Кога треба да се креира потомство?

S

Sagan

Гостин
До кога треба да се чека, ако животот не ви пружал можности од типот на соодветна плата за да обезбедите семејство? Би имале ли деца во такви услови? Потоа, себично ли е воопшто да не се остави потомство на светот?

И најважното. Што мислите каква ни е иднината, со оглед на сегашната ментална констелација на овие генерации кои сега стапуваат во брак? Ќе имаме ли многудетни семејства или ќе се ограничиме сите на едно дете?
RocknRolaa, според мене ТИ си целосно во право.
Станува збор за две главни животни филозофии. Едната е да се има што повеќе деца, макар тие да немаат што да јадат, втората е да се обезбедат повеќето од предусловите, за да детето израсне во човек кој ќе го помрдне човештвото барем милиметар напред.

Според мене, и едно дете да имаш, тоа МОРА да има убаво детство, беспрекорно образование и култура достојна за човек од 21 век. Еден таков човек вреди како 10 со спротивни епитети.

И не мислам дека секој човек на овој свет е роден за да остави потомство, уште помалку е тоа себично. Станува збор за природна селекција. Само, се плашам дека таа тргнала во процес на дееволуција, затоа опасноста од имбецилизација на светот постои, и тоа како. Затоа паметните (оти нели, се паметни), МОРА (оти нели, можат) да најдат начин да обезбедат материјални услови за да изгледаат потомство.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Вакви слични теми веќе имаше претходно пред пар месеци па еве сега уште една дупликат тема.
Значи вака порано да нашите претци се женеле и мажеле доста рано и правеле по неколку деца, ама тогаш такво било времето и такви биле сфаќањата .......... грото од населението живеело по планини, по села, немало технологија, наука, еманципација, медицина, електроника ............ тогаш се знаело жената по дома ќе меси леб, ќе лупи пиперки и кромид и ќе кљанка деца, а машките кој со стоката, кој на нива и едноставно луѓето биле приморани рано да се мажат/женат и да прават што е можно повеќе деца поради тоа што биле потребни повеќе машки раце во куќата ........... но денеска е време на технологија, наука, медицина, електроника... грото од населението живее во урбани средини каде што секако никој не се занимава со земјоделие и сточарство, животот е доста олеснат денеска како резултат на технологијата, електрониката, медицината... денеска и машките и женските се еманципираат, образоваат, работат и затоа веќе одамна МК просекот е макс.2 деца, но денеска младиве брачни парови поради тешката економска ситуација многумина од нив прават и само по 1 дете !
Не ми е поентата да не се остави потомство, поентата ми е да се направат деца онолку колку што се реалните услови на брачниот пар, бизнисмените нека прават по 2/3 или повеќе деца, а ние обичните смртници по 1 .............. но многумина немаат услови ни за тоа едно дете !
Под оптимум услови подразбирам решено станбено прашање(сопствен стан или куќа), значи(доколку утре се оженам)несакам и неможам да живеам во иста куќа со моите родители, сакам да си живеам посебно сам со мојата жена и дете/деца, но за тоа немам услови, потоа исто така и финансиската сигурност е многу битна, ако жената не работи тогаш мора мажот(сам)да работи и солидно да заработува, бидејќи нели мора од нешто да се живее и да се плаќаат сметки, комуналии, облека, храна, школување... едно е една уста(сам човек), а друго се повеќе усти(жена+дете/деца) ................. тоа се моите лични размислувања, инаку пак ќе кажам секој нека си тера по свое во зависност од личните сфаќања, желби и услови секако !
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Па добро, можеш да чекаш 30 години додека едниот вработен си го отплати стамбениот кредит, ај еве и 10 години нека бидат, па после ти како родител пошто веќе минал биолошкиот часовник, ете имаш материјална подлога, ќе си платиш ин витро :свиркам:

Со ова размислување никогаш нема да се решиш на тој чекор!
Што му се секираш ти за мене и моето размислување? Секирај се за своите идни поколенија кои според ставот си подготвен да ги имаш под секакви услови. Секој со ниетот.;)

Значи, очигледно на темава има тотално дијаметрални гледишта што е добро, гледам се изнапишале мислења. Најзабавни ми се оние мислења од типот, ау да немам деца па да останам сам. Прво, зборуваме за слика во која имате партнер, значи не сте сами во борбата за подобар живот. Ако сте разбрани ќе направите план и ќе му ја запнете за да создадете колку што сте во можност подобри услови на детете уште пред да се роди, за да немате ситуации како оние кои ги спомна Неса кога нема да имате 100 денари на дете лек да му купите. Еве има повозрасни членови кои имаат дечиња и семејство, нивните ставови се и најрелевантни тука, можат слободно да се изјаснат околу тоа која варијанта е подобра кога би можеле да бираат.

Друга работа, дете не е суштество кое на овој свет ќе ви служи за елиминација на стравот дека ќе останете сами. Помизерна причина да се има дете од таа немам слушнато. Со тоа само се потврдува фактот дека не е секој за деца. Друга работа, која е оваа логика роди го во мизерни услови за да се ојача и да успее? Демек овие деца израснати во нормални услови немаат амбиции или не се успешни, ај прашајте ги дечкиве што не можат на факс да се запишат или што мешаат малтер на 15 години дали би се менувале за подобри услови. Не знам како можете да ја поднесете сликата на дете сместено во 21 век чии другари одат на одмор, екскурзии итн итн, додека вие морате да му кажете дека мора да седи дома зашто се нема пари. Јас и сугерирав дека добрите услови не траат вечно, не познавам човек во Македонија кој не преживеал финансиска криза без разлика дали била краткотрајна и мала или пак голема и со ефект да дојдеш до раб. Но, да создадете дете свесно знаејќи дека работата не ви ја бива, не знам што да ви кажам, имате јаки нерви и можеби и немате некоја совест со сета должна почит.

Дете е света работа. Вие носите живот на овој свет и сте одговорни за него со секој свој атом и со својот живот. По негово доаѓање нема ЈАС, нема егоизам, прво е тоа, после се друго. Треба психолошки да го подготвите, да го кренете на нозе, да го научите да се бори, да се справите со неговиот карактер, триста работи се потребни за да се биде добар родител. А да го збутате во мизерни услови намерно тоа секој може. Пеки како би можеле да живеете со помисла дека утре во школо ќе му збираат пари за ужинка.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006

Бла бла бла.Ти во супер иделани услови да не си раснел/а
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Мислам дека тоа се прашања на кои секој треба сам да си одговори. И не споредувајте ситуации пред 100 години и сега.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Бла бла бла. Таков одговор заслужуваш.
Убаво прашање ти постави, погорниот член, сеа како што кажав за јадење никад не би било проблем во државата наша, проблем е тоа што народот аздисал и сака све убаво и скапо...
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Убаво прашање ти постави, погорниот член, сеа како што кажав за јадење никад не би било проблем во државата наша, проблем е тоа што народот аздисал и сака све убаво и скапо...
Kadaif која е логиката да се повторувам. Ете напишан долг пост. Се си кажав таму. И прашањето таму му е одговорено. Што има врска јас во какви услови растев? Возрасен човек треба да биде свесен во какви услови неговото дете треба да расте. Толку од мене.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не за џабе се вика дека семејство се планира. Значи треба да имаш основни услови да му обезбедиш на тоа дете пред да го донесеш на свет. Кози филм во 2012 :ROFLMAO:
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.451
Поени од реакции
2.002
Од коментариве и ми се јасни статистиките за наталитетот. Со вакво размислување...

Како можете ме интересира да си ја предвидите иднината? Ако на 24-24 години немам направено услови за да чувам дете, кога ќе имам. Ете дојдов до 29, сеуште немам услови, преминав и 32, и сеуште земам плата од 12 000 денари и сега што правиме? Не ми се укажале поинакви прилики, не сум добил шанса за подобри примања. Да не се лажеме, такви им се условите на младите, со месеци се бара работа за 12 - 15 000 денари. Ако и после толку обиди не успеам да заработувам повеќе, тоа треба да значи дека не треба да имам деца? Нема стабилна работа денеска, премногу бргу се менуваат работите.
Не можете да знаете што ќе се случува понатаму, какви ви се условите такви се.

Ако одлучите да немате деца, тогаш ќе престанете ли да се обидувате да заработите повеќе?
Секако дека не. Некому се доволни 18 000 денари месечно, некому не му се ни 60 000 доволни.

Друга работа, која е оваа логика роди го во мизерни услови за да се ојача и да успее? Демек овие деца израснати во нормални услови немаат амбиции или не се успешни, ај прашајте ги дечкиве што не можат на факс да се запишат или што мешаат малтер на 15 години дали би се менувале за подобри услови. Не знам како можете да ја поднесете сликата на дете сместено во 21 век чии другари одат на одмор, екскурзии итн итн, додека вие морате да му кажете дека мора да седи дома зашто се нема пари. Јас и сугерирав дека добрите услови не траат вечно, не познавам човек во Македонија кој не преживеал финансиска криза без разлика дали била краткотрајна и мала или пак голема и со ефект да дојдеш до раб. Но, да создадете дете свесно знаејќи дека работата не ви ја бива, не знам што да ви кажам, имате јаки нерви и можеби и немате некоја совест со сета должна почит.

Дете е света работа. Вие носите живот на овој свет и сте одговорни за него со секој свој атом и со својот живот. По негово доаѓање нема ЈАС, нема егоизам, прво е тоа, после се друго. Треба психолошки да го подготвите, да го кренете на нозе, да го научите да се бори, да се справите со неговиот карактер, триста работи се потребни за да се биде добар родител. А да го збутате во мизерни услови намерно тоа секој може. Пеки како би можеле да живеете со помисла дека утре во школо ќе му збираат пари за ужинка.
Тоа е веќе прашање на воспитување од родителите. Кој гарантира дека ако ти му дадеш се на детето, дека истото ќе стане "успешен" бизнисмен понатаму? Јас напротив знам сосема поинакви слуачеви, каде што им било се сервирано на луѓето од мала возраст па се навикнале на таков живот и понатаму наследувале и пари и фирми па ги уништувале, само поради тоа што им било се овозможено како деца. Овде немаат врска финансиите, туку воспитувањето. Од таа трка по пари денес сме сведоци како родителите си ги запуштаат своите деца.

Имам другар кој неодмана си живееше со неговите родители, но поради склоп на несреќни околности, беше избркан од дома а чекаше дете да му се роди. Остана со жената и детето под кирија со 18 000 плата. И гледам се обесија сите. Сега живеат под кирија која што е половина од неговата плата, со останатите се крпи едвај, но се крпи, Тука се и роднините да му помогнат колку толку. Пробува да заработи некој денар и приватно после работа. Едноставно се снаоѓаат. Сега детето веќе има 1 година, тој зема поголема плата, 21 000 и жена му бара работа. Во нив и покрај се, гледам добра иднина. Затоа што не се откажуваат, туку се борат за подобро додека им расте детето. Ова е пример како од човек кој што имаше се.. за момент му се срушија плановите и се се смени. Но НИТУ ЗА ЕДЕН момент не се покаја, за тоа што одлучија дете да имаат!

Од друга страна познавам 2-3 девојки кои имаат 30-32 години и абер немаат од брак а не пак деца. Убави, лични, плодни(најверојатно) чекаат да дојде принцот со 500 000 евра и да ги ожени... а животот тече...
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Mногу повеќе успешни потекнуваат од богати фамилии него обратно, можат да бидат разгалени, снобови, препотенти најчесто, но пропалици многу поретко за разлика од тоа во што се оформуваат децата на најниската класа....лопови наркомани, тепачи и слични девијантни појави.
Јас сум дете на најниска класа,и се чувствувам навреден од твојов усран пост.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Од коментариве и ми се јасни статистиките за наталитетот. Со вакво размислување...

Како можете ме интересира да си ја предвидите иднината? Ако на 24-24 години немам направено услови за да чувам дете, кога ќе имам. Ете дојдов до 29, сеуште немам услови, преминав и 32, и сеуште земам плата од 12 000 денари и сега што правиме? Не ми се укажале поинакви прилики, не сум добил шанса за подобри примања. Да не се лажеме, такви им се условите на младите, со месеци се бара работа за 12 - 15 000 денари. Ако и после толку обиди не успеам да заработувам повеќе, тоа треба да значи дека не треба да имам деца? Нема стабилна работа денеска, премногу бргу се менуваат работите.
Не можете да знаете што ќе се случува понатаму, какви ви се условите такви се.

Ако одлучите да немате деца, тогаш ќе престанете ли да се обидувате да заработите повеќе?
Секако дека не. Некому се доволни 18 000 денари месечно, некому не му се ни 60 000 доволни.

Тоа е веќе прашање на воспитување од родителите. Кој гарантира дека ако ти му дадеш се на детето, дека истото ќе стане "успешен" бизнисмен понатаму? Јас напротив знам сосема поинакви слуачеви, каде што им било се сервирано на луѓето од мала возраст па се навикнале на таков живот и понатаму наследувале и пари и фирми па ги уништувале, само поради тоа што им било се овозможено како деца. Овде немаат врска финансиите, туку воспитувањето. Од таа трка по пари денес сме сведоци како родителите си ги запуштаат своите деца.

Имам другар кој неодмана си живееше со неговите родители, но поради склоп на несреќни околности, беше избркан од дома а чекаше дете да му се роди. Остана со жената и детето под кирија со 18 000 плата. И гледам се обесија сите. Сега живеат под кирија која што е половина од неговата плата, со останатите се крпи едвај, но се крпи, Тука се и роднините да му помогнат колку толку. Пробува да заработи некој денар и приватно после работа. Едноставно се снаоѓаат. Сега детето веќе има 1 година, тој зема поголема плата, 21 000 и жена му бара работа. Во нив и покрај се, гледам добра иднина. Затоа што не се откажуваат, туку се борат за подобро додека им расте детето. Ова е пример како од човек кој што имаше се.. за момент му се срушија плановите и се се смени. Но НИТУ ЗА ЕДЕН момент не се покаја, за тоа што одлучија дете да имаат!

Од друга страна познавам 2-3 девојки кои имаат 30-32 години и абер немаат од брак а не пак деца. Убави, лични, плодни(најверојатно) чекаат да дојде принцот со 500 000 евра и да ги ожени... а животот тече...
Кој те спречува бе младичу? Нафати се да чуваш дете под кирија со единствен приход од 300 евра, плус да се молиш по роднини. Твое право. Ако можеш така, пеки.

Ова нема врска со трка по пари. Трка по пари е сосем трета работа. Не знам што е тука тешко да се разбере. Живееш мизерно, дали ќе се решиш да донесеш дете на свет? И под мизерно мислам кога двајцата партнери не можат да сврзат крај со крај. Ќе имаш ли свесно дете во такви услови да или не? Без тетка ми вака направи, познавам другарки вака што направија, ова она. Ти што би направил е прашањето.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Majself na primer, израснав во неверојатна сиромаштија, Многу работи немав, а тие што ги имав/ке ги добиев самхау, ги ценев премногу. Кога дојде време да студирам во оваа скапаницава од град, сиромаштијата уште повеќе се покажа на дело, па тие четири години ми се видоа пекол, а учењето спрема социјалниот притисок ми беше piece of cake.
Заради тоа имав силна волја for the sky high. И стигнав таму. До ваму стигнав од ништо, од тотален сиромашен почеток.

Може поуката да биде дека и сиромаштијата и тоа што моите немале основни средства ме направиле човек?
Можеби. Можеби може 5.000 поуки да се извлечат.

Ама за мене најбитната е:
Нејќам моето дете да го помине она што го поминав јас.
По никоја цена.

Пример само.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom