Европската Централна банка навести дека ќе печати пари за да ги спаси Шпанија и Италија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали имаше прилика да ги видиш коментарите во германскиот печат. "Црн ден за еврото", "Црвената линија е премината", "Пандорината кутија отворена засекогаш" и сл.
Tоа што го сакаат Германците не е добро за еврото на краток и среден рок. Да можеби на долг рок да има некои позитивни ефекти ама сега многу лошо е. Затоа се овие црни наслови. Но пазарите го мислат спротивното од Германците еврото скок по одлуката на ЕЦБ. Друга причина е чист национален интерес не сакаат да дадат ни евро повеќе на прасињата дали директно дали преку инфлација што ја турка ЕЗ во уште подлабока криза чија колатерална штета е Македонија. Очигледно е дека им треба поголема и поагресивна помош на прасињата бидејки вака со меркиве на штедење ја втрунаа цела Европа во рецесија. Да треба да ги избалансираат буџетите ама вака не оди влегоа во спирала на економска контракција-државен долг.
 
И за Германците и за „ прасињата “ останува еден голем проблем.
Милиони луѓе се фрлени на маргините на општеството, поради постојаните рестрикции и штедења, бидејќи невработеноста се зголемува а социјалните давања се намалуваат.
И тоа е голем проблем, кој може да предизвика политички проблеми
Ова е само многу краткорочно решение
 
Без сериозни реструктирања и буџетски кратења неможе. Бидејќи ако не го направат тоа овие од периферијата ќе биде само фрлање пари во дупнато буре. Но поради тоа што има рецесија со сите погоре што ги наведе последици потребна е поголема помош дали во вид на директни трансфери и преку печатење пари од ЕЦБ. Е тука е Германскиот проблем и во двата случи Германија ќе настрада дали поради одлив на пари или поради поголема инфлација. Ги разбирам Германците навидум ништо лошо не направиле а сега мора да платат за долгот на прасињата инаку и тие ќе настрадаат а веќе и почнаа. Нема елегантно решение кое ќе ги направи сите среќни.
Во основа е проблем на конкуренција Германците се преконкуренти а прасињата се пренеконкуренти...Така да или прасињата ќе станат поконкуренти или Германците мора да станат понеконкуренти. Како и да е кој начин да го изберат крајниот исход е ист. Џабе се расправаат толку за неколку години се ќе се заврши и само по себе а во меѓувреме ќе пострадаат некој луѓе борбата е дали тоа да бидат Шпанци Германци или Грци итн.
 
Според некои аналитичари постојат две опции. Или Германија да ја напушти еврозоната, така што еврото ќе депрецира и на должниците така ќе им се намали долгот плус ќе станат поконкурентни. Или ЕУ да се претвори во политичка унија каде сите ќе го носат товарот на долгот. Земјите да почнат да си ги усогласуваат фискалните политики, да се створи централен ЕУ буџет со автоматски фискални трансфери од побогатите во посиромашните региони (што не верувам дека е посакувано од земји како Германија). A воедно да се креира банкарска унија, да се креира фонд за намалување на долгот кој ќе ги зголеми одговорностите на земјите кредитори и должници, да се воведе единствен пазар на еврообврзници и долгот да се претвори во еврообврзници, како и земјите должници да почнат да остваруваат раст од 5% годишно.
 
Нема елегантно решение кое ќе ги направи сите среќни.
Јас мислам дека има
Добар пример за тоа е Bretton Woods системот:
http://en.wikipedia.org/wiki/Bretton_Woods_system
Тоа е систем кој после Втората светска војна обезбеди огромен развој на целиот свет. Се работи за договор на независни држави да ги одржуваат курсевите на своите валути во одредени граници.
Тој е напуштен 1971 кога Никсон едноставно ја укина конвертибилноста на доларот во однос на златото и со тоа доларот стана светска резервана валута
Се започна од тој настан.
Враќање во историјата нема, но и сега треба да се најде глобално решение кое ќе им овозможи развој на сите земји
Никаков смисол нема да државите се задолжуваат кај банките наместо со своја монетарна политика, взаемна помош и соработка меѓу државите, примарна емисија и сл. да го потикнуваат својот развој
 
после дополнително печатење на пари не постои добра шанса за инфлација? барем ја економија кога учев вака ме учеа....
 
Според некои аналитичари постојат две опции. Или Германија да ја напушти еврозоната, така што еврото ќе депрецира и на должниците така ќе им се намали долгот плус ќе станат поконкурентни. Или ЕУ да се претвори во политичка унија каде сите ќе го носат товарот на долгот. Земјите да почнат да си ги усогласуваат фискалните политики, да се створи централен ЕУ буџет со автоматски фискални трансфери од побогатите во посиромашните региони (што не верувам дека е посакувано од земји како Германија). A воедно да се креира банкарска унија, да се креира фонд за намалување на долгот кој ќе ги зголеми одговорностите на земјите кредитори и должници, да се воведе единствен пазар на еврообврзници и долгот да се претвори во еврообврзници, како и земјите должници да почнат да остваруваат раст од 5% годишно.
Поверојатна е втората опција. Распад на Еврозоната не е многу веројатен. Значи некој вид на фискална унија. Да Германците не го сакаат тоа и имаат зошто да не го сакаат. Но сепак ништо не е сигурно и дека се знае сеуште. Но некако одат работите повеќе накај втората опција. ЕФСФ и сега ОТФ се всушност такви операции некој вид на монетарен или фискален трансвер од Север кон Југ.
--- надополнето: 9 септември 2012 во 16:17 ---
Јас мислам дека има
Добар пример за тоа е Bretton Woods системот:
http://en.wikipedia.org/wiki/Bretton_Woods_system
Тоа е систем кој после Втората светска војна обезбеди огромен развој на целиот свет. Се работи за договор на независни држави да ги одржуваат курсевите на своите валути во одредени граници.
Тој е напуштен 1971 кога Никсон едноставно ја укина конвертибилноста на доларот во однос на златото и со тоа доларот стана светска резервана валута
Се започна од тој настан.
Враќање во историјата нема, но и сега треба да се најде глобално решение кое ќе им овозможи развој на сите земји
Никаков смисол нема да државите се задолжуваат кај банките наместо со своја монетарна политика, взаемна помош и соработка меѓу државите, примарна емисија и сл. да го потикнуваат својот развој
Воведување на некој вид на златен стандард е на агендата на некои републиканци тие се повеќе за класичен златен стандард како што беше во 1920-30. Проблемот е што има преголема количина на пари во оптег значи мора нивната вредност да се намали а тоа е можно или ако има јака инфлација или дефлација се зависи на кое ниво ќе се фиксира цената на златото плус треба да се скратат сериозно буџетските дефицити. Проблемот е што никоја не ја знае „вистинската“ цена на златото. И едната и другата работа се многу грди и лоши тешко дека некој политичар би се одлучил на таква работа. Така да не е реална опција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom