Кога треба да се креира потомство?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Што е посебично да немаш потомство одреден период за да создадеш услови да живее нормално или да создадеш дете во било какви услови?

Да создадеш дете во било какви услови, дефинитивно.

Имам во улица неколку такви, несакаш да знаеш во што прераснаа.
 
Биип, Погрешен одговор. Пра-дедо ми фамилијата живееле со една коза, не ни знаеле кој е на власт биле 8 деца, потомство се создава од љубов а не од материјалната можност.За жал и државава пропаѓа ради вакви размислувања...
Аха, да. Прадедо ти од љубов наклепал 8 деца, биди сигурен. Ги наклепал за да му р’мбаат в’нива и да ги пасат говедата.
 
Од прадедо ми ако мислиш не сум сигурен какво било образованието тогаш но машките го завршиле највисокото можно во државата во тоа време. А фамилијава подолу од сите страни освен една баба сите имаат факултет.

Ако живеел прадедоти во турско тогаш средно би било највисоко образование. 8 деца во средно со 1 коза е успех за во Гинис.
Мислев да те прашам како со една коза денес ќе успееш да го прехраниш и да го испратиш детето на училиште? Зборам за 1 дете, не 8 деца.
 
Колку од фамилијата на pra-дедо ти завршиле да речеме... средно школо?
Не знаев дека за да имаш деца треба да имаш средно школо завршено.
Ова нешто ново е,од кога важи?
 
Која е смислата на животот ако немаш потомство, фамилија? Ќе уживаш демек без деца, но до кога...

Секој со сопствената смисла, така?

Ако тебе ти е смислата на животот да имаш деца, тогаш имај. Со кое право ќе им кажуваш на сите дека тоа е смислата на животот?
 
Можеби е основната поента репродукцијата, ама нема поента да е „по секоја цена“. Поарно немај, ако можеш да им доволиш да речат на млади години „ебати животот“.

Овие примериве со „дедо ми“ ми се најретардирана работа што ја слушнав/прочитав... во последниве 15 минути. А слушав (на несакање) вести на Seattle телевизија. Нејсе.

Сите што се поборници на „дедо ми имал една коза и две овци“ правила, нека пробаат и тие да живеат така, а не да ми шират демагогија на форум пишувајќи на таблет, ајпод и како и да се тие новите технолошки изнајдоци кои... дедо ви ги немал.

Значи, арно е да се има услови социјални за да се прави дете. Ако не, прави услови - социјални. АКо не бива, седи си мадро.
Ако веќе се има услови, може секогаш. Иако јас претпочитам на покасни години. Таман кога на син ми ќе му треба празен стан :icon_mrgr: јас ќе цркнам и таман ќе биде, нема да има генерациски конфронтации.
А не денес имаме услови во кои прабаба, баба, свекрва, снаа и ќерка живеат под еден покрив.
Ебати животот, ебати.
 
Аха, да. Прадедо ти од љубов наклепал 8 деца, биди сигурен. Ги наклепал за да му р’мбаат в’нива и да ги пасат говедата.
Па порано токму и за тоа се правеле деца,за да не плаќаат амали.верувај дека подобро се живеело тогаш,а тогашните децата МНОГУ повеќе ги ценеле своите родители.
 
Па порано токму и за тоа се правеле деца,за да не плаќаат амали.верувај дека подобро се живеело тогаш,а тогашните децата МНОГУ повеќе ги ценеле своите родители.
Тогаш искрено ти посакувам и тебе таков живот. Од се срце.
 
Па порано токму и за тоа се правеле деца,за да не плаќаат амали.верувај дека подобро се живеело тогаш,а тогашните децата МНОГУ повеќе ги ценеле своите родители.

Абе од каде ги вадите овие глупости?

Да те станат од 4 на сабајле за да одиш на нива, и да рмбаш таму цел ден, ќе те видам како подобро се живеело...
 
Не знаев дека за да имаш деца треба да имаш средно школо завршено.
Ова нешто ново е,од кога важи?
Не бе, туку треба да се потрудиш на детето да му овозможиш да заврши средно училиште. Нели е така?
 
Кога ќе имаш обезбедено кола,дом и работа. Под услов ако не сакаш да те плука детето цел живот зошто нема облека како другите другарчиња или не може да јаде пица туку паштета мачка.
 
Аха, да. Прадедо ти од љубов наклепал 8 деца, биди сигурен. Ги наклепал за да му р’мбаат в’нива и да ги пасат говедата.
Немал говеда 1 коза имал :) не е ни битно како преживеале не планирам овде за мојата фамилија да елаборирам, поентата ми беше треба да си ненормален да правиш деца во однос на материјалната способност.
 
Не бе, туку треба да се потрудиш на детето да му овозможиш да заврши средно училиште. Нели е така?
Ќе скратам многу работи од мене и сопругата може и некои други фамилиарни луксузи ама соодветно образование на децата ќе им обезбедам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom