Кога треба да се креира потомство?

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Еден муабет што го направив денеска со блиска личност што прерасна во жестока дебата ме испровоцира да ја отворам темава. Значи муабетевме дали е себичност човек да не остави потомство зад себе и колкави услови треба да создадеш за да донесеш дете на овој свет?

Како главна тема се условите и раѓањето деца. Јас стојам на став дека децата се најголемата одговорност во животот, на која треба да им се посветите целосно и да се обидете барем да имате добра стартна позиција материјално при одгледувањето. Тоа не ви гарантира дека нема нешто да им фали или дека вас нема да ве спогоди некоја несреќа па да останете на дно, но сепак претпазливоста не е на одмет.

Личноста со која разговарав стои на ставот дека луѓето не можат да ја предвидат својата иднина, дека денес сме премногу свилени иако сме израснати од баби, дедовци, па и родители кои работеле на ниви, па излегле здрави и живи. Според тоа, нема потреба да се чека да се стане родител и минимално обезбедените услови се доволни за да се оформи семејство.

Па се поставуваат неколку прашања. До кога треба да се чека, ако животот не ви пружал можности од типот на соодветна плата за да обезбедите семејство? Што ако со години едвај сврзувате крај со крај? Би имале ли деца во такви услови? Потоа, себично ли е воопшто да не се остави потомство на светот? Има парови кои немаат потреба да бидат родители, колку и да звучи тоа чудно, дали тие треба под притисок на општеството да имаат иако не сакаат?

Има и други прашања. Од типот, дали навистина станавме преразмазени и свилени и не сакаме да се лишиме од досегашните удобности за да креираме семејство кое секако ќе ни ги одземе истите. Имате многу чест синдром денес, на луѓе со совршено добри услови за живот, со години се во врска но не сакаат да стапат во брак или да оформат семејство, затоа што не би можеле да го тераат досегашниот стил на живот. Дали сте приврзаник на ваквиот тип на размислување или сте против?

И најважното. Што мислите каква ни е иднината, со оглед на сегашната ментална констелација на овие генерации кои сега стапуваат во брак? Ќе имаме ли многудетни семејства или ќе се ограничиме сите на едно дете?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Доколку продолжи трендот на невработеност и мизериjа во државава, луксуз ќе биде да се има и едно дете. Значи имањето дете не е исто ко да имаш милениче па аj ќе го чуваш, храниш, ќе си играш со него итн итн туку си бара одговорност и долгорочна економска зависност. Доколку немаш доволно за да се прехраниш себеси тогаш како би можеш да го прехраниш сопственото дете? Детето треба да има колку толку нормален живот и не би сакал да му ускратам ништо за да не се чувствува помалку вредно од побогатите деца. А да имам дете само колку да оставам потомство по било коjа цена - не.
Значи според мене единствен услов да креирам потомство е стабилна работа и добра ситуираност.
 
l33tz

Macedonian Security Crew
Член од
9 септември 2007
Мислења
84
Поени од реакции
34
Која е смислата на животот ако немаш потомство, фамилија? Ќе уживаш демек без деца, но до кога...
--- надополнето: 9 септември 2012 во 16:21 ---

Биип, Погрешен одговор. Пра-дедо ми фамилијата живееле со една коза, не ни знаеле кој е на власт биле 8 деца, потомство се создава од љубов а не од материјалната можност.За жал и државава пропаѓа ради вакви размислувања...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ако партнерите се нормални во договор можат кога сакаат,а ако се егоисти нема никогаш да се договорат да склепаат потомство
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Која е смислата на животот ако немаш потомство, фамилија? Ќе уживаш демек без деца, но до кога...
--- надополнето: 9 септември 2012 во 16:21 ---

Биип, Погрешен одговор. Пра-дедо ми фамилијата живееле со една коза, не ни знаеле кој е на власт биле 8 деца, потомство се создава од љубов а не од материјалната можност.
Значи да се разбереме ти би донел дете на свет ако имаш само една коза?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Која е смислата на животот ако немаш потомство, фамилија? Ќе уживаш демек без деца, но до кога...
--- надополнето: 9 септември 2012 во 16:21 ---

Биип, Погрешен одговор. Пра-дедо ми фамилијата живееле со една коза, не ни знаеле кој е на власт биле 8 деца, потомство се создава од љубов а не од материјалната можност.
Бииип, погрешен одговор. Пра-дедо ти живеел во време кога не владеел капитализмот та денес не може секоj да живее на нива со кози за да создава деца. Во 21 век ова не функционира :) Жалам но така е
 
l33tz

Macedonian Security Crew
Член од
9 септември 2007
Мислења
84
Поени од реакции
34
Бииип, погрешен одговор. Пра-дедо ти живеел во време кога не владеел капитализмот та денес не може секоj да живее на нива со кози за да создава деца. Во 21 век ова не функционира :) Жалам но така е
Живеел во монархија бетер од капитализам. Гледам дека си неписмен и еве еден совет те молам не создавај деца да се искорени таквиот ген и размислување какво што имаш ти, за доброто на сите. По твојава логика Bill Gates треба да има 10.000 деца бидејќи има 60 милијарди?
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Бииип, погрешен одговор. Пра-дедо ти живеел во време кога не владеел капитализмот та денес не може секоj да живее на нива со кози за да создава деца. Во 21 век ова не функционира :) Жалам но така е
бииип погрешен одговор може ако сакаат ама никој не ти живее на нива со кози сите сакаат во Скопје да живеат и да бииип погрешен одговор ама во османлиска империја имало нешто слично со ова што е денес
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Бииип, погрешен одговор. Пра-дедо ти живеел во време кога не владеел капитализмот та денес не може секоj да живее на нива со кози за да создава деца. Во 21 век ова не функционира :) Жалам но така е
Иииииии тресење бисери.Сигурно тогаш било безвластие па можело да се живее на нива со една коза и 8 деца.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Се со време си е, неможе ти да чекаш да одат годините за да направиш капитал па да имаш дете. Како за двајца така и за тројца ќе се трудиш да успееш. Можеби тогаш би имал мака но во иднина сигурно ќе се искачиш таков е животот.
Што викаат старите, детето носи радост и бериќет во куќата.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Јас стојам на став дека децата се најголемата одговорност во животот, на која треба да им се посветите целосно и да се обидете барем да имате добра стартна позиција материјално при одгледувањето. Тоа не ви гарантира дека нема нешто да им фали или дека вас нема да ве спогоди некоја несреќа па да останете на дно, но сепак претпазливоста не е на одмет.
Зависи кој е твој критериум за "добра стартна позиција" оценките се индивидуални.
Колку што знам никој во државата не гладува и не умрел од глад , така да има услови за одгледување на деца, ако бараш некои други ствари тогаш ќе ти кажам дека никад нема да се решиш на тој чекор за стварање на потомство.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Биип, Погрешен одговор. Пра-дедо ми фамилијата живееле со една коза, не ни знаеле кој е на власт биле 8 деца, потомство се создава од љубов а не од материјалната можност.За жал и државава пропаѓа ради вакви размислувања...
Колку од фамилијата на pra-дедо ти завршиле да речеме... средно школо?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Доколку продолжи трендот на невработеност и мизериjа во државава, луксуз ќе биде да се има и едно дете. Значи имањето дете не е исто ко да имаш милениче па аj ќе го чуваш, храниш, ќе си играш со него итн итн туку си бара одговорност и долгорочна економска зависност. Доколку немаш доволно за да се прехраниш себеси тогаш како би можеш да го прехраниш сопственото дете? Детето треба да има колку толку нормален живот и не би сакал да му ускратам ништо за да не се чувствува помалку вредно од побогатите деца. А да имам дете само колку да оставам потомство по било коjа цена - не.
Значи според мене единствен услов да креирам потомство е стабилна работа и добра ситуираност.
Да само 90% од тие што бараат работа и молат да не ја најдат.Поубаво име тато носи,мама меси.Јас таквите ги викам егоисти
 
l33tz

Macedonian Security Crew
Член од
9 септември 2007
Мислења
84
Поени од реакции
34
Колку од фамилијата на дедо ти завршиле да речеме... средно школо?
Од прадедо ми ако мислиш не сум сигурен какво било образованието тогаш но машките го завршиле највисокото можно во државата во тоа време. А фамилијава подолу од сите страни освен една баба сите имаат факултет.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Зависи кој е твој критериум за "добра стартна позиција" оценките се индивидуални.
Колку што знам никој во државата не гладува и не умрел од глад , така да има услови за одгледување на деца, ако бараш некои други ствари тогаш ќе ти кажам дека никад нема да се решиш на тој чекор за стварање на потомство.
Секако. Затоа и ја отворив темава. Види имам седено со дечки што се по четири пет години во врска, земаат по 500 евра плата и ти вика вака: Ау, каде бе јас да се земам сега, едвај преживувам сам со платава. И јас тука WTF?!? А од друга страна знам парови со години се во врска, ама немаат пари ни свадба да си направат, не па дете да имаат. Затоа викам дека дел од луѓево се пресвилени кога станува збор за услови.

Од друга страна пак не поддржувам по секоја цена да се има дете. Од типот еден вработен, живот под кирија и како ќе живее тоа дете? Што е посебично да немаш потомство одреден период за да создадеш услови да живее нормално или да создадеш дете во било какви услови?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom