Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Останува и за малце луксузАпослутен минимум за релативно пристоен живот на 4 члено семејство е 800-1000 евра на месец.
Семејство се планира кога и двете страни (и мажот и жената) се договорат како понатаму,,, Не е само да го направиш, да ги носиш 9 месеци и после да неможеш кашички или млеко да му купиш. За пелени да не збориме.
Не е баш така.. Си го родил/направил, животот ќе го дадеш за него, а чекаш татко ти да земе пензија од 10000 за да ти ја даде пола да можеш јадење да си купиш и за тебе и за него.Како нема да можеш? еве прашај ги на темава, ќе ти помогнат дедото и бабата, и решен проблем!![]()
Аман бе... 4000 евра месечно за нормален живот на едно дете? Па ако е така, да не се двоумам воопшто, да го замолам Грујо да ми го ослободи неговото работно место, да ја замолам Јанкуловска да го ослободи нејзиното работно место на жена ми и завршена работа! И така материјално обезбеден, следен чекор е "креирање" дете!Ок, за работа ќе се наjде нешто, дури и чистење улици само да има примања. Но, повторно, трошоците за дете (и наjосновните) се многу поголеми од самата плата. Да не збориме дека трошоците за храна, струjа, интернет се исто така на високо ниво а истите континуирано растат, не е доволно со работа со ниски примања да се изгледа едно дете - башка збориме за денес а коjзнае што ќе биде во иднина кога ќе треба сериозно да ги разгледаме овие прашања.
Во денешни услови, за едно дете потребно е ти и партнерката да имате заеднички примања од вкупно 3500/4000 евра месечно и тоа под претпоставка дека веќе имате ваш дом (2000 евра еднократно одат за облека, креветче, реновирање на собата, молераj, играчки итн итн, 1000 евра одат за сметки за струjа, вода, бензин, интернет и минимум 400 евра за храна месечно) за да обезбедите нормален живот за детето.
Но.. просечната плата во Македониjа е само 300 евра..
Не е баш така.. Си го родил/направил, животот ќе го дадеш за него, а чекаш татко ти да земе пензија од 10000 за да ти ја даде пола да можеш јадење да си купиш и за тебе и за него.
п.с. И мене така ме лажат, роди го, ние ќе го изгледаме...![]()
Не може, ама многу парови денес функционираат баш така. Децата живеат одвоено, ама ќе им ги тупнат внуците по цела недела да седат кај баба и дедо. Дедо носи, баба готви. Преку викенд ќе дојдат и "мама и тато" на фамилијарен ручек. Од понеделник пак истото.![]()