Фан Клуб: Јувентус

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
па Земан бил во право бидејќи вашиот лекар тогаш беше суспендиран на 1 година само ради изјавите и доказите на Земан, значи не било лаење на празно, сега можеби Дел Пиеро не знаел за ситуацијата, можеби му ставале во јадењето а тој не бил свесен или можеби така направила вашата управа за да не го крка Дел Пиеро туку докторот .. јас лично верувам дека Дел Пиеро не знаел и дека докторот ја заебал работата, али сепак и докторот не верувам дека тоа би го направил самоволно, тој добил наредба од некој, само ајде што било поминало нема потреба да навлегуваме во тоа .. ама важно сакав да ви нагласам дека Земан не тропал некој нелогичности, туку тоа што го кажал било вистина, а вие не давајте обратна слика на целата ситуација
Грешка. На докторот во 2005 година, му се призна поднесената жалба и му го повлекоа обвинението, што значи целиот случај за „допингот“ падна во вода. Сепак, се докажа дека тврдењата на Земан, сепак биле млатење празна слама на човек кој за своите неуспеси на професионален план му ги препишува на други, и на човек кој е тренер веќе 30 години и најголемиот дострел му е освоена Сериа Б титула. Раниерчо е 2 класи подобар од него.
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
По она до сега што го имам слушнато или читано, можам да кажам дека дека воопшто не владее мислењето дека Интер стои зад ваквите постапки на Палаци. Ако некој "стои" зад Палаци односно го подбуцнал да работи на овој начин тогаш сомнежот паѓа на Галијани. Галијани и Палаци се доста блиски, а името на Конте во овој процес излезе во јавноста 2-3 дена откако Конте му врати на Галијани со зборовите: "Вие сте мафијата", како резултат на војната преку медиуму за сагата наречена Gol di Muntari.
Како и да е, мое мислење е дека е само еден вид на предупредување на ФИГЦ кон Јувентус за нивната сила и можноста со едно тропање на прстите да му направат штета на клубот од големи размери. Причина зошто Ањели преку ноќ се одлучи 3те ѕвезди сепак да не стојат на дресовите од сега па натаму.
Во случајот со Конте има куп нелогичности кои адвокатите ги изнесуваат на површина, меѓутоа секој ги "занемарува".

Суспензијата на Конте се темели само лажните изјави на Каробио и се однесува на 2 натпревари Новара - Сиена и Албинолефе - Сиена.
На жалбата, во случајот со Новара - Сиена, Конте е прогласен за невин, меѓутоа сепак казната од 10 месеци останува.

Конте на прес конференцијата кажа дека сите треба добро да ги отворат очите, затоа што ова може да му се случи на секого.

Пред 3 дена и Прандели застана во одбрана на Конте

Btw, новата жалба ке биде поднесена во Понеделник.
интересна теорија секако држи вода .... ова и мене ми има паднато на ум минус делот за галијани. едноставно премногу курчење од страна на ањели (ваљда во обид да набилда некоја популарност не знам) и човекот буквално забега тужби , три ѕвезди , барање од уефа да се исфрли интер :S (убедливо најидиотска работа што некад ја имам слушнато) напаѓање и плукање по институциите во италија и сл. Иако и самиот знае како и цела италија дека скудетата нема да им се вратат (дали од правни причини или едноставно јувентус е крив не навлегувам секој си верува во едно). ова веројатно е опомена до ањели да знае кај му е местото и дека името му е андреа а не џани.
ПС. моја луда теорија на заговор е ова не некој факти. само пронајдов некои сличности со постот погоре. Иначе и јас мислам дека Конте не требаше да биде жртвуван ама тоа е .


Искомплексираниот Претседател на Фиорентина, Дела Вале во новиот договор кој ќе му го понудел на Јоветиќ ќе имало откупна клаузула од 40 милиони евра, а во договорот ќе имало и член дека тоа се однесувало за сите тимови освен за Јувентус. Чиста мизерија од Претседател па до тим!Ова за Јуве не е никаква штета. На пазарот за 40 милиони ќе се купи три класи подобар фудбалер од Јоветиќ. Единствена е штетата за Јоветиќ кој заглави во Фиорентина. Тоа е исто како да му дадиш на некој Југо, цел живот што возел Фичо. И нормално дека ќе замислува дека вози Ферари!

зарем правно е возможно вакво нешто ?
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
зарем правно е возможно вакво нешто ?
Возможно е ако стриктно е наведено за кој клуб не важи откупната клаузула, и ако тоа е потпишано со меѓусебна согласност од двете страни (клубот и играчот).
 
G

grande-juve

Гостин
Конте го испрашувале за нови два натпревари ама сега кога бил во Бари, против Тревизо и Салернитана...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Конте го испрашувале за нови два натпревари ама сега кога бил во Бари, против Тревизо и Салернитана...
Што е најважно, Конте на тоа испрашување присуствувал без своите адвокати само како сведок а не како обвинет.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
A

apidrone

Гостин
http://www.supersport.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=15390:juventus-raboti-na-doveduvanje-na-tores&catid=50:shpekulacii&Itemid=129
Како прво 50 милиони фунти се премногу пари за Јувентус + тоа не му се движе толку цената на Торес !
+ Торес им е единствен класичен напаѓач моментално на Челзи. Уствари џабе уште сега се збори. Знаете дека играч што играл во групната фаза во ЛШ, после тоа не може да се искористи во елиминациите (ако дај боже стигнеме до таму).
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
+ Торес им е единствен класичен напаѓач моментално на Челзи. Уствари џабе уште сега се збори. Знаете дека играч што играл во групната фаза во ЛШ, после тоа не може да се искористи во елиминациите (ако дај боже стигнеме до таму).
Како бе ако поминеме група ?
Јас се надевам најмалку до полу-финале !
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.450
Поени од реакции
87.180
Ај да не се залетуваме многу со ЛШ, до финале, до полуфинале итн, итн. Самото време ќе покажи колку ни се силите. Башка поголемиот дел од фудбалерите немаат такво искуство во европските натпреварувања. Само Буфон и Пирло се оние кои знаат колкав е притисокот да се игра во Европа. Да, Келини, Де Чеље, Маркизио и Џио имаат настапувано во ЛШ, ама тогаш само до осминафилале стигнавме. Прво нека се покажат на терен после ќе зборуваме.

Инаку мислам дека во Среда МТВ ќе не даваат нас со Челзи :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
565
Поени од реакции
256
Ај да не се залетуваме многу со ЛШ, до финале, до полуфинале итн, итн. Самото време ќе покажи колку ни се силите. Башка поголемиот дел од фудбалерите немаат такво искуство во европските натпреварувања. Само Буфон и Пирло се оние кои знаат колкав е притисокот да се игра во Европа. Да, Келини, Де Чеље, Маркизио и Џио имаат настапувано во ЛШ, ама тогаш само до осминафилале стигнавме. Прво нека се покажат на терен после ќе зборуваме.

Инаку мислам дека во Среда МТВ ќе не даваат нас со Челзи :)
И на ОБН имаше најава оти ќе не дават. Двајцата коментатори се најјаки што пренесуваат :)
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
Како бе ако поминеме група ?
Јас се надевам најмалку до полу-финале !

Да не претеруваме многу(немој да ме сватиш погрешно). Сепак не се сите до толку искусни за да истуркаат толку далеку(дај Боже да грешам). Имаме малку играчи кои имаат искуство во ЛШ како Буфон, Пирло, Лусио(овој прашање е и колку ќе игра), додека Маркисио, Киелини, Џовинко и Касерес имаат барем малку, другите или играле едвај минути или пак не ни играле. Не е исто да играш во Серија А и во ЛШ. Ако се има силна желба може да се стигне подалеку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom