Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
24
А што правиме со редоследот на создавањето? Еве да речеме не се денови, туку периоди, арно ама таму се вели дека првин е создадена земјата, па потоа растенијата па дури после нив сонцето.
Не е така . Во Библијата уште во третиот стих пишува дека Бог го создал Сонцето . Еве ги почетните зборови од Светото Писмо:

1 Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.

2 Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите.

3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.

4 И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината.

5 Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден.


Ако алудираш на стиховите од истата глава , од 14-17 :

14" И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,

15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.

16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.

17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата ",... тоа означува дека тогаш станале видливи на Земјата и Сонцето и Месечината и ѕвездите .

Пророкот Мојсеј пишувал онака како што го водел БОГ, пишувал на едноставен јазик кој можеле да го разберат и луѓе кои живееле пред 3500 години .
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
3 И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина.
.

А кај го гледаш Сонцето во погорниот стих, жив Ти све?...
--- надополнето: 11 септември 2012 во 15:46 ---
17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата ",... тоа означува дека тогаш станале видливи на Земјата и Сонцето и Месечината и ѕвездите .
.
А „претходно„ Сонцето, Месечината и ѕвездите, биле невидливи, така?...
--- надополнето: 11 септември 2012 во 15:47 ---
Сонцето не е најстаро космичко тело. И?
И ондак-то....
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
24
1. Не се работи за некакви недефинирани временски периоди, туку се работи за 7 деноноќија, поточно, ноќоденија оти според Писмото, деноноќието почнува со ноќ, а не со ден.

Така, еден ден од Постанокот, трае 24 часа. според Св. Ефрем Сириски. Смешно е да кажеме дека тие „денови„ траеле различно од денешните денови: тогаш траеле „толку„ ама сега траат „олку„.

2. Светлината постоела уште пред создавањето на Сонцето. Откако Сонцето, Месечината и небесните светила се створени, таа светлина е пресесена на тие небесни објекти, кои стекнуваат способност да светат.
Со многу добра воља, на секој настан опишан во некоја книга за мали деца можеш да му најдеш пандан во вистинскиот живот.

Само не е јасно зошто тоа некој би го правел. Бајките се бајки, вистинскиот живот е вистински живот...

На овој начин само личиш на муслиманите кои со телескоп ја бараат пукнатината на Месечината каде што Алах ја лепел со ОХО лепило, од кога еднаш ја скршил на две...

Светото Писмо Библијата ја содржи единствената Вистина за нашето постоење и за настанокот на универзумот.


А за ова за Муслиманите и телескопот и ОХО лепилото првпат слушам :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Светото Писмо Библијата ја содржи единствената Вистина за нашето постоење и за настанокот на универзумот.
И што треба да направиме со Светото Писмо, за да можеме точно да го разбереме она кое е запишано во Писмото?

Еден ден од Постанокот, колку траел временски? Кој знае?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Светото Писмо Библијата ја содржи единствената Вистина за нашето постоење и за настанокот на универзумот.
Светото Писмо е збирка на еврејски народни приказни со многу малку литературна вредност. Воглавно тешки глупости. Да си го водиш животот по бајки на пустински камилари од пред не знам колку време е предавство на разумот и тешка инфантилност.

Не мора да читаш филозофија, не мораш да ја проучуваш науката. Само послушај го Карлин.

 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
24
А кај го гледаш Сонцето во погорниот стих, жив Ти све?...
--- надополнето: 11 септември 2012 во 15:46 ---


А „претходно„ Сонцето, Месечината и ѕвездите, биле невидливи, така?...
--- надополнето: 11 септември 2012 во 15:47 ---


И ондак-то....

Ке ти одговорам на кратко, бидејќи мора да одам .

Биле невидливи од гледна точка на Земјата, бидејќи Хебрејскиот збор мао`р кој се спомнува на почетокот означува дифузна светлина , која не допирала до Земјата.

Со тоа се согласува и науката, бидејќи на почетокот не изгледало се онака како што изгледа денес планетата, во атмосферата имало издувни гасови, пареа итн.

Е сега, според Св. Ефрем Сириски ти веруваш дека се тоа тоа настанало за 7 дена, но тоа не е така . Во Светото Писмо друго пишува.

Затоа реков дека ниту Креационистите ниту Еволуционистите не се во право. Поздрав !
--- надополнето: 11 септември 2012 во 16:01 ---
Не
И што треба да направиме со Светото Писмо, за да можеме точно да го разбереме она кое е запишано во Писмото?

Еден ден од Постанокот, колку траел временски? Кој знае?
Неодреден временски период брате Мики. БОГ знае . Поздрав !
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Затоа реков дека ниту Креационистите ниту Еволуционистите не се во право. Поздрав !
Што има врска еволуционизмот со настанокот на универзумот?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Биле невидливи од гледна точка на Земјата, бидејќи Хебрејскиот збор мао`р кој се спомнува на почетокот означува дифузна светлина , која не допирала до Земјата.
Чек, полека, кочи...

Еднаш велиш дека „светлина„ е исто што и Сонцето, па велиш дека се работело за дифузна светлина, па велиш дека нешто било невидливо од Земјава ама постоело...Ај соземи се.
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
24
Светото Писмо е збирка на еврејски народни приказни со многу малку литературна вредност. Воглавно тешки глупости. Да си го водиш животот по бајки на пустински камилари од пред не знам колку време е предавство на разумот и тешка инфантилност.

Не мора да читаш филозофија, не мораш да ја проучуваш науката. Само послушај го Карлин.

Светото Писмо е збирка од историја, алегории, приказни и поезија. И токму затоа што има литературна вредност е бестселер на сите времиња, најпродавана книга.


Сакам да слушам различни мислења, но никако не можам да бидам следбеник на луѓе без разлика дали се викаат Карлин, Дарвин, Маркс, Фројд, Мартин Лутер, Августин, Жан Калвин или други луѓе , благодарам не.

Славата му припаѓа на БОГ.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Неодреден временски период брате Мики. БОГ знае . Поздрав !
Благодарам на Вашиот исцрпен одговор.
Се чини дека Бог Е најповолна можност за „вадење од небрано„: ако нешто не знаеш, свали го на Бога!
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
24
Чек, полека, кочи...

Еднаш велиш дека „светлина„ е исто што и Сонцето, па велиш дека се работело за дифузна светлина, па велиш дека нешто било невидливо од Земјава ама постоело...Ај соземи се.
Не може да ме разбереш очигледно. Светлината од Сонцето не допирала до Земјата! . Ајт сега дебатирајте си мора да одам, поздрав до сите дискутанти.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Благодарам на Вашиот исцрпен одговор.
Се чини дека Бог Е најповолна можност за „вадење од небрано„: ако нешто не знаеш, свали го на Бога!
Ето видиш како си знаеш. Или ако тоа не помогне имаш алтернатива. Ако не знаеш да одговориш припиши го на духовна логика. :D
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ето видиш како си знаеш. Или ако тоа не помогне имаш алтернатива. Ако не знаеш да одговориш припиши го на духовна логика. :D
...:pos:...

Море, тоа со духовната логика го означува сознанието од духовниот опит, а не бегање од одговорот...
--- надополнето: 11 септември 2012 во 16:13 ---
Светлината од Сонцето не допирала до Земјата! .
Аааааа....:D...Значи, тука била „бургијата„...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Светото Писмо е збирка од историја, алегории, приказни и поезија. И токму затоа што има литературна вредност е бестселер на сите времиња, најпродавана книга.


Сакам да слушам различни мислења, но никако не можам да бидам следбеник на луѓе без разлика дали се викаат Карлин, Дарвин, Маркс, Фројд, Мартин Лутер, Августин, Жан Калвин или други луѓе , благодарам не.

Славата му припаѓа на БОГ.
Кој ти рече да бидеш нечиј следбеник? Послушај што ти зборува човекот. А ти зборува за откажување од човечката врста заради предавството на разумот во име на невидливиот човек на небото кој ти води сметка за тоа какви грешки правиш. Ти зборува за твојата инфантилност и неспособност да си го земеш животот во свои раце, без страв од Дедо Боже.

Но Карлин е во право, луѓето се за грев, достојни за презир...

Што се однесува до Библијата, таа е ужасно литературно дело. Со Новиот Завет вештачки прилепен на Стариот, со заплет напишан како од 12 годишно дете, со ликови кои се појавуваат кој каде ќе стигне, со имиња кои се повторуваат, ужас еден. За тоа дека била бестселер, одамна е познато дека луѓето отсекогаш повеќе сакале да одат во циркус наместо во театар...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
...:pos:...

Море, тоа со духовната логика го означува сознанието од духовниот опит, а не бегање од одговорот...
Не море, Македонија нема море, езеро. Одамна не си се напил пиво во фантастично друштво затоа си се смејш самиот себеси. Духовна логика сознаение, ај оди бегај :pos:. Нит си сознал нит разбрал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom