Жити се кажи кога беше и во кој град?
Ај реков повеќе не реплицирам на оваа тема пошто филингот на некој сум го расипвал , ама ете за тебе ке направам исклучок
Бев
овде пред две години кај мој роднини.
Куќата во која престојував киријата беше 750 евра( стара куќа од пред војната можам да речам во која живееја уште две фамилии, ништо посебно од куќа, кирија плаќаја за две соби кујна и купатило) која се наоѓаше разбирливо во стариот дел на градот. Киријата требаше да биди многу поголема ама дека таму седеја веќе 30 години ајде газдарицата им даваше нешто како попуст. Брачеда ми која живееше во Швајцарија ( на 5 мин од тука) во нов стан од 40 квадрати плаќаше 900 евра( конвертирано од франци).
Сега нормално најверојатно можеш да најдеш и некоја шупа за многу поевтино ама тука колку што сватив зборуваме за живеачка а не за печалба од неколку месеци. Исто интересно е да се кажи дека становите се движеа ако сакаш да си купиш околу 200.000 евра така да никој на крај на памет не им падна да купува стан.
Уште една информација битна. Роднините ( вујко и вујна) кои цел живот работат таму како обични работници во фабрики земаат ( во фабрика за лекови 1100 евра, во фабрика за алуминиумски профили 2000 евра). Брачедами со факултети за незнам што фармација нешто во приватна клиника земаше плата од околу 3000 евра( оваа плата е со се прекувремено работење , значи цел ден. Никој не ја тераше ама за повеќе плата јбг).
Зетот утовар растовар во магацин 1000 евра.
Струја и гас 150 евра мислам фиксно плаќаја лето зима.
Телефон 50 евра( фиксен)
кабловска 50 евра( каналите некој безвезе ако сакаш нешто што вреди ке си доплатиш)
Интернет 50 евра
Кило цреши 8 евра
( ова ми падна во очи пошто тука така ги фрлавме, сезоната им беше)
Макијато ( крв проплукав дури да му објаснам на кленерите , арно се погоди нашинец Албанец од Гостивар па ми кажа како се вика тоа што ние тука го пиеме, инаку по нивно ке ти дадат нешто како топло млеко со 3 во 1) 2.40 евра.
За јадењето искрено не купвав па незнам точно што како ама дека беше беспари не беше.
Малски продавничиња не видов како што сме тука навикнати туку големи супермаркети кои поправило се надвор или на периферијата од градот, што значи ти треба кола обавезно.
И уште ова го памтам три порции сладолед( две топчиња во порцијата ) и три кафиња 25 евра. 25 евра ејјј. Во грлото ми застанаја
И уште еден факт кој сигурно би ги интересирало идните печалбари. Влез во комплекс базени од кој едниот најобичен базен другиот со термална вода( демек топла ) порано бил 2 марки, сега беше 10 евра. Ништо не е вклучено во картата,друго се се доплаќа.
Па сега повелете удрете му есап како е и што е.
Ете јас имам такво искуство од моето патешествие по белиот свет, сега некој друг можеби има друго па нека сподели. Можеби јас градот го погодив изгор скап
--- надополнето: 13 септември 2012 во 11:01 ---
а погледни го тоа од овој агол ... колку е платата во Скопје и колку е киријата во Скопје (пошто некои не сме од Скопје, а реално повеќе работа се наоѓа во Скопје) ... ?
Не сум ни јас од Скопје па незнам колку е киријата, а за во Битола искрено не сум се замарал ама мислам за фамилија е 100 евра од стан( нормално зависи што стан или куќа и каде се наоѓа истиот).