Се централизира? Кој би бил центарот во таква Европа. Брисел? И кој во Брисел, ЕК можеби? Бирократите во Комисија ќе бидат или државите во Советот што ги поставува.
Ако тоа е стравот, што го имаат колективно сите по Европа, тогаш мене тој дел и не ми е баш страшен. Зошто никаде таму не гледам хомогена група која е способна ни нешто да централизира ни да контролира. Повеќе гледам еден збир на луѓе кои и пиштол на глава да им стаиш не се способни да делуваат. Не зборам за Ек туку зборам за другите институции, што всушност ги носат одлуките.
Далеку пострашни ми се последиците врз економијата и можните социјални кризи, кои, посебно ако се распадне Унијата се сигурност.
А и искрено не гледам како Еу како организација би била нешто поцентрализирана од еве на пример таа конфедерацијата што си ја предложил во постот. Секоја политичка организација на ниво на цело општество која инкорпорира повеќе помали организации, мора да има определен број на заеднички институции, за да може да функционира. Еу не е држава по тоа како ние ги поимаме државите денес, ниту може некогаш да стане. Системски е тоа неможно. Затоа немој пред рака да и ги препишуваш слабостите на денешната држава ни да ја поистоветуваш со други различни од минатото.
Ние денес живееме во поцентрализирани држави од тоа што Еу во блиска иднина може да биде. Освен ако масовноста е проблем.
На економскиот систем му е потребна добра институционална рамка за да биде ефикасен и мислам дека причината за постоење на Еу е баш тоа, уште од старт после 2-ра СВ. Не верувам во никакви европски сонови и идеали, туку верувам во потреба, а кога се фатија на времето на возот, сеа ќе мора да го истераат до крај. Поентата беше омасовување на пазарот, слободна трговија и зголемување на конкурентноста на целата европска економија, зошто расцепкана Европа на никој во нејзе не му користи. Нормално тоа не значи секогаш ќар за сите, посебно не за оние по периферија.
Ја не судам за процесот туку се обидувам да го разберам, искрено.
А и не ја сфаќам оваа фобија од светски влади, лидери во сенка и све друго. Искрено ми е чудна, зошто луѓето буквално купуваат модели на живеење и култура од други места, навики, ставови, верувања, научна теорија, вкус,технологија, па дури и немаат проблем целата личност да си ја извадат во јавност преку некој медиум, ама затоа големиот проблем е тоа што на политичарите што ги бираат, ќе им се лобира во Европа а не во нивната држава? Тука им се губи идентитетот и правата?