Не е така . Во Библијата уште во третиот стих пишува дека Бог го создал Сонцето . Еве ги почетните зборови од Светото Писмо:А што правиме со редоследот на создавањето? Еве да речеме не се денови, туку периоди, арно ама таму се вели дека првин е создадена земјата, па потоа растенијата па дури после нив сонцето.
1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.
2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.
3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.
4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.
5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.
Ако алудираш на стиховите од истата глава , од 14-17 :
14" И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,
15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.
16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.
17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата ",... тоа означува дека тогаш станале видливи на Земјата и Сонцето и Месечината и ѕвездите .
Пророкот Мојсеј пишувал онака како што го водел БОГ, пишувал на едноставен јазик кој можеле да го разберат и луѓе кои живееле пред 3500 години .