Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.229
- Поени од реакции
- 26.377
Не дек ме праша некој ама овај Скрилекс малце ко за греф ми е... :/
Многу е за греф...
И јас сум од оние тазе запознаени со овој хепенинг и самиот се чудам како можело пропуст од овој калибар да ми се случи. Нејсе, чивијата е влезена, кога ги гледав лајнапите солзи ми навреа на очи. Детален теоретски план одма се направи со друштвото за следната година, ќе видиме дали ќе профункционира во пракса а оди некако вака:
Визер од октомври стартува со ефтини летови од Скопје за неколку дестинации. Една од нив е Ајндховен во Холандија која е на 100 километри од Бом во Белгија каде што се оддржува фестивалот. Летовите во еден правец се околу 17 евра, значи повратна карта 35 евра до Ајндховен и цирка еве и 20 евра до Бом и назад да заокружиме на 60 евра за пат. Најефтиното сместување е тоа кампингот Дримвил 35 евра во шатор меѓутоа ако си носиш сопствена опрема. Втора најприфатлива верзија е во нивни шатор што кошта 100 евра по човек за 5-те дена. Картата е 175 евра за сите 3 дена и секако греф и шприцер е да си таму а да не одиш сите 3 дена односно сосе загревачките и преспивањето после последниот ден вкупно 5 дена си таму. Значи одприлика карта+превоз+смештај=340 евра. На тоа удрете барем 30 јурци од ден за храна, пиење и други трошоци доаѓаме до една розефка како некој си оптимален минимум без кој не смееш да помислиш да влезеш во комбинација. А пошто си тргнал на фестивалот од соништата кај што не сакаш да си ја стегаш душичката или цело време да мислиш дали ќе останеш на улица банкрот, а Марфи вика дека увек искачаат непредвидливи срања, 600-700 јурци е сумата која треба да ја обезбедите и унапред да ја прежалите курбан за да си бидете раат во душа и реалтивно задоволително покриени.
Ако математиката погоре ја јадете за доручек, следи олеснителниот дел. Прво картите се продаваат онлајн и за 2012-та имало преку 2 милиони апликанти. Претпоставувам дека функционира принципот-Ко прије њему невесту на руку, што значи дека гаранција дека ќе набавите карта нема. Едина шанса плус ви е да најдете некој во Белгија, на пример госпожа Емотивно Луда Веселинова од форум, бидејќи организаторите одлучиле 80,000 од 180 000 карти да ги продадат во Белгија, односно да им дадат предност на домашните. И домашните и странските карти биле распродадени за неколку саати. Ако и ова ви беше малку и мислите дека гром во коприва удира, инфо плус што ќе ве расположи е дека во Дримвил смештај има само за 35,000 луѓе што не е ни 20% од бројот на посетители. Значи 700 јурци, Белгиски врски и 2 седмици на лото. Во превод:
А дали вреди?
Е не ебате оние дегенириците Свирко Лопов и Бескосов Ем Безмозоковчевски вредат да се гледаат во Скапан Ан.
Официјалната страна
http://www.tomorrowland.be/
Страната за смештајот во рамките на фестивалот
http://www.dreamville.be/easy-tents
Страната на Визер
http://wizzair.com/en-GB/Country/MK
Како да стигнете со воз од Ајндховен до Бом со воз (треба 3 пати да смените воз)
http://www.rome2rio.com/?EIN/Boom, Belgium
Како да стигнете со Автобус до Антверп или Мехлен. После тоа имате уште 16 километри до Бом од било кој од овие 2 града
http://en.airportbus.eu/
Линк од банки сосе контакт лица во Република Македонија
http://www.acimacedonia.org/mk/clenovi_mkd.html
Линк од сајт за вработување во Македонија
http://www.najdirabota.com.mk/
Менувачници во Македонија
http://zk.com.mk/act/менувачници/Македонија
Линк и адреса од контакт особи-откупувачи на органи
N/A Republika e Kosovës
Епа децо еве ви се преџвакано. Кој ќе иде нека не му биде мака до толку ако не успее да отиде и на Ибица. И нормално да пише обавезно на темава.
Гуд лак, енд лет д гејмс бигин.
Искрено ваши
Здружение на Клабери на Град Скопје