D
Daedalus
Гостин
Не БЕ(малку е некултурно вака да се обраќаш)друже,не се збунив.И да,тебе ти реплицирам,иако неповикан во вашата дискусија со Хептаграм.Малку ми е нејасна тенденцијата кај луѓето самоволно да ги толкуваат зборовите и нивните значења,како на пример ти во случајов.Знаш што е догма?Знам дека знаеш,ама еве да повториш:
1. Версконачелоштоверницитетребадагоприфататбезникаквакритикакакоапсолутновистинито.
2. Мислење, теоријаштосеприфаќакакоапсолутнавистинабезкритичкопроверување; цврстоизложеномислењеилитврдењебездокази.
Те молам сега објасни ми како може јогата како пракса,да ја наречеш догма,земајќи го во предвид горенапишаното?Јас колку што го читам Хептаграм,тој не тврди дека со јогата тоа и тоа ќе постигнеш,зашто Телемата пред се се базира на субјективност и индивидуалност,туку ти вели практикувај јога,па ќе осознаеш(што и да е тоа,не навлегувам,немам познавања од таа област).Сепак постои критичко проверување,нели?
За аналогијата со пливањето немам коментар,зашто не ти е на место.
Неколку ситни исправки. Дефиницијата под број 1 се однесува на "верска догма" додека пак дефиницијата под број 2 е класичната "дефиниција" за догма. Праксата во јогата секако не е догма. Догма би можело да биде учењето кое стои позади тие практикувања. Верувањето во постоењето на кундалинито, чакрите и реинкарнацијата се догматски затоа што се прифатени како вистина од страна на повеќето практикувачи на јогата без притоа нивното постоење да е презентирано со веродостојни докази. Секако, свесен сум дека не секој практикувач на јога верува буквално во тие концепти и свесен сум дека јогата може да се практикува без при тоа да се верува во чакри итн..(во форма на гимнастика и медитација за релаксирање.) Медитацијата секако (без разлика на тоа дали поради пласебо или други причини) може да делува добро на психофизичкото здравје.