Limbo
maybe an alien
- Член од
- 26 декември 2007
- Мислења
- 835
- Поени од реакции
- 1.471
Гледај, значи пак не ја воочувате или не пробувате да ја воочите разликата меѓу субјективното искуство и физичките процеси. Субјективните искуства немаат физички квалитет, не е нешто што можеш да го опишеш како куп атоми. Што е сликата што ја гледаш пред тебе во суштина, атоми, процес на атоми? Значи самото доживување на таа слика, репликата на светот „надвор“. Што е чувството на болка, атоми? Не процесите кои предизвикуваат болка. Убод на игла може да предизвика болка, но самата игла не можеш да кажеш дека е болка, ниту процесите во мозокот. Што е тоа што му дава таков квалитет на искуството за некоја фреквенција на светлина да ја доживееш ко боја. Тој субјективен квалитет што научниците го нарекуваат Qualia ја прави идејата да се опише свеста во физички ракми е невозможна и мислам дека полека полека таа идеја умира, освен по некој die-hard douchebag ко Даниел Денет за кој сите се фативте ко слепи за стап, кој патем не е некаков научник со експериментални докази какви што сакате, туку филозоф и е критикуван дека ништо не објаснува туку бега од прашањата. Неговата книга Consciousness Explained често ја пародираат како Consciousness Explained Away, и ја лично мислам дека типот е во длабока заблуда, све што објаснува се однесува на Soft Problem of Consciousness, оптички илузии, недостатоци во перцепирањето и слично.Како филозофска дебата да, слична на оние во минатото, кога луѓето шпекулирале каков е светот околу нив.
Исто е ко да си кажеш како произлегува живот од збир на неживи атоми од кои е составен човекот, сигурно и животот е нешто нематеријално, одвоено од механичката природа на телото.
Не знам зошто имате такви предрасуди и го замислувате нематеријалното ко некаква невидлива реплика на материјалното, некаков дух од приказните, или нешто што ја негира науката - напротив, може само да допринесе до подобро сваќање на истата. Често некои научници знаат да потенцираат дека свеста можеби е нелокална, што значи не може да се опише во физички својства како локација, материјал, атоми, големина. Некои сето и го нарекуваат, дух, духовно нешто. Патем и Никола Тесла има речено дека космосот е духовен, а ние сме делумно такви, човекот кој имал толкави интуитивни спознавања на нештата што просто незамисливо е да ги објасниме во рамки на образование. Не мислам дека веројатно најголемиот ум на што постоел на Земјата тропал глупости и неговите мисли се достојни за смеење.
Океј, само сакав да ти укажам дека е сериозна дебата, она што сакате да го претставите како решен проблем е далеку од тоа. Ниту еден невролог не се осудил да каже дека објаснил како нешто материјално може да стане свесно. Како што има речено едниот професор “Nobody has the slightest idea how anything material could be conscious. So much for our philosophy of consciousness.” Мислам дека проблемот е повеќе во јазикот бидејќи е тешко да се дефинира свеста во општа дефиниција, па некои ја поистоветуваат со физичките процеси.Овие се ставовите кои се блиски до моите, а ти ги сметаш за ограничени и доматски.
Што има апсурдно. Кој е тој закон на природата што го забранува или негира, или се коси со истиот?Текстов што го напиша може да се поистовети со бранењето на бог од страна на црквата. Материјално и нематеријално?
Кои се тие научници кои се светлосни години напред? Кои се нивните истражувања и резултати?
....
Знаеш ли колку апсурдно звучи твоето спомнување на нематеријалното.
Одредени научници се случува да го дискредитираат или исмеваат нематеријалното поврзувајќи го со религијата или црквата, не се ништо поотворени во сваќањата од неа, затворени се во своите „догми“. Патем, постоењето на нематеријалното не може да го присвои ниедна религија како нејзино. Терминот бог зависи од дефинирањето на самиот термин, некој го дефинира како невидлив човек на небото, некој како нешто друго, некој како креатор на универзумот, некој како самиот универзум и тн. Црквата или религиите не се единствени кои му придаваат значење на истиот збор. За да го дискредитираш, треба прво да ја дефинираш на кој хомоним на зборчето „бог“ мислиш. Ајнштајн и Тесла имале свои гледишта на господ, сигурно не затоа што биле лековерни.
Е сега, не реков дека се научници, реков луѓе, кои колку можеле пробале научно да ги испитаат поврзаноста на свеста со мозокот. Бидејќи не е област во која може да се приложат докази во облик на физички докази, не можам да речам се научници, ниту сами се нарекуваат така, туку се истражувачи за разлика од Денет. Поради самата природа на нештата која се базира на субјективните искуства, нивниот став ниту цел не е „верувајте, жими се“, него ги охрабруваат тие што навистина се интересираат да пробаат самите и да се уверат во потенцијалите и можностите на свеста.
И јас те разбирам, но поентата е дека гледаме во погрешен правец кога се работи за свеста.Види, јас те разбирам што сакаш да кажеш. Разбирам дека луѓето понекогаш од очај и удирање во ѕид со некоја теорија се способни и да бараат сламка за спас, едноставно откривање на основите на универзумот е премногу привлечна област и сакаат да допринесат со донесување на свет на нешто ново. Но на крај знај дека што и да се замисли и каква и теорија да се постави, нема да има големо фајде од истата се додека експериментално не се докаже.
И колку и да удираат во корсокаци, ќе продолжат да работат и да откриваат.
Тие ќе манифестираат способности, но нема да ги доживуваат. Тоа е битната разлика.... создадени билошки организми, нема во своите основи да имаат покомплексни стохастички единици или групи кои ќе бидат многу поуспешни во симулирање и со тек на време и реално манифестирање на способности кои се денес специфични само за човекот.
За човекот како физичко тело важат физичките закони. И не реков дека тој нематеријален ентитет нема никаква поврзаност со физичкото тело, напротив, нонстоп се во комуникација, освен можеби многу помалку кога спиеме или при алтернативни состојби на свеста. Свеста е онаа варијабла што му овозможува слободна волја на човекот (и другите организми) до некој степен на слобода. Свеста не е изградена од атоми, како што просторот и времето не се. Далеку сме од било какво разбирање на сите 3 освен како земање здраво за готово, како нешто фундаментално.Од една страна велиш дека физичарите треба да си ги отворат мислите кон можностите дека постои некој нематеријален ентитет кој е независен од физичкото тело, од друга наполно ја отфрлаш можноста за иден нов организам кој ќе развие човеколики карактеристики. Зарем мислиш дека човекот е уникатно посебен и за него не важат физичките закони кога станува збор за функционирање на она кое го велиш свест? И ако не, зошто тогаш би било сосема отфрлена можноста дека спознавањето на точните закони нема да донесе и резултат. На крај следната етапа од човечката еволуција можеби ќе биде плод на компјутерски ентитет, можеби набргу компјутерите ќе бидат оние кои ќе ги заменат луѓето во идните креативни достигнувања.
--- надополнето: 12 септември 2012 во 18:46 ---
Тие роботчиња не мирисаат, тие само симулираат, хардверска обработка на input-от од воздухот, совтверска калкулација - output. Толку. Недостасува Qualia во целиот тој систем, недостасува субјективно доживување ко во секој друг хардверски/софтверски систем, било аналоген или дигитален.Не се согласувам-самиот ќе се адаптира(всушност и прашање е дали и ќе биде само силиконски).
Овие веќе ги вршат има роботчиња со мноогу јак осет за мирис-откриваат наркотици и средства за двојна употреба.
А што ако не се? А што ако биохемиските процеси сами по себе не се доволни?А што ако се во основа исти т.е алгоритамски исти само што кај човекот се сведува на биохемиски процес а кај Демигод комбинација од двете.
Пробајте да дадете сопствена дефиниција што е чувствување надвор од лавиринтите на физиката [и инаетот], пробајте со своја глава да размислите, ќе видите колку грешите...чувствување...
Истото важи и овде, и за инвентивноста-ќе поставиш проблем и ќе добиеш решение.