Креационизам наспроти еволуционизам

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Демек квази верување хаххах....и на прашањето дали постои Бог како одговараш?
Нема квазиверување. Отсуство не значи квази.
Дефинирај бог. (ова со твој камен)
 
M

Muranyi

Гостин
Демек квази верување хаххах....и на прашањето дали постои Бог како одговараш?
Ајде јас да ти одговорам,иако прашањето не беше поставено кон мене,се надевам нема да ти пречи.Влетувам во вашиот разговор бидејќи и јас се сметам за атеист агностик,еднаш дури еден твој пост ме збуни кога ме нарече само агностик,како да не може атеист да биде агностик истовремено.Може,бидејќи тоа се однесува на две сосема различни прашања.Јас само ќе кажам дека не го разбирам гностицизмот,како може некој да тврди дека знае дека Бог постои или не?Еве за сите гностици,нека кажат како знаат дека Бог постои и како го спознале тоа а воедно и атеистите ги поканувам да одговорат од каде знаат и кои им се доказите дека Бог не постои.Тоа ниту било докажано,ниту сметам дека ќе се докаже некогаш.
Еве го одговорот на твоето прашање-јас како атеист агностик не верувам во ниеден до сега понуден и за мене познат концепт на Бог,сосема го отфрлам концептот на Бог како антропоморфолошко битие со сета своја исфрустрираност,садизам и шовинизам кои му се припишуваат во Аврамските религии(јудеизам,христијанство,ислам) зашто е потребно само малку логика за човек да сфати дека се работи за еврејски народни приказни,митологии и човечки измислици и после тоа мерење пеници чив к..,осносно Бог бил поголем.Тоа се глупости,да се разбереме.Но,никако не ја отфрлам можноста за постоење на Интелегентен креатор и сметам дека не можам да го спознаам и знам тоа.Можно е,не велам не,шансите се 50-50,нормално.Затоа,треба малку потесно да се дефинира што значи Бог,ако воопшто има дефиниција за тоа,зашто ете,не сакам да те оценувам,го мразам тоа и глупаво е,но мислам дека ти оставаш можност за постоење на Бог,не веруваш во некој концепт на Бог според тоа што можам до го утврдам по твоите постови,што значи дека и ти си атеист,според мене.Не се лути,може и погрешно сум те проценил.
А и тој,забављачот,математичарот е атеист,што се треска од земја со некоја си негова религија,недефиниран Бог,измиксано со гатања на баба Ванѓа,бетер од ѓупците е со сите вери и невери,само не е свесен за тоа,тука не би можел ни Фројд да му помогне.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Нема квазиверување. Отсуство не значи квази.
Дефинирај бог. (ова со твој камен)
Па ти се занимаваш со тој поим...кажи отсуството на верување спрема што ти е?:)
 
Види, ако се сметате за атеисти по прашањето на Јахве и Алах и сличните тоа е друга работа....ама тогаш треба да се допрецизира. Вака да кажеш не веруваш дека постои Бог и божества е не потребна работа....Инаку јас и по прашања на "боговите" oд големите религии не викам дека не верувам во нив, туку дека има доста докази дека они се нешто сосема друго.
Една работа со сигурност знам, а таа е дека свеста(тоа што сум јас) не е производ на материјата(не е епифеномен нејзин). Од тука детерминизмот и немањето слободна воља паѓа во вода и остава простор(слобода) за неограничено уживање(живеење):).
Атеизмот од друга страна како се фура по светов би го изедначил со материјализмот(reductionism, downward-causation). Имаш и примери по форумов што викаат дека свеста дури и не постоела....што се граничи со лудило.

За забављачов(математичарот) за кој пиша...не сум сигурен за кој мислиш.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Види, ако се сметате за атеисти по прашањето на Јахве и Алах и сличните тоа е друга работа....ама тогаш треба да се допрецизира. Вака да кажеш не веруваш дека постои Бог и божества е не потребна работа....Инаку јас и по прашања на "боговите" oд големите религии не викам дека не верувам во нив, туку дека има доста докази дека они се нешто сосема друго.
Е така де, за болдот збориме. Во тој поглед и ти си атеист.

Една работа со сигурност знам, а таа е дека свеста(тоа што сум јас) не е производ на материјата(не е епифеномен нејзин). Од тука детерминизмот и немањето слободна воља паѓа во вода и остава простор(слобода) за неограничено уживање(живеење):).
Морееееее, не само агностик, ти и гностик си бил мајката. Доказ некој за тврдењево?

Атеизмот од друга страна како се фура по светов би го изедначил со материјализмот(reductionism, downward-causation). Имаш и примери по форумов што викаат дека свеста дури и не постоела....што се граничи со лудило.
Секакви Атеисти има тоа мораш да сфатиш. Единствено што е заедничко е првиот цитат, никаков материјализам и глупости. Имаш верници што се поголеми материјалисти.

За забављачов(математичарот) за кој пиша...не сум сигурен за кој мислиш.
Ако го решиш Х од равенкава ќе знаеш за кој се работи
http://forum.kajgana.com/threads/Прашања-до-атеистите.47267/page-472#post-5300082
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Морееееее, не само агностик, ти и гностик си бил мајката. Доказ некој за тврдењево?
Нема доказ :) тоа е лично мое искуство...производ на поминатото време овде на земјава(па и пошироко најверојатно хахах).
Знаеш.....Пилат кога го прашал Исус која е вистината, Исус знаел ама останал нем. Во прилог ми одат и луѓето кои се "освестиле" ....да употребам термин и со кои лесно се разбираме.....а богами и сите оние што во минатото го "изоделе патот". Многу е едноставна работата, нешто како во сон свесен кога стануваш.....нема подобра компарација.
--- надополнето: 10 септември 2012 во 23:35 ---
Ако го решиш Х од равенкава ќе знаеш за кој се работи
http://forum.kajgana.com/threads/Прашања-до-атеистите.47267/page-472#post-5300082
Што знаеш ти за Г.?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Нема доказ :) тоа е лично мое искуство...производ на поминатото време овде на земјава(па и пошироко најверојатно хахах).
Знаеш.....Пилат кога го прашал Исус која е вистината, Исус знаел ама останал нем. Во прилог ми одат и луѓето кои се "освестиле" ....да употребам термин и со кои лесно се разбираме.....а богами и сите оние што во минатото го "изоделе патот". Многу е едноставна работата, нешто како во сон свесен кога стануваш.....нема подобра компарација.
Лично твое искуство? ОК се брои, но не како знаење. твоето „знаење“ не е сечие „знаење“ не мораш да ми објасниш за „освестените“
Што знаеш ти за Г.?
Појма немам, ваљда некој кој измислил топла вода. Крадни ваму крадни таму, и ќе се правам паметен. Китење со туѓи перја некако не го аресам. Од шаманизмот па наваму некои работи се добро познати. Не случајно ја отворив таа тема, ама пусто кој да чита.
Лузери ко него не ме импонираат.
 
Член од
26 март 2010
Мислења
132
Поени од реакции
24
Ниту Креационизмот е во право со своето тврдење дека Земјата настанала за буквални 7 дена по 24часа, ниту пак Еволуционистите кои тврдат дека материјата некако станала жива и почнал животот од наједноставна форма кон посложена.

Деновите на создавањето во Библијата според изворниот хебрејски јазик означуваат 6 периоди на создавање , а не 6 буквални дена по човечко сметање на времето.

Тоа е во согласност и со науката која потвдува дека периодите на создавањето се случиле токму по тој редослед како што пишува во 1. Мојсеева.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

А што правиме со редоследот на создавањето? Еве да речеме не се денови, туку периоди, арно ама таму се вели дека првин е создадена земјата, па потоа растенијата па дури после нив сонцето.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Со многу добра воља, на секој настан опишан во некоја книга за мали деца можеш да му најдеш пандан во вистинскиот живот.

Само не е јасно зошто тоа некој би го правел. Бајките се бајки, вистинскиот живот е вистински живот...

На овој начин само личиш на муслиманите кои со телескоп ја бараат пукнатината на Месечината каде што Алах ја лепел со ОХО лепило, од кога еднаш ја скршил на две...
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Ниту Креационизмот е во право со своето тврдење дека Земјата настанала за буквални 7 дена по 24часа, ниту пак Еволуционистите кои тврдат дека материјата некако станала жива и почнал животот од наједноставна форма кон посложена.

Деновите на создавањето во Библијата според изворниот хебрејски јазик означуваат 6 периоди на создавање , а не 6 буквални дена по човечко сметање на времето.

Тоа е во согласност и со науката која потвдува дека периодите на создавањето се случиле токму по тој редослед како што пишува во 1. Мојсеева.
Каква е таа жива материја?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А што правиме со редоследот на создавањето? Еве да речеме не се денови, туку периоди, арно ама таму се вели дека првин е создадена земјата, па потоа растенијата па дури после нив сонцето.
1. Не се работи за некакви недефинирани временски периоди, туку се работи за 7 деноноќија, поточно, ноќоденија оти според Писмото, деноноќието почнува со ноќ, а не со ден.

Така, еден ден од Постанокот, трае 24 часа. според Св. Ефрем Сириски. Смешно е да кажеме дека тие „денови„ траеле различно од денешните денови: тогаш траеле „толку„ ама сега траат „олку„.

2. Светлината постоела уште пред создавањето на Сонцето. Откако Сонцето, Месечината и небесните светила се створени, таа светлина е пресесена на тие небесни објекти, кои стекнуваат способност да светат.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Светлината постоела уште пред создавањето на Сонцето. Откако Сонцето, Месечината и небесните светила се створени, таа светлина е пресесена на тие небесни објекти, кои стекнуваат способност да светат.
Сонцето не е најстаро космичко тело. И?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom