Ок, за работа ќе се наjде нешто, дури и чистење улици само да има примања. Но, повторно, трошоците за дете (и наjосновните) се многу поголеми од самата плата. Да не збориме дека трошоците за храна, струjа, интернет се исто така на високо ниво а истите континуирано растат, не е доволно со работа со ниски примања да се изгледа едно дете - башка збориме за денес а коjзнае што ќе биде во иднина кога ќе треба сериозно да ги разгледаме овие прашања.
Во денешни услови, за едно дете потребно е ти и партнерката да имате заеднички примања од вкупно 3500/4000 евра месечно и тоа под претпоставка дека веќе имате ваш дом (2000 евра еднократно одат за облека, креветче, реновирање на собата, молераj, играчки итн итн, 1000 евра одат за сметки за струjа, вода, бензин, интернет и минимум 400 евра за храна месечно) за да обезбедите нормален живот за детето.
Но.. просечната плата во Македониjа е само 300 евра
Ти многу луксузен една нула многу значи. Па 4000 евра не зима пратеник или министер а не пак обичен граѓанин. Значи во Македонија никој не смее да има деца се додека нема минимална плата 2000 евра.
Свесен ли си какви бројки пишуваш. Па јас со 4000 евра плата за две деца ќе купам стан и ќе им земам кола.
10 години ќе оделувам по 3000 евра и ќе им обезбедам се, а со 1000 евра ќе живееме а и таа плата е многу за Македонски стандарди.
1000 евра за сметки. Мислиш син на претседателот си и имаш 10 клими во секоја соба и 10 бојлери и се грееш со 5 термо печки. Па големите маркети немаат толкави сметки а не еден обичен дом.
Знае се колку се сметките 100 до 150 евра во зимо. A плус на повеќето млади брачни парови сеуште родителите им ги платат сметките.
Секој месец ли ќе купуваш креветче и молерај на собата па ги вклучуваш и тие 2000 евра во вкупната потребна плата?
Креветче е 100 евра (тоа го купуваат бабите и дедовците или кумот) и молерај 1500 ден < 2000 eвра.
Играчки има и од 100 ден. Какви се тие квалитетни играчки? Па детето се радува секој ден да има нови играчки а не да му купеме една квалитетна од 30 евра па се со таа да си игра и да не смее да ја скрши.
Облека се купува по 1000 ден, не по 100 евра адидас и најк.
400 евра за храна, ако е мало детето едвај 20 евра ќе изеде во цел месец. Ќе скратиш од бензин и на детето секој ден ќе му купуваш чоколада и играчки за тие 2 литра кои ти биле планирани да ги потрошиш.
Премногу разлигавени деца не сакам подобро скромно но мирно, бидејќи цел живот така ќе ти прави и ќе ти ја дере кожата. Распушти ли го после не можеш да го прибереш.
Не сакам ни родители кои премногу се расфлаат прво мислат за нив па потоа за децата. Колата ја возат од дома до продавница за да си купат леб. Пушат вест цигари, седат по кафани и месечно даваат по 200-300 евра за тоа, а плачат дека немале пари на децата да им купат млеко, чоколади или нова облека.
Љубовта кон децата е поважна од парите. Никогош не се чека да ги собереш потребните пари за да имаш дете. Кога има пари тогаш друго ќе фали никогаш нема да е се совршено.
Познавам фамилии кои спијат во пари и децата им се задоволени со се, но се болни од шеќерна болест. Џабе е се ако нема здравје, а ако има здравје во фамилијата парите лесно ќе се заработат.
Секогаш се тука родителите да помогнат во се. Како што ние сакаме на своите деца да им обезбедиме се, така и нишите родители сакаат да им помогнат во формирањето на домот и околу децата. Ниедна фамилија на почеток сама не се оформила, на сите им треба помош од постарите. Јас живеам со 400 евра и ништо не ни фали во фамилијата секогаш сме среќни и задоволени со се, никогаш не сме биле оделени од нешто.
--- надополнето: 10 септември 2012 во 01:13 ---
Mногу повеќе успешни потекнуваат од богати фамилии него обратно, можат да бидат разгалени, снобови, препотенти најчесто, но пропалици многу поретко за разлика од тоа во што се оформуваат децата на најниската класа....лопови наркомани, тепачи и слични девијантни појави.
Многу јасно богатите имаат грб децата ќе им се успешни учат на ФОН со пари завршуваат, па на посдипломски надвор од државата таму исто со пари и после работат во својата приватна фирма или со пари ќе ги наместат во државна установа.
3000-5000 евра за во мвр
Синот на Верушевски е од богата фамилија он е мирно дете најмирно на цел свет, најсупешна личност. Синот на Џими црнецот ја ограби бензинската на Макпетрол не сиромашно дете.
Синот на Никопетрол е "мирен" како риба се тепа со кој стигне. Срцки се овие никогаш не пробале дрога они купуваат само Милка чоколади и чај од камилица.
Баш богатите имаат пари за да купат дрога не сиромашните.