Da Vinci Learning

Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Иако во денешно време сите сме навлечени кон компјутерите и само во екстремно досадни моменти го вклучуваме телевизорот, искрено се надевам дека има некој кој ја забележал оваа програма и барем малку му го привлекла вниманието.

Значи се работи за канал кој опфаќа емисии буквално од секоја област: физика, хемија, географија, историја, астрономија, мистерии, билогија... И секако посебни емисии за деца кои мене лично ми се најинтересни.
Ова е одличен начин да го надополните она што не сте го научиле на училиште, со разлика што овде немате досадни лекции.

Еве ви и страна ако сакате да погледнете за што се работи
http://en.da-vinci-learning.com/
Навистина сакам да дискутирам со некого на оваа тема со оглед на тоа што во реалниот свет немам со кого.
 
Гледам понекогаш. Стварно даваат интересни емисии.
 
На Blizoo ја нема телевизијава изгледа :(......првпат ја сретнав вчера кај еден другар и стварно квалитетен документарец изгледав...штета што ја нема.
 
На Blizoo ја нема телевизијава изгледа :(......првпат ја сретнав вчера кај еден другар и стварно квалитетен документарец изгледав...штета што ја нема.
На Blizoo дали нешто има? Стварно слабо програми има, треба да си доплаќаш.:mad:
 
Стварно ми требаше ваквко нешто.
 
Ја има на BoomTV. Мислам дека најмногу одговара за деца до 15-16 години. Затоа повеќе ги преферирам Discovery и National Geographic. Мада многу ги тупат последно време со идиотски емисии, од типот на American Guns, Sons of Guns, Deadliest Catch и слични тупави емисии. На NGC последново време поинтересни емисии даваат...
 
ја има и на Телекабел ама на француски е или германски некогаш и нема превод..
а ако ништо не ги разбирам си гледа кога прават интересни работи :) уфф да има превод :love:
 
Да, точно е дека некои емисии се наменети претежно за помали деца, но еве на пример пред некој ден начекав цртан филм за Александар Македонски во кој цело време го нарекуваа македончето Александар и зборуваа за Македонија. Чувството е секако друго, а и на таков начин полесно ги паметиме работите и го задржуваат нашето внимание, без разлика на возраста.
Или на пример, во средно никогаш не сум сакала физика и хемија затоа што учевме само лекции, не правевме експерименти. А овде секоја втора емисија е поврзана со тоа и се чудам самата како сум научила зошто гомното од крава е здраво за плодноста на почвата, кое соединение го испушта бакарната жица кога ќе стапи во контакт со оцетна киселина и слично... а пак за емисија микросветови да не зборувам.
 
Ја гледам понекогаш има стварно добра програма иако претежно се детски Timeblazers највеќе ми се свиѓа
 
Cartoon Network,&Boomerang следно DV Learning, сепак добро е да се движи човек во некоја насока. Морнарот плови за да види што има зад хоризонтот, возачот позади секоја кривина, а тебе Mary би препорачал порасни.
 
ја има и на Телекабел ама на француски е или германски некогаш и нема превод..
а ако ништо не ги разбирам си гледа кога прават интересни работи :) уфф да има превод :love:

Во Штип на Телекабел ја има со македонски превод
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom