- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
FRANKFURT — The European Central Bank on Thursday took its most ambitious step yet toward easing the euro zone crisis, throwing its unlimited financial clout behind an effort to protect Spain and Italy from financial collapse.
Mario Draghi, the president of the central bank, won nearly unanimous support from the bank’s board to buy vast amounts of government bonds, a move that would relieve investor pressure on troubled countries but also effectively spread responsibility for repaying national debts to the euro zone countries as a group.
http://www.nytimes.com/2012/09/07/b...unchanged-at-0-75-percent.html?pagewanted=all
Скандалот со ЛИБОР сега е ставен во втор план за да не се сети рајата (за оние што не слушнале за овој МЕГА cкандал, треба да прочитаат како банките ги местеле каматните стапки преку кои повлијаеле на $500 ТРИЛИОНИ). Кога сега шефот на Европската Централна Банка изјави дека таа институција неограничено ќе купува хартии од вредност од земјите во криза за да ги намали каматите на дрзавните обврзници и така да ги спаси од пропаст Шпанија и Италија (тоа сега, но впрочем да ја спаси целата ЕУ понатаму, како што ќе тонат).
Меѓутоа, со неограничено купување на обврзници, каматите не само што нема да се намалат туку долгорочно ќе растат. Значи очекувајте првобитен бран на инфлација во ЕУ, а понатаму стагфлациски удар.
Ако ЕЦБ печати пари до бесвест како што најавува, надоаѓачката инфлација ќе се обидат да ја смират со намалување на реалните примања -- кај нискиот и средниот слој од населението -- како на пример намалување на пензиите и сл., со што ќе се намалува реалната куповната моќ.
Јапонија во 2001 година започна вакво масовно печатење пари зачинето со мека монетарна политика и ниски камати. Резултат: стагфлација (стагнација + инфлација) која ја удри државата и покрај жилавоста на јапонската индустрија и технологија.
Во 2007 во САД, Федералните Резерви (ФЕД) откупија различни хартии од вредност и така со печатење пари и убризгување во системот со обидоа да поттикнат економски раст. Резултат: немаше економски раст, незапосленоста порасна, а политичката цена на социјалниот мир доста скапо ја чини Америка: се зајакнаа репресивните државни мерки (насекаде имате видео клипови како се однесуваат Америчките цајкани и разноразни државни сигурносни и даночни агенции, небаре го гледате СССР).
Сега ЕЦБ се обидува да се наметне како единствена централна емисиона банка под контрола на приватниот капитал, т.е. го повторува тоа што го направи ФЕД во Америка на почетокот на 20. век.
Во таква ситуација, ќе ги почитуваат обврските за плаќање се додека банките имаат прилив на сретства. Но кога обврските ќе го премашат приливот на пари од социјално или од системот на пензиско-здравствено осигурување, е тогаш ќе се бараат решенија преку контрола на должниците и преку прераспределба на парите (од рајата) при што нужно се намалуваат реалните примања и се зголемува степенот на сиромаштија.
Бриселската бирократија и сега има огромна потреба за вонредни извори на сретства, а таа ќе биде се поголема, за да може тој новокомпониран висок општествен слој да си го финансира сопственото луксузирање. Но со тоа притисокот во општството расте, а разликите неповратно се зглолемуваат се до избивање социјални тензии (некогаш и до влошување на меѓудржавните односи и до војни).
Така наместо да биде фактор на мир и стабилност, Еврото се повеќе станува сретство на принуда. Значи почнуваат да се оцртуваат контурите на една ЕУропска банкарска диктатура без реална контрола и ограничување на изигрување на разните интересни групи -- или на самите земји членки -- во монетарниот систем.
Ако САД може со репресивни мерки да го држи под контрола населението затоа што е унитарна држава, ЕУ/еврозоната тоа не е, туку е разгризана од внатрешни политички проблеми, без централни механизми за управување и централно законодавство и контрола.