За време на натпреварот против Фулам, врз играчот на Манчестер Јуанајтед, Вејн Руни, невнимателно стартуваше Уго Родалега, а англиските медиуми пренесоа дека раната која му ја задал Родалега на Руни, кај препоните, доколку била еден милиметар подлабока ќе ја зафатела феморалната артерија и фудбалерот веднаш ќе искрварел. „Фала му на Бога, имамв среќа, затоа што раната ако беше еден милиметар подлабока ќе ја пресечеше мојата артерија. Воопшто не ме болеше, само ја подигнав ногата и им покажав на судиите дека ми е потребен лекар. Мојот син беше на трибините и не сакав да видат како неговиот татко е носен на носилки. Сепак лекарите инститираа да легнам на носилики“- изјави Руни.