ја докажат нејзината валидност, се разбира од кога ќе им стане појасно кои се равенките и нивните решенија, не само апроксимациите кои ги имаат во моментот. Стандардниот модел е експериментално докажан како валиден сега за сега, но не е потполн и не е елегантен и ја нема гравитацијата. Има решенија, нема зошто ги има тие решенија.
Како може нешто да наречеш дека е нематеријално, кога се може, дали ќе е електромагнетен бран, радијација или некој друг
бозон, да се престави преку материјата, нејзино движење, потенцијал или бранова функција. Енергијата и материјата се
неразделни, бидејќи се едно исто, така да нешто ако има посебно кое не е енергија, значи не е материја, значи е нешто
трето.
Што е тоа трето и од каде на каде освен во ментална гимнастика, се појавила во некој експеримент или во некоја теорија?
Ајде напиши една научна теорија која воопшто спомнува за нематеријално нешто?
И не можеш да ми кажеш дека нема, бидејќи треба да се докаже со наука која е материјално насочена и со инструменти кои ги гледа мозок кој сакаме да го разјасниме.
Ти го ѕирнав линкот за квалија и таму сите пропоненти се филозофи. Ај кажи ми ти каков егзактен физички резултат треба да
се очекува од филозофи? Или свеста за разлика од се друго е област која не смее да се чепка од страна на физичари, затоа што во минатото имавме добри резултати за објаснување на природата од страна на филозофи?
Не дека имам нешто против филозофите, но на крај науката го има клучот.
Факт е дека тие научници немаат ништо, па во потрага по решенија, сакаат резултати, па се свртеле кон некој мистицизам кој ги носи на погршен пат.
Ти сакаш физичарите да ја баталат науката и да се занимаваат со работи како спознај се себе си, отвори си ги чакрите и најди субјективно решение за проблемот со свеста. Не може така, не тоа како науката функционира.
Никола Тесла немал доволно информации, па затоа се избрзал. Тоа не значи дека лупал глупости, туку дека науката била на
ниво кое била. Исто и со Шродингер и него го фатила некоја сафра.
Гледај, значи пак не ја воочувате или не пробувате да ја воочите разликата меѓу субјективното искуство и физичките
процеси. Субјективните искуства немаат физички квалитет, не е нешто што можеш да го опишеш како куп атоми. Што е сликата
што ја гледаш пред тебе во суштина, атоми, процес на атоми? Значи самото доживување на таа слика, репликата на светот
„надвор“. Што е чувството на болка, атоми?
Има органи кои се адаптирале со текот на еволуцијата да детектираат сензации, инпут, и органи кои ја интерпретираат таа
информација и и даваат смисла. Дали ќе е тоа болка или слика, се работи за исто. Тебе те буни како тоа сега од она кое
влегува во човековиот систем, мозокот успева да најде нзс. Абе ќе се пресмета и тоа и ќе биде како што планиравме да биде се ќе може да се опише со неколку равенки, за најдолно ниво и после нив комплексноста и големината на меѓусебните интереакции ќе биде она кое го викаш свест.
Исто и со компјутерите, кога системот ќе стане комплексен од него ќе излезе свеста, сама по себе и тогаш ќе е јасно дека не е свеста нешто апстрактно. Почекај уште 10-20-30 години ќе бидеме сведоци на интересни откритија. Ама од страна на хемичари, физичари, не на поп-филозофи.